Фала Мечка страв мене не страв, почнав со обиди, скромно како за прв пат ама мора од негде да се почне. Опуштена сум се уште, сакам да биде а и не мора сега брзо Видов дека во петок ќе правиш тест, нека ти блеснат близначиња
Опа кој почнал со обиди,со лесно се надевам денеска ќе имаш добри вести. Ти праќам среќа. Инаку јас сум во обид за второ,ама не сме многу активни и немаме многу можности да имаме почесто односи дали 3 пати во месец имаме,и еве денес сабајле добив,па решив да пратам овулација овој месец да пратиме овулација,барем ако сме во можност да имаме односи тогаш.
Негативен сабајлево. Јас здравје после летово ќе се активирам, сега за сега вака. Не сакам да се форсирам, реално не сум 100% спремна. Многу сакам вака кога нема застој со бебиња Ти посакувам да биде што побрзо сонце no.2
Да и ние не сме нешто активни посебно,не се брзаме ако бидне,бидне. Ти посакувам и јас што побрзо да биде.
Леле кои убавини милааа Честитки и да ми имаш најлесна бременост Трудни во исто време, ти се верува лиии
Случајно влегов. Е баш ми е мило. Убава и лесна бременост да си имаш. @medena147 исто , убава и лесна бременост да си имаш.
Направена последна инсеминација т.е четврта пред да почнеме ивф постапка. Денес 11 дпиуи- негативен тест! Има ли надеж? Имав премногу симптоми: болки во стомак, болни и отечени гради, подуеност, уморна цел овој период. По иуи примено прогестерон и естрофем 3x4, што значи може симптомите од нив ми се. Ако претходно во овие 3 години сум правела јас филмови, а сопругот приземен и ми викаше ако треба да биде, ќе биде, не се секирај, овој пат за прв пат он имаше надеж, ми го бацуваше стомакот и ми викаше: тоа е тоа! Овој е наш месец! Знам! Многу ми е жал што повторно ќе го разочарам
Ако е веродостоен, не е многу интензивен ако бетата е ниска. Те прочитав и ме расплака, ти ја посакувам цела среќа на овој свет, и што побрзо да ги видиш посакуваните цртки. Имај надеж, почекај уште некој ден за тест.