И јас имав менструални болки очекував секој момент да ми дојде. И решив да испијам апче кога ми беше денот за добивање и викам ај еден тест за секој случај да не пијам апче, кога тој позитивен. Така да не се откажувај!
Честитки,многуу многу се радувам кога ќе видам дека некој од нас му има започнато денот на најубав можен начин.
Чекам сега и височко хцг и позитивнооо овој пат се ќе биде како што треба мила се надевам ќе ти се придружам и јас овој месец ако не се придружам ќе ме тешиш пак како што се тешиме лесна и школска бременост милааа многу сум среќнаа
Август месец останав бремена и јајниците, стомакот и кичмата ме болеа премногу. Имаше ноќи кај што не можев да спијам од болка, плус кога требаше да добијам имав бледа крв и правев тест беше позитивен, отидов на доктор и ми кажа дека сум бремена. Една недела после тоа имав спонтан абортус. Сега повторно имам позитивен тест, имам периодични болки во стомак. Има денови кај што уопште ништо не осеќам. Повторно ми доцни и од понеделник ќе одам на доктор ќе видиме што ќе ми кажат.
Женички знам дека е рано но сакам да прашам искуство .. бевме вредни и сеуште сме до недоаѓање на вештерката треба да добијам од 10 до 15 ноември. Од вчера вечерта имам тапи болки на десна страна како јајник со пецкање од време на време и како топло ме фаќа некоја паника, имам и плус нервоза постојана се ми пречи, болки во кичма од време на време грб и рамења, и како топлотни бранови.. дали имал некој вака за пецкањето и топлината ..
Овулација?? Ама пред 4-5 дена ми заврши кај мене ја познавам по исцедокот како белка од јајце ме замисли сега