Fala ti edvaj ke cekam da pominat uste ovie 6 denaza da go videme rezultatot se nadevame na sestricka
Еве ме и мене заедно со случувањата од денес: - 11 дпо - температура 37,0 - правен тест со прва урина = негативен - болки во половината - мноогу осетливи гради - грчеви во долен стомак одвреме-навреме - многу замор, ме тера само на лежење. А, наспана сум и плус по природа сум ептен енергичен човек. Тест нема да се прави сѐ додека не ми доцни (секако де, ако издржам)....... Оти се наоружав со тестови - да не ме мислите. Небаре ќе затворат аптеките. (((( 6 купив )))) Туку, оставете ме мене. Па, ние сме имале нова мама!! @Erika.greeneyes Мила, од срце ти честитам и ти посакувам со лесно да си износиш до крај! Дај Боже сите да видиме вакви убави жар цртки како твоиве. Тестот зрачи од што е толку позитивен!! . . . . . Што ми е убава темавааа, позитивниве паѓаат како снегулки новогодишни! Пу, пу машала!! Не застанувајте додека не направиме гоолем снешко од снегулкиве! Па, после кокичиња да никнат (од под снегот, де) Ве гушкам поддршко моја, и да знаете дека не изгубив надеж. Се разочарав, да, ама кратко траеше. Си велам сѐ уште е рано, вие што мислите?
Значи @*Лаванда* на исто сме, со исти симптоми и со недобиено Мора да не биде уффф Инаку јас упорно во еурофарм барам од тоа најефтините тестови да купам и се немаат, а во друга аптека не барам...така си ги терам деновиве некако си се лажам
Ајде нека нѐ биде!! А, јас па...Само Зегин, Зегин, Зегин. Понастрана не знам. Ама, па сѐ имаат и секогаш наоѓам тоа што ми треба. Треба да ми дадат некоја картичка за попуст како редовен муштерија, а и за рекламата овде што им ја правам. Ехх
Најпрво ти благодарам за честитките и топлите зборови. Ми значат премногу. Од оваа тема на форумов добивам поддршка,храброст,емпатија едноставно правите да се чувствувам подобро. Инаку не се разочарувај. Биди со голема самодоверба. Јас правев тест после еден ден од датата за добивање беше негативен. Но не знам зошто бев убедена дека сум бремена иако немав посебни симптоми, си велев рано е да покаже за неколку денови пск тест и така и бидна. Со среќа на сите побрзо поубави цртки од моите
Хахаха @Erika.greeneyes јас не само што сум убедена дека сум бремена и после негативниот тест, туку убедена сум и дека ќе биде девојче
Си ветив дека сѐ додека не добијам, нема да се разочарам. А, дотогаш - сѐ уште сме во игра! Добра сум, се држам. Тестот беше сабајле и помина. Потоа продолжив со обврските и денот. Еве сега и вечерта си врви како ништо да не се случило.Нека излезе на добро
@Erika.greeneyes честитки и со лесно Со таа бета можеш другата недела и на гинеколог да одиш. Ајде декември поплоден да е за сите
Не губи надеж, и кај мене беше така некако, фрух правев порано негативен, потоа be safe два дена пред циклус имав две цртки
be safe дава најточни резултати.. два пати кај мене повеќе од една недела порано покажувал бледа цртка а другите негативни биле
@theTulipsLover @Bebetoo Знам, рано е. Имам надеж Инаку, досега не сум го користела Be safe. Ме интересира дали работи со капнување на неколку капки урина или со макнување на тестот во чашката со урина? Ахх, ќе ми направите пак до аптека да одамммм *
Си има со него сад за урина. Еве еден совет првиот го држев 3 секунди како што пишува во упатство и ништо од резултат (недоволно урина) следниот го држев 5 секунди и за 3мин. имав позитивен резултат.
Ти благодарам на искрениот совет. Обожавам вакви одговори. Кратко и јасно. Да знае што да прави човек. Оти тие тестовите обавезно треба да се прават според упатството и никако поинаку, но некогаш добро е да се слушне и искуството лично од самите корисници. А, за додатната возбуда додека се прави тестот и да не пишувам подобро.......