Немој да се разочаруваш пред време мила, сѐ додека тетката не дошла има надеж! Но и да не бидне овој месец, секогаш има следен, заедно сме посилни знаете
Знам, у право си. Еден ден ќе се радуваме и ние, во тоа сум сигурна П.С мене уште не ми дојде, не веруам дека е доцна овулација ( се мислим дали да напраем уште еден тест за сигурно ) Можда е пак некоја цистичка, а не можем на лекар да идем сега ( ради системска грешка тука) па ќе морам да чекам до мај за лекар
Мене ми се плодните денови денес или утре според календарот утре а вчера вечерта имав исцедок како белка од јајце, вчера бевме вредни па се надевам овај месец ќе има нешто
Јас еднаш само имав и ќе имам односи овој месец таква ситуација ама баш тогаш имав исцедок се надевам овулација сме погодиле. Имам уште 7 дена до добивање па ќе видиме дали ќе има убава вест таман за Велигден.
Девојчиња, вчера ви кажав дека добив ама цел ден беше ептен слаба и светла крв, а денеска е веќе онаа силна црвена боја и ептен проби. Денеска да го сметам како прв ден така? btw, ќе се дружиме пак овој месец, ајде ќе биде сега, па здравје Јануари најубав ќе ни биди
Прв ден денес, кога е обилно крварење бар така сум читала. Ќе биде убав месец Јануари празник плус за нас. Јас чекам да пројде петок да пробие и да бројам пак денови, нова надеж
Не губи надеж мила, сепак многу рано си го направила тестот, па утре може ќе се изненадиш Ти посакувам многу среќа, но и да не биде, знаеш дека секогаш има следен пат и еден ден мора да биде кај сите нас ! Мила моја, ме израдува многу твојот пост !! Те гушкам најсилно, фала ти што сепак одвои време да ни дадеш поддршка тука во темава!
Дури денеска сабајлето ептен гледам пробило, затоа ја рачунам денеска прв ден мила Фала ти на одговорот , и јас така знам за после 17ч, ама да се осигурам
Еве последно и јас така добив накај 15ч и онака непробиено како розево имав и веќе наредниот ден проби,бев кај матичниот ми кажа да рачунам втор ден.
Здраво,имам кафеав исцедок а треба да добијам за 10дена во меѓувреме неколку месеци се бориме за позитивен тест дали исцедокот има нешто врска со тоа или?
Оо мила си игра со мене денов денес во кратки цртки на 2 3 пати по една точка црвенкасто па еве веќе 8ч нема ништо освен константно чувство за добивање (не направив тест зошто мислев дека добив) па ќе правам сабајле ако не пробие во сон Срцето ми е во пети
Фала ти Ќе пишам одма сабајле само премногу се плашам зошто пиев антибиотик 2 дена (а и температурата 2ч) да не направи беља ама ајде чекор по чекор