И јас исто како тебе се чувствувам. 11+3 дена по менструација, а по големина на плод неколку дена повеќе го рачуна. Следна недела сум за Приска и ехо исто на државна па ќе видиме што ќе кажат.
Мене ми рекоа дека во државна ќе ми кажат точно..инаку по меструација денеска сум 11+3дена, а по голенина на плод 9+3дена Ајде очекувам да ми пишеш како ќе поминеш со тестот. Јас за 2 недели треба да одам
Мила имам 3 бледи позитивни тестови, ви пишав и тука. Во понеделник ќе одам на доктор да ми потврдат. Стискајте ми палци за среќа!!!
Здраво женски со мм пробуваме повторно за бебенце после 2 рани спонтани. Односи на 18, 25, 27 и 29 октомври во плодни денови треба да добијам од 12ти до 15 ноември. Неколку дена имам нелагодност во десна страна од време на време грчеви, од вчера отечени гради, болки во кичма, често мокрам, имам вчера и денес како дијареа, и имам желба голема за кисело, од вчера вагинален бел исцедок и сега сабајле приметив како белиот исцедок да е кремаст со малку кафенко и свеза крв неколку точки. Претходните два пати немав вака дали е можно да е ова имплантациско? Ви благодарам
Ти имаше биохемиски, далеку од ран спонтан, на твоја среќа. Инаку да, може да е имплантациско. Со среќа
Ме водат како ран спонтан. Ме плашат само овие нелагодности во десна страна од време на време како топлина како пецкање. Дали ако е ова имплантациско утре би покажало на домашен тест со прва утриска ?
Мене ова ми личи на имплантациско и мислам дека ќе си трудничко. Уште малку имаш за до тест, со среќа да ми ти е мила и Бог да е со тебе и да ти ја исполни најголемата желба, со цело срце ти посакувам!
Дај божее да биде такаа мила само се плашам со нелагодностиве да не е недај боже нешто вон такви мисли ми се вртат. И знам дека бременост ствара запек а не дијареа јаа денес од 10 станата имам 3-4 пати дијареа.. ајде и кај тебе да се израдувамее кога си на ехо пак?
Мислам дека нема врска.Ја мн често имам запек пред менструација па и сега моментално.Последната менстрација исто имав,никаков симптом за добивање,последниот ден пред менст.ми се слоши од риба па повраќав па сепак наредниот ден ми дојде.Мислам дека доцненњето е е прв симптом со другите веќе долго јас не се замарам
Ти го разбирам стравот верувај и јас сум за жал со еден спонтан и знам дека кога ќе останам бремена нонстоп ќе мислам дали ќе биди се во ред, ама мора да бидеме силни и да си кажеме самите на себе дека многу девојки поминале низ спонтани па на крај си родиле живи и здрави бебчиња, значи и кај нас така ќе биде, ќе видеш, само позитивно треба, колку и да звучи тоа тешко Јас мислам дека ќе се израдуваш овој пат и нас многу ќе не израдуваш!! Немам менструација сеуште, а осеќам болки како да ќе ми дојде во секој момент. 41ви ден од циклис е веќе, од вторник ќе ги почнам Дабростон за да добијам, видов во упатството пишува дека се и за да добиеш а и многу од членките ми го кажаа истото. Јас мислев инаку се викаа апчињата за да добиеш ама и овие ги давале, човек се учи додека е жив Ми рече 5 дена да ги пијам па после треба да добијам, е веќе ако не добијам и откако ќе ги испијам, освен да се случило некое чудо од бременост во меѓувреме, друго нема Ама верувам дека ќе добијам и ќе одеме со нови сили.
Дали пробувавте од кога беше на ехо со тој фолекул?? Јас би ти рекла да не ги пиеш апчињата ако сте пробувале сега да не се фатило бидејќи тој фолекул пука на 23-24мм. Со среќа мила држам среќичка и за тебе ајде да се израдуваме
Незнам што да мислам малку сум во паника со нелагодностиве на десна страна .. дали некој имал такви нелагодности пецкање и топлина од време на време, а да биде трудна и да биде се во ред?
Пробуваме мила да откако бев на ехо, ама докторката исто така ми кажа дека и да се случи бременост, Дабростонот нема да направи ништо штета, напротив дека имав спонтан може само да служи и како поддршка. Не ми се грижи, ќе биди во ред и да се случило нешто во меѓувреме
Извини што ќе се замешам ама дали правеше бхцг па матичната утврди дека не е 100% бременост? Бидејќи рана бременост не се гледа на ехо уште ништо освен задебелен ендометриум па да не си подоцна останата ? Чудна ситуација за доцнење без видлива причина, не знам бар кај мене никогаш не се случило па затоа ти пишувам да не е подобро утре второ мислење пред да ги почнеш дабрастонот? Тие се даваат и за поддршка на бременост секако мислам не прават проблем. Навистина ти посакувам што побрзо да си дочекаш успешна бременост
Миличка, матичната на една недела доцнење виде дека во матка нема ништо, тогаш барем точкиче нели треба да се види? Знам така ми беше минатиот пат. Направив и тест баш таа ден кога бев, тоа веќе беше 39 ден од циклус, негативен. И мене ми е многу чудна ситуацијата дека до сега вака не ми се случило и стварно незнам што да правам. Јас менструација чекам а имав фоликул од 19мм на 39ден од циклус, ептен се ми се побркало.
Се надевам ќе добиеш позитивен тест.Јас имам боцкање во десниот јајник пред да добијам.Ама кај секој се различни симптомите.Можеби кај тебе се знак за бременост.
Мила кај мене со 12 дена доцнење и еден тест со бледа линија докторката не виде ништо ми рече жал ми е но не можам да потврдам бременост. Веднаш испитав бета ми беше 236 значи мн рана бременост затоа не се гледаше ништо. За 10 дена од првиот преглед веќе имаше мала точка. Не губи надеж.