Јас обично добивав на 26,27,28 дена. Последниот однос од кога се зачна ни беше на 11ти ден од циклус. Броејќи од тогаш (последноот однос) направив тест на 10ти ден, со прва утринска тест лабоквик и се појави мнооогу бледа втора линија. Беше рано за правење тест ама сакав да сум во тек поради биохемиската што ја имав претходно. Пробај со прва утринска, или веќе проба денес?
Eve i jas ke se prijavam.Vo vtornik,sreda isto taka treba da ne dobijam.Simptomi momentalno kako da dobijam vo sekoj moment haha mislam nema da ima nisto,no ajde ke cekame
Јас тек во недела, ама веќе ги чувствувам градиве како да ме болат, и малку опсесивни мисли, посебно емотивна сум...ми мириса на пмс
Девојки здраво, ве читам долго време но не сум имала храброст да пишам, се оставав за ајде наредниот месец, но овој месец ке ве дружам и јас. денес сум 9 или 10 дпо но од пуста желба неможев да издржам направив сабајлево тест, и сега којзнае што е ова на сликава, мене ми се гледа како линија некоја пребледа а може и да не е па би сакала да слушнам ваше мислење. ви посакувам убав ден и две црти на сите што чекаме
Со оглед дека е многу рано на црткава има големи шанси да се радуваш.Стискаме палци за неколку дена да се потврди со посилна цртичка и да си потврдиш бременост
Мене ми изгледа како линија. Само да те прашам по колку време се појави линијата? Затоа што на секој тест има насоки за колку време да се чита и по колку време е невалиден. Ама за секој случај направи си уште еден тест утре наутро, па се надевам утре ќе честитаме
Линија има, ако не е од интернет тестот може да го сметаш за веродостоен. Повтори вечер или утре пак, линијата ќе биде потемна. Среќно!
Линијата се појави додека сеуште не беше исушен тестот но не се познаваше на телефон па чекав да се позасуши, а инаку овој тест резултатите доколку не се појават во рок од 10 мин потоа е невалиден. Овие се купени од I- HERB и досега ваква линија не се направила зборувам за втората но не се знае ... сепак ви благодарам многу, утре сабајле ќе правам пак тест па ќе ве апдејтирам и искрено се надевам сите ќе се израдуваме што поскоро
Јас имав тестови од IHerb и никогаш не ме излажале. Додека ги имав, а не бев бремена, никогаш не ми дале лажна цртка, така што можеш и тоа како да се надеваш на убави две цртки за некој ден
оо душо ти благодарам на трошката надеж после овие две години некако со страв ги правам, секој месец но се тешам имам време 25 години сум, но желбата е таа.
Девојки сакам да прашам каков е исцедокот како ран симптом на бременост, во однос на боја, густина...
Девојки, добро утро јас од рано сабајле да дадам апдејт, лабоквик неможев да најдам.. но направив сабајлево нов од тие што ги имав, незнам што да мислам некако потемна е но за нијанса незнам искрено, што ќе кажете вие