Malku ajde pozitiva. So placenje, so treskanje glava nikade ne se stignuva. Nema nie koga sakame , tuku koga treba da bide ke bide. Nase e samo da se borime i da probuvame. Plus kaj vas se e vo red opusti malku taa dusa otvori toa srce i da vidis deka se ke se sredi. Ne si pravi grc na teloto, se cuvstvuva toa i si pravis precka i kocnica veruvaj mi. Jas so PCOS so nemanje ovulacii pa ne krevam paniki, ne placam, ne velam deka ne placev, placev i toa mnogu. Ama uvidov deka so toa ama bas nisto ne se meniva tuku samo poloso si pravam i si iznajdov izduvni ventili za pomalku da mislam. Najdi si nesto sto ke ti gi trgnuva mislite. I samo napred hrabro i borbeno i ke dojdat i nasite 5 minuti mila i ke ni se nasmevne liceto, i na site sto kopneeme ovde. Pozdrav
Мила само да те утешам по секое лошо иде добро истото го минав моите две први братучетки ми се пофалија дека се бремени исто и јас бев сите три во исти месец среќа не видена но многу наскоро за жал јас имав спонтан потоа уште еден па уште еден бев целата избезумена и не правев ништо потоа си почнав со испитувања и на крај се откри проблемот сега сум бремена со инв и за уште некој месец си го чекам моето сонце, направи си ги сите испитувања ке се најде причината и после ке биде се полесно направи кариотип и на имунобилогија за мутации на гени, спермограм, спермолултура да не има некоја бактерија, ХСГ обавезно и хормони верувај дека ке се најде причината и после за се има терапија
Драги со кој залет сум тргната со планови што одма се сопнав алал да ми е ќе си закажував брисеви и пап ама еве ме со јако тровање од храна и сега колку чини воопшто овој месец на изреметен систем да гледаме и јајници и матка. Да одложам ако не...идат ладни денови па ќе се грееме со маже се разбира ако ни дозволи синко. Вие што броите како оддржавате љубовна искра? Јас сум си привлечна и орасположена два можда три пати месечно хаха со ова темпо поголеми се шансите да добијам седмица на лото.
Девојки пак јас, ден пред добивање сум и имам класични менструални болки како во секој момент да ќе пробие... не знам дали има надеж и не знам дали и овие болки се можеби симптом на рана бременост?? Последниот тест од вчера е негативен и ако не добијам утре во Вторник ќе правам одма тестче.
Девојки ве молам за совет, сепак добив но во моментот се соочувам со невидени и неподносливи болки на десниот јајник значи буквално како напади не можам да ги издржам имам чувство како да ќе пукни во секој момент. Не знам дали е за паника но до солзи сум дојдена од што е не подносливо. Ве молам за совет или доколку знаете денес во Недела некој дежурен гинеколог во Скопје за да се јавам бидејќи со болка од ваков тип прв пат се соочувам и не можам да станам од кревет. Ви благодарам
Мила јас секогаш кога добивам имам такви јаки болки не паничи, напиј се метафен барем на мене ми помагаат и шише со топла вода лежи и не станувај за пола саат најмногу треба да ти помине.
Можеш во било која болница или клиника да отидеш со такви болки, ќе те примат, има дежурни гинеколози.
Другарки прв пат пишувам на темава, но гледам дека споделувате и вакви мислења, па сакав да ве прашам едно прашање поврзано со тоа како се чувствувате кога сите блиски околу вас имаат pregnancy announcements? Особено блиски луѓе? Пред да започнам да го одам овој пат (2ра година одиме по патот на инвитро), навистина бев човек што ептен изразуваше чувство на среќа и радост кога ќе споделеа ваква вест, а сега не дека не се радувам, но сепак ми врти во главата помислата- Ќе дојде ли ден и јас вака ќе се пофалам? Особено ми е чудно што вакви вести споделуваат другарки/ роднини/ жени на другари на сопругот, а дознале дека се во 3та недела од бременоста, немаат слушнато срцева реакција, а одма кажуваат вакви вести. Чудно ми е дека според мене е премногу рано за споделување на ваква вест, дека нели не се знае што ќе биде (секако на сите им посакувам успешна бременост), но дали дека воопшто не виделе тешкотија за бременост па споделуваат одма и се сигурни дека ќе биде се во ред… Незнам дали само јас вака се чувствувам, дали е ова чувство на празнина нормална… Како да сум одсечена од нешто, што всушност треба сите да го имаме и доживееме, па милион прашања во глава- Зошто јас поминувам низ ова, зошто ми се случува мене, ќе биде ли и кај мене… итн. Ве прашувам чисто за да знам дали е нормално ова чувство или пак јас сум станала себична и неемотивна на темава…
И мене ме погодуваа вакви работи. Не дека не бев среќна за другите ама психата ми беше на нула. Затоа решив и заради мое добро да се дистанцирам од некои ситуации. Ќе честитам, ќе поразговараме не е проблем, ама имав ликови околу мене ко само околу нив да се вртеше светот се однесуваа и за друго не знаеја да зборуваат (да напоменам и дека имав спонтан во поодминати месеци во тој период). Јас сожалување не сакам, тоа уште повеќе ме нервира. Исто и не сакам да зборувам за тоа што ми се случи освен со 2,3ца ептен блиски што можам да си отворам душа со нив. Само очекував мала доза на емпатија од страна на некои а кога не ја добив јас се повлеков. Се што чувствуваш е нормално, и некоја пред тебе сигурно се чувствувала така. Стави се на прво место ти и твојата психа и твоето добробитие. Посети психолог, вежбај, читај, шетај, било што, што ќе те дигне психички. Кај мене тоа помогна, и мала дистанца од сите и се
Сме зборувале и претходно, ама сепак уште еднаш сакам да те поддржам како некој што доста поминал на оваа тема. Потполно се согласувам и го потпишувам секој збор на @Thinkerbell. За првата бременост, иако и тогаш се помачивме, некако среќата беше толку голема што ни доаѓаше да викаме на цел глас и уште во 4та - 5та недела кажавме на најблиската фамилија и другари. Не бевме свесни дека може да не снајде тоа што не снајде, а и не дека кажувањето порано или покасно имаше некаква врска.. Овој пат е друга приказна, знаат само родителите и тоа не им кажавме одма туку откако слушнавме срце и двајца мои и негови ептен блиски другар и колешка. На други решивме да не кажуваме некое време.. Мораш да разбереш дека луѓето за жал многу често се себични и емпатијата за другиот, особено кога тие имаат на што да се радуваат трае многу кратко или воопшто не постои. И јас исто на почеток се нервирав. Пишував и погоре за тоа дека во ист период кога го изгубив бебето, три другарки наскоро се породија. Мојата тага и болка како да испарија за околината. Со сите луѓе во кои не осеќав емпатија почнав да ги ладам односите, зборам за блиски луѓе. За жал во вакви ситуации, кога човек изгубил, се бори за дете и слично, сфаќаш кој вистински се грижи за тебе. Немој ни најмалку да се обвинуваш за чувствата што ги имаш, и повеќе од нормални се. Колку и да ти викам пробај ова, пробај она знам дека не е така лесно. Знам како до скоро ме болеше и уште ме боли секоја средба со бебе и трудница. Како одев на први родендени и крштевки цела година, а душата ми плачеше и нозете ми се враќаа назад. Уште потешка е борбата кога околу тебе како за инат секоја втора чека бебе, знам. Дај Боже да се раѓаат многу деца живи и здрави, ама кога чекаш тоа твојата празнина ја прави уште поголема… Биди силна како што си до сега. Селектирај го опкружувањето, ама сериозно. Дружи се со луѓе што не зборат цело време за деца, бремености и слично. Ние тоа почнавме да го практикуваме и далеку полесно ни е. Знам дека има коментари, ама искрено ми е гајле. Кога они не мислат на мојата душевна состојба и нивното влијание врз неа, јас нема да дозволам да ми ја разнишуваат. Со лесно по патот, верувам во тебе зошто знам колку си силна, упорна и сигурна сум дека наскоро ќе успеете!
И јас истото прашање си го поставував деновиве. На маж ми братот беше пред нас женет. Но, немаа деца. Кога останав трудна за прв пат се осеќав многу лошо за нив, мислев леле сега ќе им се повредат чувствата. Абортирав два пати од тогаш. Од тогаш цело семејство беа фокусирани да ми најдат чаре за моите абортуси и за да останам пак трудна. И одеднаш, пред некој ден дознавме дека неговата жена е трудна. Бев пресреќна за нејзе, стварно. Ама почнав да плачам за себеси. И тогаш веќе се загрижив дека нешто не е во ред со мене. Дека станувам лош човек. Замисли почнав да правам филмови кога ќе прави baby shower или кога ќе се породи како ќе се чувствувам јас. Значи веќе сум станата себична, мислам на себеси како јас ќе се чувствувам, што ќе кажат другите, како сите ќе ме сожалат пошо знаат низ се што сум поминала. Од дента кога дознав до денес колку и да сакам да ја сокријам тагата, мислам дека од очите ми се познава. А работата е, што вика Бела. да се оддалечиме од тие луѓе, немам како да се оддалечам пошо ни се домашни.
Bash ova istoto go minuvam cela godina Samo dushata mi znae kako So montirani cuvstva i nasmevki Ne deka ne sakam da se raduvam Ama ednostavno mi e teshko Ne sum sebichna Neznam kako da se izrazam Boli mnigu boli Posebno Ete vo vakva situacija Dodeka jas denta dobivam negativen test od ivf vecherta moram da odam na mekici I eden kup drugi takvi primeri
Ете сега кога пишувате една по една гледате ли колку не има со истото чувство? Зарем сите сме себични и лоши? Не бе девојки, кој сака нека дојде на наше место верувајте потполно исто ќе се чувствува. Моите прашалници во глава дали сум себична што тагата за моето надвладува над среќата за туѓото, многу кратко беа присутни. Потрудете се да го тргнете тоа чувство на вина, имате право да страдате и секогаш треба да ја ставите на прво место вашата состојба. Ако не можете да одите негде нема да одите, просто и едноставно. Не дозволувајте да имате уште толку тригери околу вас ве молам.
Искрено се трудам да не се нервирам, да не дозволам да се жалам и да дозволам да ме “сожалуваат” особено 4те другарки кои ми се другарки од деца а се моментално бремени, да осетат дека не се радувам со цело срце за нив, а всушност не дека не се радувам туку се нервирам за себе! За тргање од тие луѓе, па искрено и не се гледам често, но сепак ми се дел од окружување не секојдневно но имаме чести заеднички настани па и да сакам неможам да ги избегнам… И не се само они бремени, се живо околу мене е, колешки, козметичарка, познаничка итн итн. Одиме на свадби пола и повеќе од гостите чекаат бебе, абе како за инат се се врти околу тоа. Инаку не, не се откажувам, ќе одиме заедно со сопругот напред и ќе ја војуваме војната и понатаму, само еве во вакви моменти, се чувствувам дека имам се, (буквално сѐ од страна на финансии, интелектуално и кариерно подобрување сум постигнала доволно до сега, и уште барам начини да се надоградувам) но неможам да се израдувам на тие успеси дека тоа дека го немам тоа што најмногу го сакам и ми треба- да бидам родител! Се чувствувам како да сум неблагодарна за другите работи, а всушност се борам со нешто што не зависи од мене. Тоа е тоа што ми паѓа најтешко, дека ако зависеше од мене до сега ќе беше и тоа завршено и сторено. Ама ете Господ сакал да е вака како што е… Ти благодарам мила на тоа што веруваш во мене!
Еве од другата страна мислење. На сите ви посакувам што побрзо да си видите две цртки и догодина со бебе в раце. Сега кога останав бремена имаме неколку парови околу нас што роднини, што другари кои неколку години чекаат дете и сеуште немаме соопштено. Се ајде овој преглед да помини, ајде оној и си врват месеците. Баш од тоа како тие би се чувствувале. Од друга страна јас сум комплетно несигурна и само што ќе прочитам некое искуство за изгубено бебе во поодмината бременост комплетно се затворам во себе и не знам ни за моето да се радувам.
Немам проблем со бебе, бременост, ни кај блиски ни кај далечни. Знам дека кога-тогаш ќе дојде и моето. Мојот пат е таков, нивниот поинаков и тоа е. Не кријам што ми се случило само за да знаат жените што поминале низ тоа дека не се сами. Неуспешните бремености се се почести. Ќе си помуабетиме, размениме совет, мислење, решение, било што. Ама луѓе, сожалувањето колку ми сметаше, уф, ќе полудев. Периодот после втората неуспешна бременост, штом се појавев, одма монтираа тажна фаца. Сакам да зборам на оваа тема ама без да ме жалат. Од друга страна пак, една моја што се бори со неплодност (имаше една биохемиска пред две години) вториот пат кога останав трудна не ми рече ништо, ни со лесно, ни честитки, ништо ништо. Толку гадно се осетив...како нешто да сум и дужна, како нешто да сум и згрешила. Не беше таква, целата нејзина борба ја направи поинаква и не и зимам за зло, ма да не ми е сеедно. Еве на свекрва ми и е мака ако слушне дека некоја е трудна. Е не сакам такви луѓе и .
Како и сите други што ти пишаа, ќе те поддржам и јас во тоа што ти го чувствуваш. Чувствата се состојби на кои не можеме и многу да влијаеме. Да, можеме да наместеме насмевка, да изглумиме радост, но дома излегуваат на површина. Се имам осетено многу неубаво во една ситуација. Една од поширока фамилија направи неубав муабет, уште кога немавме дете и се трудевме да го добиеме. Бевме собрани на ручек, поминаа сите разговори, ајде пробав да се отворам дека маж ми наредно направи спермограм, па и таа си кажа за нејзината сестра која исто има потешкотии. И после сѐ, додаде еден крајно крајно глуп коментар, мислев отпрво дека за нас се однесува, а таа на неа мислела. Рече вака "ееее па ајде в година да трчаат овде уште деца, ако не од другиве, од нас" Ова крајново ме столчи. Таа веќе имаше уште тогаш две деца, и цело време зборуваше како не би раѓала, глупости и на оваа средба го тресна ова. Јас помислив дека е бремена и ја прашав, а таа само ми рече ммм ќе видиме. По тоа помислив дека или не знае што ѝ се случува или крие. Свекрва ми рака ѝ стегна, широко се насмеа, а мене ептен ептен ме здоболе. За 5 минути си заминавме и плачев по пат. На крај испадна дека имала хормонско некое изместување, ваљда. Значи има и бетер од тие што споделуваат уште неслушнато срце, еве како оваа што не ни знаеше што ѝ е, пред нас кои немавме дете и само пред пола сат зборувавме, го избра тој начин да го каже. Сите треба со повеќе осет и разбирање, емпатија човечка треба. Така што, знам како ти е, не се стегај што не ти доаѓа да се радуваш од срце, кога си ја имаш својата тежина засега. А знам дека ќе успееш и ќе си забремениш. Па не е во ред ни од твојата другарка или што ти е, што така се оставила без збор. Ама сепак ако ја сфатиме и неа, како ѝ се случува зошто така се однесува, има позадина. Човек не може да биде комплетно среќен за друг, ако самиот не е исполнет со тоа што го сака. За свекрва, аман! Уште пред првиот пат да забременам, кога ќе слушнеше за некоја трудна, одма мене ме погледнуваше. Леле аман тие погледите, ко ужалени. Аман жено. И друго. Кога има кажавме првиот пат дека сум бремена, тоа беше одма после тестот, стана жена ме изгушка, се израдува ептен. Убаво ми дојде. Човечки. Ете вонматерично и го изгубив тогаш. Вториот пат кога кажавме дека сум бремена, тогаш веќе поучена од траумата, кажав околу 14та недела, си остана да седи на кауч рече као демек нешто осетиле дека има и додаде "јас сакам женско" и тогаш како ме изнервира ко јас на желботека да сум. Ама едно фаце мислиш пред дедо мраз стои и липа. Јас тогаш кажав на сите кога веќе бев 4ти месец. И сега во оваа бременост кажав така, и на мајка ми и на сестра ми. Едноставно како што рече @Miss_S не можам крајно да се израдувам и опуштам. Сѐ уште не ми се кажува ептен. На некои им изгледа глупо и чудно, јас си знам како се осеќам и зошто така постапувам. Не мора да ме разберат, ама затоа се оддалечувам.
По сопствена волја и од лични причини со сопругот еден период после веридбата не се ни обидувавме. Од золвата тогаш бремена добивавме коментари како неа и е жал што брат и нема дете. Од свекрвата коментари да не имаме некој проблем, ако треба да оди таа со нас по доктори. И за првата бременост која испадна биохемиска и до ден денес не знаат дека беше така, баш од коментари и сожалување. И овој пат некаде околу 8-9ма почнавме со кажување само на најблиските. И тука застанавме. Освен нели кај мене на работа што знаат со цел да се прераспредели работата навремено.
Коментари глупави има 10001 особено од тие што слушнале а недослушнале дека го одиме овој пат ( мал град сме, и кај нас за повеќето се зборува иако може 90% да не е точно) и тие на тие таквите не сум се објаснувала а и немам намера. Меѓутоа ме нервираат блиски па и роднини што знаат низ што поминуваме, а немаат осет и само споделуваат како останале бремени, дека од прв пат кај нив се се случува, и на контрола што им рекле, како, зошто итн. Но тоа е тоа… се надевам дека еден ден и јас ќе можам да споделам среќна вест.