Ааа како не може за толку брзо. Баш напротив. Викаат дека после киретажа има поголеми шанси затоа што матката е "обновена". Нели и намерно прават гребење на ендометриумот пред трансвер или инсеминација. Со Господ напред, кога ќе треба, ќе биде
Девојки вчера бев на преглед редовен, правев брисеви и пап а во склоп со тоа уловивме и овулација не постара од 12 саата. Бевме вредни и сега чекаме
STUPID QUESTION ALERT Девојки, Правев инсеминација на 14.09. Неколку дена после инсеминацијата осетив болка од десна страна и болката продолжи и во наредните денови само што сега е тапа болка, како да ми тежи нешто. Првите денови мислев дека е од стоп инекцијата, меѓутоа сега веќе најверојатно е поминато дејството на инекцијата, пошо другите симптоми (од инекцијата) ги немам толку изразени, а болката сеуште ја имам. Ако може некој што има искуство со ваква тапа болка од една страна да каже искуство Од тоа што го читав досега почнав да се сомневам за циста ама ниту еден доктор до сега ми нема спомнато дека имам некоја циста. Дали е можно е од стоп инекцијата да ми се појават цисти?
Јас во август правев инсеминација и по инекцијата имав таква болка кај што ми беше фоликулот на таа страна и по инсеминација си продолжи болката пак,незнам од што е тоа ама кај мене излезе дека сум бремена,дај Боже и кај тебе да е така Иначе мислам дека неможе од стоп инекцијата да се направи циста зошто таа се дава за да пукне фоликулот со сигурност.
Душо јас некако не се надевам на бременост пошо докторот ми кажа дека доминантен фоликул имам на левиот јајник и затоа не сфаќам зашто имам болка од десна страна.
Чул те Господ Чудно ми е што болката не е како бодеж или пецкање на јајници, туку е константна. Особено кога кашлам или кивам или кога одам во вц ја осеќам таа тапа болка, како да ми тежи нешто од таа страна и затоа прво нешто што ми текна е дека имам некоја циста. Дали твојата болка била таква?
Да баш таква ми беше и дури некогаш ко ке седнев ке ме заболеше. Ајде уште малку и ке треба да правиш тест. Нека биде позитивен
Се сеќавам дека уште на почеток кога ја направив инсеминацијата и барав мислење за некои симтоми, ти споделуваше дека си имала исти симптоми, и денес исто. Сега остана да се надеваме дека и резултатот ќе ни биде ист
Da si zdrava i ziva borbata si prodolzva ... gospod ke si ja naredi rabotata i op sleden mesec dve crtki ... te sakame site bidi hrabra
Девојки јас да си прашам нешто, од вчера (9 дена пред циклус), почнаа да ме болат градите. Неколку дена пред тоа, имав остра болка во јајниците на моменти (највеќе на лева страна). Овулација ми беше пред една недела (не потврдено со тестови), а бевме вредни. Дали е можно толку рано да се јават симптоми? Или големи се шансите да ми е ПМС (иако рано е некако, обично неколку дена пред добивање ми се појавуваат)?
7дпо дами и со еден апдејт сабајле кога станав многу ме болеа јајниците и осеќам дека малку градите ме наболнуваат , градите исто така ме болеа минатиот пат месецот кога забременив и да знаете дека се прерадував , добро овој пат не осеќам дека ме болат така како тогаш ама никогаш ништо не се знае и една бременост од друга скоро никогаш не е иста , ајде се надевам дека нема да ми биди радувањето за џабе, ќе ви кажам за 1 неделаааа ! @Luminary можно е мила, имаш право да се радуваш секогаш кога сте биле вредни пишав погоре дека минатиот пат месецот кога останав бремена прв најран симптом ми беа градите, почнаа да ме болат 7 дена пред циклус, па се надевам дека ќе биди истиот случај и кај тебе.
Ти благодарам Квин, пуштам среќа да не израдуваш со добри вести! Во ист ден ни била овулацијата веројатно, и јас за 7-8 дена треба да (не)добијам
Значи исто време треба да (не)добиеме мила Ајде се надевам дека ќе блеснат нашите 2 цртки во исто време !