ќе помине и ова, и сѐ ќе си дојде на своето, верувај!! Нека поминуваат што побргу деновите и потоа, со нови сили-во нови победи. Ништо не е изгубено, следен циклус е на прагот, чека
Една црта се појави. Сепак за секој случај ќе направам пак за неколку денови. Од последниот однос нема 14 денови поминато.
Направив утринава и друг тест, имаше појака црвена втора линија. Сакам да испитам и бета, па потоа ќе направам изненадување и ќе му кажам на мм, не сакав пред време да се радува, прво да се потврди се. Ајде ви посакувам сите што побрзо да си видите 2 цртки и да се дружиме во труднички муабети.
@*Лаванда* поддршко моја најголема најголемата позитива си на форумов, само вакви луѓе се барат и тука и во живо само уште да може да ти се пише во лп и се ќе биде таман како со температурата денес, уште е висока? @MrenaRiba честитки и јас гледам цртка, пушти слика од позитивниот тест да си стоплиме душа @Erika.greeneyes фрух одма не почнува со процесирање и мене ме бунеше тоа на почетокот, го чекав и ништо не се појави, викам ајде утнав му требат добри 10-15 секунди да почне со резултати, така да негативен ти бил штом немало втора цртка. а како завршувам со држење во урината го ставам капачето и си чекам да почне без гајле се си направила како што треба, повеќе среќа следниот месец и уште повеќе позитивни тестови @Цвет88 многу ми е жал, ама не си сама, нареден месец ќе чекаме резултати во речиси исто време
Денес 5дпо, температура 36,8. @QweenSM Те гушкамм најсилно!! Малку офф топик ова со ЛП : Го поправив тоа со пораките (барем така мислам), би требало да може да ми пишете сега во лп. Ако се' уште не може, тогаш како да направам да може?
температурата да си остане вака височка во наредните 9 месеци те гушкам пиши за апдејт почесто готовооо, конечно може да ти се пишува
Јејј, супер ова со лп! Треба да недобијам на 3 декември. Уфф, се надевам на предновогодишно изненадување
Значи читам и се воодушевувам на @*Лаванда* на трпеливоста и поддршката, како што рече @QweenSM требаат вакви ликови, барем останатите да сме пола од тебе светов би бил совршен Ти праќам најголема среќа да си ги видиш двете цртки. Јас денес сум најверојатно 11дпо и до утрово тт ми е 37, ама сега некои болки ме фаќаат тук-таму во стомак, ко за добивање и башка надуен ми е и мислам дека е 5 минути пред мене. Се мислам ако не падне температура и не добијам во сабота да правам едно тестче, не би требало да е рано
@V.N. нели? значи не сум само јас која го примети тоа за неа, почесто ја фалам тука да не помисле дека сум крипи се шалам, луѓето кои се такви добри и мили како неа и те како ми паѓаат во очи! а богами на вакви чувствителни теми требат такви личности - и те како! температурата ти е супер, да си остане така направи сабајле еден фрух, таман ќе си 12дпо и кажи ни за апдејт стискам палци и те гушкам најсилно за 2 цртки, макар и да е ептен бледа - само нека ја има
Јас и сопругот кога се венчавме се договоривме да немаме одма деца да помине некој период па потоа. И месецов се решивме да почнеме да пробуваме. И јас искрено очекував одма од прв пат дека ќе биде. Како плукни залепи да е. Ама не било така.
Лејдис кај мене вака стојат работите 13 дпо ТТ 37 Малце болни гради Повремени грчеви во стомак Паника и страв од што ако бидне и што ако не бидне...цела сум збунка. Другпат ги правам тестовите ко од шала, а сега ми е страв и да купам дури.
Не е страшно, мила. Сите овде сме збунка, почнувајќи од мене. Температурата ти е супер, а кога треба да недобиеш? Знаеш дека можеш да правиш веќе Фрух тест. Но, ти одлучи си мила. Кога мислиш дека е најдобро, тогаш направи го. Кога си спремна - тогаш! Навиваме за втора линија, ајде со Господ напред! Пуштам среќа цела вреќа
Фала ти најмногу Денес планирам да купам и ќе видам дали денес или утре ќе го правам па ќе пишам што биднало