Кога ви е обично овулацијата? Кај мене од 11-14 ден ми е обично.Дали после тоа ви почнуваат симптомите со болки во гради, глад, често мокрење? Кај мене после овулација веднаш ми настапуваат овие симптоми, не знаев дали е нормално ПМС толку да трае скоро две недели? Истите симптоми ги имав и кога бев бремена и сега па се бунам малку..
Mi pocnuvaja 10 dena pred da mi dojdi. Nekogas se smeev 2 nedeli ramen stomak pa 2 poduen. Kaj mene taka bese, sekoj organizam razlicen.
Болки во јајник околу овулација дури до 1 недела, болки во градите, отечени, 2 броја поголеми хаха , емоционалност, акни понекогаш, др не ми текнува моментално
Фала ти мила @IronLady што ме помисли, сега успевам дури да пишам, се надевам не ми замери Дечки ништо, трет ден од циклус ми е, требаше во неделата да правам тест како што ви кажав, ама кога станав сабајле што да видам, и така немав ни шанса за тест, можеби подобро така, еве незнам Симптомите ме излагаа значи дефинитивно веќе нема да му обрнувам внимание, само ќе гледаме да си бидеме активни Ќе ве излажам ако кажам дека очекував да добијам, не очекував искрено дека ги имав сите можни симптоми за бременост и мислев дека конечно ќе се израдувам ама не било така. Се изнаплакав, плачев 2 дена како магарица буквално, еве денеска може да кажам дека ми е малку подобро и како станав сабајле веднаш заминав на црква, ми требаше некој мир после тие денови Како и да е, нормално дека нема откажување, иако некогаш ми се врти во глава ама се заинатив дека јас морам да имам 2 прекрасни дечиња па што сака нека биде, моите виножитца ќе си ги држам во раце Следно недобивање на убав ден, 28ми Август, голем ден мили мои , па со Божји благослов и сила ќе биде, верувам!!
Здраво девојки Требаше да добијам циклус на 18.07, но бидејќи во тој период одев на одмор ми препиша гинекологот таблети за да се одложи доаѓањето на циклусот. Во меѓувреме направив и крвна слика и покачен ми беше пролактинот. Ги прекинав таблетите и чекав да добијам но до денес ништо. Па направив тест и е позитивен. Дали е можно тестот да не е точен зошто докторот ми рече бидејќи имам покачен пролактин треба да пијам терапија за да можам да забременам. Да напоменам на доктор бев на 14.07 со што беше рано за да се открие бременоста на ехо.
И јас сум со истите датуми за недобивање, имате некои симптоми како болки во долниот дел на стомакот?
Не можам да сетам можебо оти нр обврнуваме внимание токку како ми р после овулавија..нејсе овулацијата ја чуствувам на најјако со болка која некогаш трае цел ден помалку а ндкогаш кратко ама јако ... Незаштитен однос на 10ти и 12ти ден каде на 12 осетив болка и имав поз тест за овулација но некоии си cramps осеќав до вчера појаки денес нешто подобро ми е ...друго ништо немам , градите на допир осетливи ама не нешто особено... кај вас ? Последна менс на 26.07 ...
Немма болка и осетливост на градите ама тапа болка во стомакот нешто како болка во овулација нон стоп
Исто и кај мене. .. како измешана де како болка де како грч, дека како менструална.. и постојано е .. кога лежам ми е подобро ккга движам осеќам.. ама ми се чини досега така не сум осетила после овулација.. дај боже да е на арно и да видиме две црти... Кога ти беше последна менс?
Последна менструација 27.07, истото и ко ќе лежам на стомак болка осекам, се надевам дека е ќе биди позитивен тест когс ќе го правиме..
Јас сеуште немам добиено. Ми доцни три недели. И онака потајно си се надевав и бев вчера на гинеколог и имавме што да видиме. Циста на жолто тело на десен јајник. Ме праша дали сакам Примолут нор ама можела и сама да пукни цистата и решив сепак да почекам без апчиња. Ќе прај маж контролен спермограм и најверојатно ќе одиме на инсеминација од Септември. И да ви кажам некако се разочарав, пробував да сум позитивна цело време ама тешко оди па и цистава капак на се...