Опушти се, што е твое ќе дојде. Кога најмалку очекуваш. Јас не ни мислев дека сум бремена, се обидувавме ама бев сигурна дека е негативен пошо сите симптоми за добиено ми беа. Коа видов позитивен 5 пати го прашав маж ми дали добро гледам, од што не ми се веруваше, уште 4 теста направив во следните денови за да се осигурам. И ден денес уште не сум свесна некако.
Миличка многу ме израдува Не се плаши, сѐ ќе биди во ред. Мислам дека бетата е океј за 12дпо, ама на 14-15дпо повтори ја обавезно, треба да е дуплирана знаеш. Овој пат ти посакувам преголема бета и дупла среќа
Бетата расте, ако беше друго ќе паѓаше, јас мислам дека е супер. Опушти се мила. Мислам дека е време за да си закажеш на гунеколог за некои 10 дена за да може да се види нешто, сега не може ништо да види. Само консултирај се што да пиеш од суплементи. И тоа дупло е колку што видов од пред 2 дена.
Секој ден се боцкам како мрдната Денес бета 106.07. Повеќе од дупло за 48 часа, мислам дека е добро. Господ да даде вака да продолжи. На колкава бета се гледа плод или од прилика на која недела за да знам да закажам кај докторката?
Доста се боцкаш, супер си расте. Мислам над 2000 веќе може да се види нешто. Јас во 5та недела видов и тоа точка микроскоп беше. Која си според последна менструација?
Последна менструација 1 април, што би дошло негде 3 нед + 4 ако сметам правилно. Има време за околу две недели би требало да има точка…
Јави се на матичната, да ти даде витамини, фолна. Ќе и кажеш кога ти е последна менструација и ќе ти каже кога да дојдеш, и не се боцкај веќе. Олабави се и уживај, се е супер ќе видиш. Сега треба да си најопуштена и да уживаш.
Фолна пијам откако почнавме за бебче, сега само си продолжив. Се слушнав со матичната, ми даде и Б12 почнав од денес. Исто и она ми рече уживај и се гледаме наскоро. Фала ти за убавите зборови
Женски дали имала некоја слично искуство, имено денес ми е 15ти ден од редновен циклус (добивам на 28 дена) на ехо ми кажаа дека имам неколку фоликули меѓутоа најголемиот ми е 10мм. До сега ми се нема случено ова, обично секогаш до 14ти ден имам овулација потврдена со ехо. Дали можеби овој месец ќе имам доцна овулација, дали ќе расте фоликулот, збунета сум дали на циклус со 28дена е можно да имам овулација на 20ти ден ?
Фоликулот ќе си расте и се ќе си биде нормално само покасно од вообичаено. Обично 13-14 дена после овулација добиваме, значи ако имаш на 20 ден + 13-14 дена = 33-34 ден ќе добиеш.
Нема нема, без гајле. И мене ми се случуваат такви циклуси еднаш-два пати годишно, а и на 90% од нас.
@lozinka002 Јас пак мислам дека овулацијата е веќе настаната но под претпоставка дека тоа би се видело на ехо како излив или жолто тело, тогаш може и да е ановулаторен циклусот. Сите имаме по некој циклус без овулација. Планираш ли да следиш понатаму, баш да споделиш како ќе биде и јас сум се прашувала истото.