Јас да се пријавам. Болки во јајници цел ден почесто во десниот. Градите ме болат од сношти, ама не поразлично од пред тоа. Температура не мерам. За 6 дена треба да не дојди.
@jelo @Thinkerbell. @Freckles. Дами, како сте денес? Очекуваме ваши апдејти и навиваме за две жар црвени ll
Мила, јас денес само сабајле тапи болки во предел на матка, што е најчудно градите сеуште воопшто не ме болат, и не знам дали има некаква врска но образите овие три дена ми се црвени и ме жежат . За 4 дена треба да НЕдобијам ама не знам дали ќе издржам уште толку да не направам тест . Ти благодарам што мислиш на нас и знам дека наредниот месец е твој ❤❤
@Erika.greeneyes @*Лаванда* мили мои фала ви шѕо ме помисливте. Термин за недобивање ми е петок/сабота. Денеска цел ден сум со ужасна главоболка, а друго сеуште ништо не приметувам да има.
Да се пријавам и ја во групава, 6 дпо. Не се ослонувам многу на симптоми затоа што во овие година и некој месец обиди сум имала секакви ама ништо Ние сме со машки фактор ама пие маж ми терапија и јас ја средив тироидната па да се надеваме дека ќе се израдувам роденденски Баш би бил идеален поклон. Поздрав до сите и честитки до новите мами
Јас никакви симптоми немам Денес малку повеќе исцедок од вообичаено ама ништо посебно. Треба да не добијам на 12ти, па ќе видиме
Добро утро мили мои! 10дпо - главоболката од вчера ја снема, градите не ги осеќам отечени, на лицето стандард појава на акни пред циклус. На 17ти декември поминуваат 40 дена откако ги ставив смоквите во маслиново масло, па да се надеваме дека тие ќе помогнат.
Не губи надеж и мене ми беше исто, лицево да не зборам ко пубертетлија, мислам дека ни тогаш не ми беше волку лом Ти ја праќам целата среќа за II
Мила, јас и ти сме ептен близу, јас денес сум 11 дпо. Ми е малку страв да правам тест а се мислам дали да почекам до среда. Сега од сабајле кога станав осеќам малку мачнина во стомакот се надевам е добар знак. ❤
и мене ми е тој терминот за недобивање. Смешно ми е дека десниот јајник и десната града ми се поосетливи Ќе го рачунам за добар знак
@V.N. Фала ти од срце! Премногу ми значи целата подршка што ја добивам тука. некако не мислам дека овој циклус ќе биде зашто минатиот имав многу симптоми некарактеристични за пмс и пак добив. Плус маж ми само 2 месеци како пие спермотренд и не верувам дека има ефект. Нели на 3 месеци се обновуваше спермата. Али секако се дур не добијам, не отпишувам ништо! @jelo мислам дека веќе утре моеш да си земеш фрухтест. Стискам палци да прикачиш слика со две цртки! @Mari-Li епа ајде тие денови и двете да не добиеме
Јас сум 7дпо имам тапи болки во лев јајник ниско,болки во кичма,тук там некоја акна,и болки при односи сабајле направив едно тесче онака из љубопитност ама ништо една цртка само. Се надевам дека е премногу рано батковците ни бараат сестричка па се надевам дека нема да се разочараме среќно на сите
Најверојатно 9ти или 10ти ден ДПО, не знам точно. На 11ти треба да ми дојде или 12ти.Синоќа имав болки како менструални. Денес ме боле десен јајник. Кај шо ми беше и доминантниот фоликул. Се надевам по малку. Акни ми е цело лице, ама го препишувам на тоа шо ми рекоа, налик полицистични јајници.
Леле женски, ме тегне ме боле ептен десниот јајник. Мислите дека можеби е нешо убаво, дали на некој му било вака пред да дознае дека е во друго стање?
Хахах значи ЖЕНИШТА,какви сме нестрпливи тоа чудо едно Прочитав пред некој ден тука по форумов, колку сме опседнати, до тој степен што одма после однос уште не станати од кревет сакаме да знаеме дали се фатило или не Значи не е критика, сите сме исти. Мене ми беше така ко тебе и така убедена на 11 дпо си земав фрух убедена дека ќе се појави бледа линија, ама јок, пишав и тука понегативен неможеше да биде. Мене во чекањето мноооогу ми помогна форумов, следејќи ги другите, пиши на една, на друга, еден куп нотификации по цел ден и некако пројде време до тест