Cestitki majce ubavi dve crticki lesna bremenost da si imas pa se nadevame site ke se citame pak vo drugata grupa.
Честитки! Јас кренав раце од мене, сега не знаеш колку надеж ми даде Тука некаде сме со овулации, каснење... Имав негативен тест ми се чини завчера, а градите уште тежат, друго скоро ништо, јајниците повремено ама ништо посебно. Единствено што уште ми дава надеж се напливите на топлина, истото го осеќав во првата бременост. Инаку, не знам што се случи ама сите наеднаш со позитивни тестови, што убаво. На сите да ви донесе дедо Мраз тоа што си посакувате, мене ќерка
Не губи надеж, ќе видиш ќе биде. И јас имам едно поголемко што е освен сестричка друго не прифаќа само живи и здрави да ни се тоа е најбитно. Инаку мене матичната ептен ме фрли во даун ко бев пред месец и пол, дури ми даде и хормони да проверувам пак, демек после вакцина веројатно се изместени штом и циклусот е хаос, ама ништо од тоа истече упатот дојдоа II
Жени, 7дпо.само шо станав идев по тоалет. Ме пресече кај јајници, не мозев да се исправам, ме боде ме буцка. Не знам дали е можно имплантација. 10 минути веке ама уште малце ме наболува. Ништо друго не ми е.
Истото ми се случи и мене некаде 6-7 дпо. Сега сум 9 дпо и освен повремени тапи болки во десниот јајник и во предел на матка немам никакви други симптоми. Да се надеваме овој месец на 2 цртки
И јас сум 7 или 8 дпо, не сум сигурна, зашто не приметив никаква болка за време на овулација. Моментално немам никакви промени, ниту нешто осеќам, така да не се надевам дека наредна недела ќе иам 2 цртки. Ама ова твоево со боцкање ми личи на нешто многу убаво!
Јас повеќе се исплашив, читав на интернет, иплантсвиските болки не би требало да се толку силни.. @Freckles. @jelo тука некаде сме, и јас точно не знам ама отприлика тие денови, ај за 10 дена 2 цртки да иаме
@V.N. Каква бледичка, мила?!?! Па, ова е ептен убава и прецизна линија! И да, тестот блика од позитивност!! Честитки мила, имај си лесна и школска бременост, со лесно до крај!! Не знаеш колку се израдував!! @QweenSM ОК, запишано. Значи, при крај на месецов, т.е пред прагот на Новата Година да ја чекаме Кралицава со позитивно тестче. Нема проблем! Едвај чекам да ги видиш најпозитивните две линии на свет! Па, после да прикачиш овде една фотографија и сите да паднеме директно на Г*З!! Те гушкаммм @Thinkerbell. Мила, поверодостојни ти се тестовите за овулација. Ги има во Зегин, а има и посебна тема за Базална температура и за Тестови за овулација. Исчитај ја, има доста што да се научи оттаму. Имаме и тука пишувано нешто, ама таму е подобро објаснето. Ајде дај Боже и да не ти требааат, оти може биднало овој месецТи посакувам побрзо до две цртки Спојлер: јас некни: 12 дпо - температура 37,0 - отечени гради - болка во половината - кремаст исцедок (секогаш е суво или има ептеен нешто малце исцедоче, овојпат не беше така) - грчеви одвреме навреме во стомак - блага поспаност вчера: 13 дпо - температура 37,0 - отечени гради - замор (имав попладневна дремка, а никогаш не преспивам) - исцедок како белка од јајце, како мрсул (извинете, ама тоа е најблиското објаснување), невообичаено, т.е првпат во живот ова ми се случува пред да добијам - болки во половината - грчеви во стомак, ептен благи, но присутни - главоболка, не толку јака - вечерта кафеав исцедок и готово, си реков тоа е тоа - постојано чувство дека сум бремена - пред да си легнам синоќа, проверив уште еднаш имаше розевка боја, личеше на свежа крв ама се обидов да игнорирам денес: 14 дпо т.е. прв ден од нареден циклус - ДОБИВ - температура 36,9. - сите симптоми како кога сум добила. *Таман си реков утре сабајле ќе правам тест, кога гледам - трцц!! Ме претекнала вештерката! И опцув све по список, се изнаплакав, се разочарав, уште сум под блага очајност, повеќе би рекла - се чувстувам изневерено и предадено. Па, нели до вчера сѐ беше океј!?!? Нели температура 37!! Нели белка од јајце!! И зошто она чувство дека сум веќе, дека уште тестот да го направам и тоа е тоа, да ми се потврди демек!!!??! Уффф, извинете многу на негативава, не и обраќајте многу внимание. Намерно го ставив во спојлер, оти на толку позитива не го личи ова моево да стои. И после вака што с прелажав самата себе, не заслужува ова цело посебна објава и затоа нека седи вака скриено во спојлеров. Ептен сум разочарана, не убаво се чувтсвувам. Ми треба време да се приберам и да се вратам во нормала. Ќе потрае ова ден- два, знам. Ама затоа после ќе се вратиме појаки него икад!! Добредојде на новите дами во групава, ве гушкам сите до една, ви посакувам топло добредојде и што побрзо да си ги видите вашите две најубави новогодишни цртки - снегулки!!! Прашувајте што и да ве интересира, вметнувајте се слободно во секој разговор и знајте дека ја имате најголемата поддршка од сите тука нас Ве гушкамммм
@*Лаванда* ти благодарам, ајде за скоро време те чекаме и тебе и сите заедно да си се радуваме на големите мешиња
до најголемата позитива на свет @*Лаванда* немој да си разочарана, еден ден сите ќе станеме мајки и пак заедно сите ќе пишеме во убавите теми. нема потреба да го ставаш тоа во спојлер, тука не сме само за убави работи, макар би сакала само убави работи да пишеме ама за жал реалноста е друга . тука сме да се поддршуваме една со друга и во нашите падови и во нашите посакувани 2 црти, нема врска какво мислење ќе напишете, јас ќе ве поддржам, а верувам дека и останатите девојки го делат истото мислење со мене бог луѓето како тебе не ги заборава, само ете сега не е тој вистинскиот момент, ама ти кажав, можеби чека заедно да се израдуваме за две црти, ако не заедно, приближно м?! дами што сте дпо, чекам за брзо позитивни тестови од вас, да ја накитите темата што е можно повеќе со позитивни тестови, а знам дека ќе има за брзо, верувам во тоа!! ве гушкам сите до една и уште еднаш честитки до новите мамии тестовите ви ги гледам цело време, многу ми се убави
@*Лаванда* Ќе биде кај сите, само силни мора да сме. На секој му се дава да издржи онолку колку што може. Падни стани работава ама не се откажуваме. Ти праќам цела позитива и енергија да биде нареден месец и да се израдуваш. И за сите останати исто, што повеќе предновогодишно зачнати бебиња
@*Лаванда* мила, гушка најсилна и само убава енергија ти праќам. Многу навивам за тебе и знам дека ќе стигнеш до целта наречена две цртички. Знаеш како викаат, кога нешто силно посакуваш цел универзум ќе се насочи за да ти се исполни желбата. Честитки до сите идни мамички, со лесно нека ви се бременостите со здрави, умни бебушки и само насмевки да имате на лице
Темава ја исчитав од почеток до крај и е предобра после неуспешна бременост оваа пролет, даваме шанса сега повторно. Дата на последен циклус 11.11. Очекувана дата 10.12. Добивам на 30 дена. Симптоми: гради преосетливи, тупа болка во јајници, но слични се со ПМС. Овулација осетив минатиот викенд, без мерење температура и слично, како за прв обид овој пат идам вака Одбројувам...