@Homme дали следеше овулација некако и дали знаеш кога ти беше овулација? Со оваа бета за 2 дена ќе можеш да одиш на ехо, бетата ќе си биде над 2000 тогаш и ќе се гледа на ехо.
Уживајте еден со друг нека ви биде предизвик да си направите нешто посебно и ново. Како за почеток немора да броите денови.
Здраво на сите членки. Неколку месеци се обидуваме со сопругот ( втора бременост). до вчера ми беа плодни денови, и имавме односи четири дена со ред.пред нецели два часа добив болки во јајници и половина исто како пред добивање ) и сега на бришење во тоалет бледо розова боја . ми страв пак да проверам. Некои искуства? што може тоа да значи?
Немој воопшто да мислиш дека е мала мене на ден на добивање бетата ми беше 754 и носам близнаци, направи уште една бета за 48 часа види како се дуплира.
Ќе направам обавезно, четврток ако не работат авицена во петок обавезно сум таму… Јас го гледам резултатот и дека моите вредности се ставени во 4-5 недела а таму референтните вредности се повисоки, за тоа де бунам…
Треба да работат и во четврток јави се прашај за сигурно. Не се оптеретувај биохемиска не е , моларна не ја мисли и не читај, мисли на тоа дека е порано зачнато или дека се близнаци. Едит: Резултатите ти се ставени на средина не дека одговараат на 4/5недела.
Знам, али Авицена работат и за државни и верски празници мислам затоа и пишав да се јави да прашам за сигурно. Среќен роденден уште од сега
@Homme стварно е височка бетава за 28ми ден ама не се плаши, не мора одма сценарија да си правиш. Може се две, ќе си ги родиш живи и здрави Кога имав моларна, на 13 ден по овулација бетата ми беше 138 и никаков знак за моларна ни на ехо. Тек 6та недела..
Овулаторно крварење, со оглед на тоа дека имаш и болки веројатно или си овулирала или е во тек или наскоро ќе имаш овулација. Таман сте ги погодиле деновите.
Не можам да ви објаснам колку сум исплашена и загрижена… Овулацијата сигурно ми беше 12/13ти ден од циклус… Одма мислите ми одат на лошо…
@Homme мораш малку да се смириш. Добиваш позитивен тест, убава бета, издиши малку, израдувај се. Малку позитивна енергија
Смири се и диши. Ако толку ти е страв оди одма на лекар и разговарај, може нема ништо да видите ама ќе разговарате, ќе те посоветува и ќе ти олесни за да се смириш
сеуште трае крварењето т.е само на бришење веќе неколу часа од кои еднаш беше интензивно црвено сега пак бледо....се надевам ќе биде позитивно на крај.....дали да продолжам со односи?
Знае некогаш и по 2-3 дена да трае. Можеби тек ќе настапи овулација и ако е занемарлив исцедок секако продолжете, иако може и да паузирате по ден-два.
Многу ви фала на советите и на поддршката… вие да не сте во овие моменти уште потешко би било. Пошто сум неписмена во овој дел, дега тел допрва учам, кажете ми како да сметам која недела сум. Неколку калкулатори на нет ми дадоа различно. Прв ден од последна менс ми беше 10.08
Pregnancy, Pregnancy+, What to expect се добри апликации, можеш да ги симнеш. Според датумов си 3+6 мислам ама апликацииве ќе ти покажат точно според последна менструација и должина на циклус.