Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денови после овулација = two weeks wait

Дискусија во 'Бременост' започната од *Лаванда*, 26 октомври 2021.

  1. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    8.908
    Пол:
    Женски
    Мене Димитров ми кажа од позитивен тест, Јани и уште 2ца трансфузиолози викаа не ти требаат ич а на ГАК една искрено на специјализантка ми личеше ме направи лом дека примам клексани на позитивен тест а не виделе во матка дали сум била нормална и свесна што може да се деси ако е вонматерична излегов во солзи од таму и така истраумена после абортусите. Искрено не ни читав понатака што стварно можело да се деси ако е вонматерилна зошто направив бета на 48ч и веќе следната недела бев на прва контрола за бебето и продолжив да боцкам. Не знам дали е правилно не знам дали ако не дај боже беше вонматерична ќе се случеше нешто многу лошо ама јас одев по Димитров и фала богу сега сум 8ми месец, ако чекав прва контрола во 8ма недела (недели кога ги изгубив двете може ќе го изгубев и ова) а по мене Димитров знае што кажува и не би ме изложил на ризик така ради реда.
     
    Последна измена: 8 ноември 2023
    На Freckles., WhiteCat33 и Mihaela123456 им се допаѓа ова.
  2. Diva0710

    Diva0710 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2016
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    208
    Пол:
    Женски
    Првиот преглед на кој се потврдува бременост обично е 1 после позитивен тест. Веќе 8 ма недела се оди за срцева акција најчесто.
     
    Последна измена: 8 ноември 2023
  3. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.240
    Допаѓања:
    3.130
    Пол:
    Женски
    Мене и на гак и матичната и Гордана во систина ми рече од точка во матка, а тоа реално е прв преглед 5+2, 5+3, 5+4 максимум, па следна е за срцева акција, не знам зошто прва контрола би ти била во 8ма, јас тест направив уште пред да ми закасни, а на денот кога не добив отидов лај Гордана ми рече рано е за било што, дојди за 4-5 дена од датум на последна менструација до ист датум следен месец +4-5 дена, така ќе си рачунаш ми рече, така и направив и на следен преглед се виде точка во матка и ми ги даде клексаните. И исто не верувам дека би ме зезнала нешто, знаејќи ја мојата ситуација
     
  4. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.207
    Пол:
    Женски
    Јас имав два спонтани во 4-5 недела поради мутации матичната ми рече да пијам метил фолат б12 и аспирин секој втор ден константно три месеца па после со обиди. Отидов на второ мислење кај ивф доктор и он ми рече со сите овие резултати нема потреба да чекаш пиј си терапијата чим добиеш одма со обиди почнете си кога ќе се фати се фати правиш хцг на 1-2 дена каснење доаѓаш и даваме одма клексани да се боцкаш и за тоа време ќе си закажеш на трансфузиолог за да можеш да си рефундираш бидејќи ќе треба да се боцкаш подолго време и ќе се боцкаме со прогестерон депо без разлика што не се гледа плод да се заштитиме од мутацијата бидејќи ти е хомозигот MTHFR. Па мислам дека сепак докторот од ивф е постручен од нашите матични доктори.
     
  5. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    8.908
    Пол:
    Женски
    Не се надоврзав ништо за твојата матична ниту ситуација кај мене беше таква ситуација, направив тест ден пред циклус бледа, се јавив во систина ми побараа 2х бгцг и рекоа да почнам фраксипарини по дуплирањето. Матичната прв преглед ми го закажа во 7ма недела зошто пред тоа не прави ехо. Кажав јас како сум постапила а не дали е правилно или не.
    П.с @_budaletinka* по ново извештаите на гак ги даваат за клексани рефундација.
    Со лесно нека ти е.

    @Diva0710 пак ќе кажам мојата матична така практикува да не одиш пред 7ма така и направив пред 8 месеци. Секој доктор има свој начин на работа, другарка во Хрватска пред 3 денови беше на прво ехо во 8++ недела матичната по бхцг кога направи и закажа дури за 2 недели така што тоа е индивидуално.
     
    Последна измена: 8 ноември 2023
  6. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.207
    Пол:
    Женски
    Фала ти незнаев дека со од ГАК може да се рефундира за клексани
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    8.908
    Пол:
    Женски
    Земаш упат од матична за амбуланта 36 (или ќе кажеш за рефундација за клексани) одиш ти прават ехо и пишуваат извештај мене за 30 месечно ми даваат, во глобала така е мислам кај сите што примаат по 1 дневно. После тој датум си купуваш задолжително со сметкопотврда, откако ќе пројде 1 месец земаш потврда од матична за примени клексани за тој период и целиот комплет го носиш во фонд.
    И да не заборавам за на гак ќе ти треба резултат од ддмери и хемостаза (тој е на трансфузија со упат од матичен гинеколог исто, резултати се ист ден ако те боцнат раното до 14ч имаш)
     
    На _budaletinka* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.207
    Пол:
    Женски
    Супер мила фала ти многи а дали треба цела хемостаза за да знам да си направам приватно ако не да не идам до трансфузиологија. Аптт, тт, протромбинско со инр, фибриноген и ддимер? Ти уште се боцкаш од почеток?
     
  9. Laura07

    Laura07 Активен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Devojki zdravo
    Posleden ciklus na 19 oktomvri koj traese 5dena a 7 i 8 den od ciklus imavme obid za bebce. Ovolucija imav posle 2-3dena spored iscedok.imam uste 10dena do ciklus no ovie dva dena imam grcevi vo dolniot del na stomakot dali e mozno tolky rano da mi pokaze testot za bremenost ili da si cekam data za dobivanje.
     
  10. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    8.908
    Пол:
    Женски
    Комплет, не се чека воопшто има многу термини завршуваш за 5мин и ти е бесплатно. Да ќе боцкам до крај и нели по тоа ако има потреба некое време. Ако ти треба било што друго слободно прашувај
     

    Прикачени фајлови:

  11. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.829
    Пол:
    Женски
    Прво, спонтан во 4-5 недела не е спонтан, туку биохемиска бременост. Спонтан/missed абортус се случува после потврда на интраутерина бременост (бременост во матка).

    Второ, кој е тој доктор што тврди дека си имала две биохемиски поради мутации? Јас еве имам искуство со куп доктори и специјалисти, никој не можел никогаш да тврди од што се случило кога се случува, освен во случај кога е пратен самиот плод на хистопатологија и кариотипизација, па да е утврдена некаква аномалија или синдром. Во тој случај, да, во секој друг случај е само претпоставка што може да е причината. Мутација во генот на МТХФР по ново не ја земаат предвид за утврдување на тромбофилија, тотално е ирелевантна (баш минатата недела за ова правевме муабет со еден одличен специјалист хематолог зашто испадна дека син ми ја има наследено од мене). Битна е за метаболизацијата на фолати, ама само доколку хомоцистеинот е надвор од граници на нормала. Те пратиле да испиташ хомоцистеин, па тврдат дека е тоа причината? Вака, сѐ е само претпоставка. Метил фолат и б12 е во ред да суплементираш, битно е за самиот развој на плодот, ама далеку од тоа дека со сигурност тоа било причината за биохемиските бремености. Најголем причинител (во преку 85% случаи) за губење на рана бременост е некаква хромозомска аномалија на плодот инкомпатибилна со живот.

    Клексани по правило се почнуваат од ден на потврдена бременост на ехо - во случај на природна бременост, во случај на ин витро обично ги даваат и порано, пред трансфер. Еве нека биде и веднаш после позитивен тест, ама со некаква ветувачка вредност на бхцг, не тест правен со урина.

    Да не бидам парти брејкер, ама после милион направени тестови, вакви како твојот сум добила кога немало бременост и линијата што се гледа била евапорациска. Дај боже да грешам и да не испадне така во твој случај, да е стварно бременост. Повтори го утре, втората линија треба да има фина, розевкаста боја, не вака сива.

    П.С. на ГАК ќе ти препишат клексани само после направено ехо и утврдена бременост, поинаку не. Подобро оди на трансфузиологија.

     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.240
    Допаѓања:
    3.130
    Пол:
    Женски
    Пак ќе искоментирам, гинеколозиве како да не студираат на ист факултет. Јас од таа траума што ја имав после двата абортуси, одма дента како ми касни отидов и кај матична и во Систина и двете ме вратија. Барав од матичната потврда за да седам дома да не идам на работа (од страв нејќев да мрднам) ми рече аа не може така, прво мора да ти ја потврдам бременоста, се додека не видам нешто во матка не го рачунам за бременост. Оттука во систина отидов и таму ме врати докторката. Го знам стресот уз чекање на таа точка, па срце па се, го изедов стапот
     
  13. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    8.395
    Пол:
    Женски
    Скроз се слагам.
    Незнам зашто толку терапии се даваат, кога за биохемиска бременост, реално не може да ја знае никој причината.
    И не брзајте со тестови ,и одење на ехо,зашто само ке се стресирате непотребно.
    Најубаво се гледа од 7ма недела некаде.
     
  14. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    8.395
    Пол:
    Женски
    Опушти се. Мислам дека не спиеш од многу мислење.
     
  15. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.207
    Пол:
    Женски
    Napraveni se site ispituvanja i kariotip i imunoloshki afa ana la i sl torch vitamin d trombofilija u ushte shto ne i doktorot shto bev kaj nego vo new born mi kaza zashto site rezultati se vo red osven mutacijata rai mthfr i mtr deka tie rani spontani (biohemiski) se od niv poradi toa shto koga kje se zakachi plodot nema dobar dotok na krv i zatoa se istushta odma i se sluchuva toa shto mi se sluchi mene 2va pati. Pa mislam deka doktor po ifv e mnogu postruchen i znae shto zbori sigurno ne lupal gluposti
     
  16. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.240
    Допаѓања:
    3.130
    Пол:
    Женски
    Се слагам дека специјалист е по стручен отколку матичен гинеколог што по општо гледа и води, и кај мене сите резултати беа во ред, нема што не испитавме, ама проток уште од 4та 5та недела да прави проблем прв пат слушам. Имав проблем со првото и второто со протоци и затоа добро знам како и кога се гледаат. На почеток се прима и само аспирин за ова, поготово со само МТХФР мутација. Прв пат слушам оваа мутација да прави проблем со проток а сум била кај тројца најизвикани трансфузиолози. Само што јас примам клексан заради друга мутација, а за МТХФР метилиран витамин, толку.
    Како и да е со среќа нека ти е, да си истераш до крај
     
    На _budaletinka* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    8.395
    Пол:
    Женски
    Извинете ама јас како што знам за овој проблем од погоре се оди на трансфузиолог а не на гинеколог.
    Исправете ме ако грешам.
     
    На Shekjer му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    3.284
    Пол:
    Женски
    Убаво се гледа црта, да се надеваме дека е вистинска. Направи пак сабајле ако имаш дома, или задутре :inlove:
     
    На _budaletinka* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.240
    Допаѓања:
    3.130
    Пол:
    Женски
    Да, точно. Трансфузиолог дава терапија за мутации, Но, пример има мутации што не се воопшто страшни и терапијата препишана од трансфузиолог е само витаминска и плус може аспирин, а гинеколог може да даде клекссн и на перфектна хемостаза и на немутации ако има проблем со протоци (мојот случај каде што голем беше тој проблем). Во секој случај протоците ги следи гинеколог, ги гледа, ги слуша и по тоа може да примети.
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    8.395
    Пол:
    Женски
    Да да јасно, ама протоци се следат многу подоцна во текот на бременоста а не во 4та или 5та недела