Мислам дека нема простор за грижи. Чим си пиела Примолут Нор и не сте пробувале,бремена не си,така да биохемиска не е.Секретот знае да биде таков за време на плодни. Некогаш премногу си го анализираме телото и си ствараме дополнителен стрес.Јас цел јануари крварев т.е два пати имав менструација и тоа баш крварење,се извадив од памет,матичната ме виде на ехо се е супер,вика можно е да е хормонално. Сега скоро испитував хормони,супер беа. Си го наслушнуваме телото и паничиме. И да свршил во тебе,да ј Биже да се фати. Ние мислиме темпирани сме,овој месец не,другиот да биде.Ќе биде кога треба да биде. Жени сме,хормони де у прашање,не сме исти преку целиот месец,промени се во прашање,организам е во прашање. Си имача биохемиска,два месеца не си добила,плус си почнала со контрацептив. Ако ти е шубе оди во понеделник нека те види,чисто да смириш глава.
Примолут нор пиев јуни од 6ти ддо 16ти и прелинав на 18јуни добив и сега на 28ми бев на контрола рече супер е се и затоа викам да небидам напорна. Чим рече дека се е во ред да добијам и овој месец сама без хормонска терапија за добивање и да почнеме со обиди, а дај боже да се фати од ова вчера што се занесовме и биде се во ред фала ти на мислење се посмирив малку мене паметот на најлошо ми појде ..
Идни мами, како сте мииии? Не сум пишала одамна. Не дека не сакам да пишувам туку немам нешто позитивно да кажам. Циклус ден 9, овулација пишува за околу 1 недела, ден за (не)добивање 31 Јули. Многу далеку ми се гледа, секој месец иста прича. Амаааа, овој месец како што сме тргнати редовни охооо, ајде се надевам ќе го погодиме моментот, пошо некако лабави бевме предходните месеци Не дека има нешто врска тоа, кога сака да биде ќе биде ама колку си поредовен, толку поголеми шанси за бременост, нели? Веќе уште како нема да си го излажам мозокот Ајде ќе дојде и нашето време, само чекањето убиваа.
Женчиња јас пред некој ден до некаде на кратко објаснив што ми се случи сега и јас ви се придружувам во овие исчекувања со последниот однос што се занесовме и заборавивме а требаше по препорака на матичната со ободи после овој циклус но господ е голем и дајбоже да недојде а да видиме || цртки само овој пат успешно до крај !! Ајде ова лето да го завршиме сите со позитивни тестчиња
Денеска ми е денот за недобивање, но имав касна овулација на 02. 07. Утрово правев тест, линија имаше ко да немаше, не знам. Да направам денеска уште еден тест,(може ли со дневна урина) или да почекам два три дена? Ако е доцна овулација, тогаш после 14 дена треба да се тестирам, така? Гинеколог во моментов не ми е опција, живеам во место кај што без термин не влагаш, а термин зкаажуваат за месец дена.
На гинеколог и да отидеш нема што да направи, мн е рано. Можеш преку крв на приватно да испиташ или евентуално почекај утре со утринска или во сабота сабајле.
Ако ти била овулацијата на 02.07. не ти е денес ден за недобивање, туку недела/понеделник. Повтори тест за ден два.
Последните два месеци добивав на 13-ти. Циклусот ми трае околу 30дена, помалку или повеќе затоа помислив дека денеска е денот Д
Од денот на овулација до добивање во принцип треба да поминат 14 дена. Има случаи и со помалку денови, за тоа да го знаеш сигурно треба да ја пратиш овулацијата некој период. Ја секогаш добивам после 14 дена од овулација, ама знам точно секој месец кога ми е, ја осеќам.
Едвај чекам да ви се приклучам во темава, го чекам маж ми со душа Во меѓувреме можеби ќе треба да правам хистероскопија поради полип, не знам колку време после тоа се почнува со обиди. Ќе видиме што ме чека. Среќно на сите што се во исчекувањее
Првиот пат кога ми кажа докторката да чекам две недели и да направам тест, ја открив темава и еве денес три месеци од тогаш ја завршувам со читање Здраво на сите, ќе ви се придружам ама надежно само на кратко Се обидуваме за бебе малку повеќе од две години. Јас со нередовен циклус, па де имам полицистични па де немам. Пиев два месеци кломифен, имав овулација ама бременост не настана. Еве овој месец, прам пауза од кломифенот, имав овулација, бевме вредни и денес сум 9 ДПО. Разликата е овој пат што почнав да пијам фолиномел. Има 20 ќесички, имам испиено пола. Се консултирав со матичната, ми рече штета не можи да има од нив, па ајде да му дам шанса. Иначе да, даваат некое убо чувство, наспана сум и со по некој чуден сон. Ама многу сум некако опуштена од нив, ваљда и то му е целта. Многу се распишував. Тест тек за една недела. Ми се смачи од негативни тестови, па мислење да не беше рано па да не не го напрајв правилно и затоа ќе напрам кога ќе ми касни барем еден ден. Пуштам среќичка за сите и пишувајте почесто па и побрзо ќе ни врви времето за чекање
Три години обиди, една биохемиска и еден спонтан. Пиев два месеци фолиномел веќе два не го пијам (мислам дека, решив да не се замарам ) Вчера позитивен тест, утрово уште еден правев зашо не ми се верува. Имав и погоре пишано. Пробај да се опуштиш колку и да е тешко, да не мислиш на тестови и не си прај филмови во глава и се ќе биде. Јас моментот коа ќе "кренам раце " останувам бремена. П.С. и со кломифен стимулирана јас не останував.
Има време за мене дур да се радувам уште ништо не се знае. Со резерва некако сум. А Јануари посебна приказна беше.
Сите го советуваат истото, да не се оптоваруваме со то. И искрено не сум толку опседната, само знаев дека штом не фаќа подолго време, значи дека имаме проблем и се обидуваме да го решиме. Стискам палци за тебе да биди се во ред овај пат!!!
За се има решение. За секаков проблем. Мене еден доктор во чаир ми имаше речено " Денес деца неможеш да имаш само ако ти е извадена матката, толку е напредна медицината што има решение за се ". Фала ти јас ти ја пуштам среќата да се радуваш што побрзо <3
Денеска според апликација сум 6дпо, ама овие денови нешто претерано ми се спие а не сум спанка никогаш, а забележувам еве дека почнаа градите да ме болат. Лани кога останав бремена градите баш почнале да ме болат некаде 6-7дпо, ама сега некако нејќам пред време да се радувам, а од друга страна како да не се радувам кога се истите симптоми? Стварно сме вредни овој месец па се надевам на позитивен тест, а дури една цела недела треба да чекам за тест Стискам палци и за мене и за сите што сме во темава милички, ајде конечно да се префрлиме во поубавите !