12 dpo никакви симптоми ниту на добивање ниту на бременост. Пијам дабростон 2х1. Претходната инсеминација ставав утрогестан вагинално и покрај тоа добив на 28ми ден. Месецов ќе видиме, ситноооо бројааам Некоја без никакви симптоми да била бремена да ми влее малку надеж?
So negativen test na 14 den od inseminacija sega trudna 7 nedeli. Prepostavuvam me imas citano. Ne gubi nadez dur ne vidis krv.
Денес утре треба да не добијам, неќна вечерта ме разбуди болка во стомак ама ми помина, еве од пред 1 час некаде осеќам болка во стомакот ваљда ќе добијам......
Женски здраво...ве читам и ме интересира од каде т.е според вас од каде се најточни тестовите за овулација... уште тоа ми остана да го пробам со мојава нередовна менструација сите хормони испитани по два пати...спермограм направен... се е чисто како што треба да биде ...докторката ми вика епа таква менструација ти е наследна (мајка ми имала таква) во понеделник идам на Hsg уште тоа да го тргнам од мисли.. и после идам на варјанта тест за овулација да видам дали така ќе се фати ...
Јас на Oview земав и си фатив овулација. и останав 2 пати бремена иако со редовен циклус бев 2 пати различно ми беше овулацијата
а од каде ги зимаш ... ииииии после колку време од прв ден на циклус се прави...или си има упатство во натре... тек сега прочитав дека вакво нешто постои
Има упатство си пишува на колку денови и е циклус и од кога да правиш тестови, но најубаво од 9ти ден тестирај па ќе видиш. Иначе од зегин ги земав 5 се внатре 360 денари мислам беа. И најбитно се прават после 10 часот мислам наутро и да не пиеш премногу течности барем 2 саати пред тестирање.
Фала ти премногу... Сега ги зимам одма и секој ден ги правам да видиме што ќе каже тестот... Во некој филм влегов бидејќи имав страшно лоша година позади мене ми почина родителот и сега мислам од стрес немам овулација мора со тестовиве да работам на случајот дента одма и веднаш... Па ако нејќе милум идеме силум
@Joanna28 како си денес? Знам ист датум имавме за недобивање. Сеуште иам благи грчеви во стомакот и крстот а немам добиено , но направив сега тест лабоквик негативен, понегативен неможеше да биде хаха
Жими се и јас те помислив. Јас чекам резултати од бета хаос сум. Немам никакви симптоми, грчеви некои повеќе од стрес. Немам добиено ама сум на прогестерон, очекувано е да доцни. Планираш да повториш тест?
Јас нарачав од алиекспрес, 20 теста беа околу 4 долари. Мали хартиени се, ништо посебно, ама точни се, со нив останав бремена од прва.