Од циклус 21 ден, а од овулација 5 или 6. Веќе не знам ни јас самата. Според мои критериуми и како моето тело ми говори е 6 ден по овулација, а според Fertility friend App ми е 5 ден по овулација. Истата сум и јас, не си сама уживкај
Ајде бе нека ми заврши ова вештерката за конечно да пишам тука Денеска ми е 5 ден ама веќе немам ништо, носам секојдневна ама па кога се бришам имам уште малце и затоа ја рачунам и ова ден како 5, утре веќе немам ништо и ќе почне одбројувањето @*Лаванда* мила, немој да плачиш, знам дека е тешко, биди тажна еден ден, радувај се другата Уште малце ти остана до тест, тука побрзо ќе ти поминат деновите и од срце ти посакувам да се израдуваш. И јас многу се разочарав од негативниот тест минатата недела, прв месец пробување, мислев ќе бидам таа што веднаш останала бремена ама сум се лажела, не било така лесно како што ми кажувале. Ми беше тешко ама еве сега имам нова надеж и нова сила, биди ми силна, заедно сме сите
Леле како ми е тешко кога ве читам за симптомите на овулација. Јас баш ништо поразлично не сум приметила во текот на циклусот, ниту болка во јајници ниту пак некаков исцедок, ако има исцедок секогаш е знак на бактерија или кандида. Три пати до сега сум останала бремена и за жал 2 завршија со спонтан абортус. Пред првата успешна бременоста неколку месеци одев да ми пратат овулација, никогаш немаше овулација фоликулот го имаше ама пред доволно да порасне пукаше, реков еден месец ке се олабавам не правам ништо па одам следно со стимулации. За среќа баш тој месец останав бремена природно, ама пак не осетив никаква промена, а сум имала овулација. После неколку години од прв обид останав бремена за жал заврши со спонтан во 5та недела, после 6 месеци пак бремена и пак спонтан во 5та недела. Направени сите испитувања за причината на спонтаните се е во ред нема никаков проблем. Е сега 1 година со обиди и не оди и не оди. После секоја менструација си велам сега ќе следам овулација со тестови и со мерење на темперара ама секој месец се откажувам и си викам ако треба да биде ќе биде не се замарам и пак кога ќе добијам разочарување и плачење, а годините си одат и не ми останува уште многу време. Е единствена промена што ја осеќам во циклусот е неколку дена пред добивање градите ме болат, нервозна сум и ме тера на плачење. Еве сега сум ден пред добивање и си пишувам и си плачам, ама ми олесна што се искажав
И кај мене петтиот ден е таков, ама јас и него го бројам. Тој ден имам нааајмалку од сите 5 дена. Ма да, како што кажав и претходно, крварењето ми е пооскудно откако почнавме со обиди. А, и други членки го споделија истото искуство. Кој знае зошто е тоа така... Од срце ти благодарам за поддршката. Во овие денови, верувај дека ми е потребна во неизмерни количини. И јас така си мислев, ама не требало така да биди. И затоа сега, со нови сили во нови победи
Прво, мило ми е што ти олеснало оти се искажа. Друго, немој читај -НЕМОЈ да се разочаруваш. па, годините за тоа и се - за да си врват! Па, ти не си седиш така, туку еве, работиш на “случајот“. Чим си останала бремена значи дека овулација имаш и дека нештото е возможно! Еве што мислам јас: Сега од наредниот циклус откако ќе ти заврши крварењето, почни да мериш базална температура секое утро. Знам дека велат стрес правело кај жената, многу ќе се вознемирувала бла бла бла. Ами ако гледаме така, самата одлука дека ќе станеш родител на уште едно битие е и тоа како стресна. Јас, искрено, откако почнав да мерам температура се преродив и многу подобро се чувствувам. Имам информации за мене, какви до сега не сум имала. Многу добро го проучив целиот мој циклус, додуша и сеуште осознавам нови информации. И јас како тебе, претходно немав никави симптоми или можда не ги заприметував, не знам. И никогаш немав класичен ПМС, освен отечени огромни гради. Но, со тек на време, како што согледував информации , по некој симптом, температура и на сето тоа водев евиденција. Еве претходен циклус користев и тестови за овулација за првпат и искрено сум многу задоволна. Ми го покажаа денот на овулација, а потоа со температурата тоа и се потврди. Бог нека помогне да се израдуваме што побргу. Што значи дека тестовите и топломерите постојат со причина. Па, зошто да не ги искористиш. Мене воопшто не ми е стресно. Напротив, многу ми е интересно. Баш ме интересира каква температура ќе ми даде секое утро и што понатаму следува. Веќе ми стана дел од утринската рутина и никаков стрес не гледам. Ем ќе е бесплатно, ем ќе си добиеш важни информации, ем ќе знаеш што се случува со циклусот, ем нема да го љуфнеш денот на овулација. Тестовите се плаќаат да, ама не се прескапи и горе-долу секој може да си ги дозволи. Мене ми беа од големо значење. Почни да ги следиш овие работи, а како најтопол и од срце предлог ти препорачувам да си ја симнеш Fertility Friend апликацијата и таму да ги внесуваш податоците. Среќно, со лесно и што не ти е јасно, прашувај слободно
За денес имам да пријавам болки во половината, слични како оние што ги имав за време на овулацијата. Температура 36,9. Расположение: 8 од 10. Добро сум денес. Имам уште 7 дена до недобивање. Да видеме каде ќе не однесе ова. Кај вас како е состојбата? @Iris-1234 Мила, мислам дека сме исти денови со тебе, ако не се лажам. Како си ти? Мериш ли температура? Имаш ли некакви симптоми, нешто?
Девојчиња ај некоја од вас нека ми кажи поубаво за Fertility Friend, гледам повеќе ја препорачувате, сакам да ја пробам. Вака кога ја видов на слика многу комплицирана ми се виде незнам Се мере температура секое сабајле и се внесува ли?
Почни и ќе ти се разјасни. Си внесуваш циклус и секој ден си кликаш на денот и си внесуваш податоци: температура, исцедок и други симптоми, односи, тестови за овулација и слично.
Абе, прелесна е! На почеток само така изгледа, табели, графикони, бели бои и сл. Другите апликации се по феминистички да речам, по нежни и попрости. А, оваа е баш попрофесионална и што е најважно - го зема во предвид секој податок што ќе го внесеш. Од температура, цервикален мукус, болка, тестови, крварења, расположение, енергија, исл. Симни ја, пополни ги основните податоци за тебе. Потоа, на календарот кликни го денешниот ден и внесувај ги податоците од денес. Утре пак така, другиот ден пак.... И таа ќе си внесува и ќе ти предвидува. Кога ќе кликнеш на Chart = ти ја дава цела твоја историја. Кога ќе кликнеш на Analyse = ти ги дава мислењата за твоите внесени податоци. Како што знам, тебе крварењето би требало да ти заврши кај и да е, или веќе ти заврши. Што значи супер! Баш на време ќе си ја симнеш апликацијата Во нов циклус, со нови победи!! Прво почни, а потоа од ден на ден ќе ти се разјаснува. Секако, прво и основно слушај си го своето тело и што тоа ти говори. Прво организмот, а потоа апликации и ред други работи. И еве нека биде fun fact, јас благодарение на апликацијата, форумов, други општи познавања, многу подобро си го сфаќам телото и сите процеси кои му се случуваат на организмот. А, до тогаш слободно прашувај. Што можам - ќе ти помогнам. Среќно
Болки во половината и градите повеќе од нормално.. 32 ден од циклус сеуште не сум добила. Тестот ме плаши затоа ќе издржам уште денес, регуларно добивам на 30-31 ден така да можам да кажам официјално доцни … но со мене не се знае точно никогаш
Фала ви најмногу мили мои Готово ја симнав, ја пребуричкав и измерив и температура, ми даде дека имам 36.1 Ќе почнам да мерам од денеска, @*Лаванда* веќе немам менструација готово, можам да почнам Рано е ми е знам за било какви тумачења ама барем со температура сакам да знам телото што ми говори, до сега се немам мерено вака, добро и не ми ни требало Некаден прочитав до кај 3 степени плус се покачувала темп. за време на овулација, па ќе видиме кај мене како ќе биди, секако ќе споделам тука. @Bebetoo како издржуваш свака ти час, јас едвај чекам да кажиш за тестот Утре одма да ни ги кажиш резултатите, ти пуштам среќа најголема и да си видиш најубави 2 цртки
Од сабајле кога видов дека не добив само таму ми е умот, исплашена сум од толку негативни тестови и од досега 2 позитивни без успех.. ајде се надевам ќе издржам уште малку
Иако не сум била ни приближно во твоја кожа, знам како се осеќаш кога треба да правиш тест, цело време мислиш дека ќе ти биде негативен ама немој така. Може не сум онаа која треба да каже за ова оти сум нова во ttc ама гледам и сама колку можат да бидат тие негативни тестови исцрпувачки. Бог е голем, еден ден сите ќе станиме мајки, некои порано, некои подоцна, надеж немој никако да губиш.
Самата ќе видеш, мора да ти падне во очи таквата скокната температура Некаде за околу 0,3 - 0,6 степени рипнува.
Не се плашам само од негативен.. мислам повеќе и од позитивен се плашам, но што е тоа е морам да мислам позитивно иако потсвеста е појака
Ај јас да се пријавам, од вчера осеќав благи болки у гради, денес некако ме болат, не на допир, така ме жежат некако, имав некои бодежи у десниот јајник близу до средината матката ваљда. Расположените 7 од 10, мочкам ама од тос шо сабајле пијам вода со лимон ми е.. Ајде боже поможи да е на убаво, да ги израдувам сите околу мене а најмногу јас и мм.. 21 ден од циклус уште 10 дена до не нареден