Женски, ако правела некоја од вас инсеминација, да ми помогне.. Правев пред 7 дена инсеминација, истиот ден ми беше и овулацијата. Од завчера имам исцедок некој водлест, не е обилен ама несвојствен за мене после овулација. Матичната ми е прва смена, а јас после 5 се враќам од работа. Се плашам некоја инфекција да не е, или нешто поврзано со инсеминацијата
Да не ставаш вагинално Утрогестан? Обично го даваат после инсеминација, а од него знае да се зголеми количеството на секрет.
Не ставам утрогестан, всушност ништо не користам, освен профертил за жени, кој треба да го пијам до позитивен тест. Исклучувам бременост, зашто ми се појави 5 дена после иуи/овулација. Немаше шанса да е имплантирано уште тогаш.
Да ве поздравам сите и да ви посакам позитивни тестови во темава како лани што имаше овој период. Дедо Мраз сите да ве израдува и да бидете најубави трудници со стомак до заби во август!
Тестот е лабоквик и мислам дека е еден од најсензитивните, а овулација не знам кога имам, не се водам според апликација бидејќи циклусот не ми е на 28 дена.
Па реално, недела дена пред циклус е многу рано. Мене лабоквик на 4 дена пред циклус ми покажа, ама имав 11 дена од овулација поминато
Mene mi pokaza 4 dena pred dobivanje. A za edna nedela pred dobivanje mislam deka e mnogu rano, deka nema sansi da pokaze tocno. Ti pravese pa prasuvas?
Почнуваат моите 2 weeks wait.. односи секој 2 ден, фертимилин 2×2 на ден и позитивна мисла! Некоја ме дружи во чекањево?
Направив, излезе негативен. Потсвесно знаев дека ќе биде негативен бидејќи е рано амасе надеваме секогаш. Повеќе го направив зошто веќе 5,6 дена имам менструални болки, како некои бодежи во јајници, за 6 дена треба да ми дојде и некако рано ми се видоа болкиве.
Мили, како сте ми, до каде сте? Јас ич не ве пратев овој месец, ама мислам дека ја знаете причината поради тоа. Сакам само побрзо да помине овој месец и да почнам пак со нови сили . Месецов ич не бевме редовни, и тие моменти кога бевме, видов според апликацијата веќе ми поминале плодните денови, т.е кога видов овулација ми била пред 1 ден. Сега нормално тоа секогаш не е точно, ама ајде пак ќе се надевам, можи и ќе бидне Ден за (не)добивање ми е 29ти месецов, 7дпо најверојатно денес, па се надевам Новата година ќе ја почнам најубаво @Freckles. фала ти мила за напишаното, не си свесна како ми требаше да видам поддршка од членка која исто така беше тука во темава пред најубавата бебушка фала тииии! @Ivana2111 јас те дружам милааа, ајде да си ги видиме најубавите 2 цртки.
Иста сум и јас, не можам да дочекам до датумов за (не)добивање Во еден момент си викам ќе биде, а во друг момент не верувам и така уште 5 дена останаа
@QweenSM Ќе дојде и твоето бебе што ќе те избере да си му мајка и со ваква позитива да го бодриш да учи и истражува Може пишував за мене. Последен циклус лани во ноември така убаво се исплакав кога добив. И после решив да паузирам, да не де оптеретувам психички. Си почнав проект средување по дома. Бирав гарнитура друга, менував завеси, ми текнува само што завршивме со 'гушкање' со маж ми, му ѕвони каргото флекерите да се спушти да ги земе. Па набрзина се облекуваше. Муабетот ми беше дајте си одмор од обиди за зачнување, амс не прекинувајте со интимноста. Скроз сум убедена дека психата е клучна тука , кога се друго е во ред. Опуштете се за време на празниците, преубав период е и бебушите ќе си дојдат.
Здраво девојки ве читав цело време и конечно се решив да пишам и јас Втор месец одкако имаме обиди, денес ми е 10дпо незнам дали е рано да правам тест? Или да почекам да ми доцни?