Јас на 12 дпо имав ептен бледа линија на селфклеар што немаше сигурно да се познае на 11 дпо. Ајде, ништо не е изгубено додека не добиеш.
Смачено ми е веќе од хормониве кои најверојатно за џабе ги примам. Мислев да ги прекинам и да чекам да добијам, ама ај ќе почекам уште ден-два
Почекај, и јас сум на хормонска терапија сега, и сакав да почнам со инсеминација, ама докторот ми вели нема потреба од тоа, ќе пробуваме природно (не сум во Македонија), зошто се е во ред. Најверојатно и треба да се опуштам психички. Решив во последниот период да си слушам видеа, и едно што до сега ме опушти најмногу е ова Еве да споделам, може на некоја ќе и помогне многу. Се надевам и кај тебе ќе има позитивен тест овој пат.
Миличка немој така, ти никого не разочаруваш! Господ одлучил да одиме по потешкиот пат и тоа е во ред. Затоа сме ние борци и сите еден ден ќе гушкаме бебиња. Направи си тест за 3 дена пак, ако нема ништо, глава горе и одма поднесувај си документи за ваучер. Таман додека стигне отидете на одмор со сопругот, уживајте, гушкајте се, верувај дека се’ ќе биде во ред. Кај некој бидува полесно кај некои не, ама кај сите ќе биде верувам во тоа! Те гушкам многу, го знам чувството, на празнина, на немање решение, излез…
Ти благодарам мила на споделеното, ќе пробам уште вечер да го практикувам ова Ти посакувам и тебе среќа и што побрзо позитивен резултат
Баш така мила, ме расплака… Празнина… и баш така би го опишала мојот живот последниве години. Константно неисполнета, ништо не ме радува после двата абортуси Дај Боже што побрзо да имаме позитивен исход од нашиве постапки и во 2025 да ги гушкаме нашите бебиња
Хелоу нова сумм Имав однос ден два пред овулацијата според календарот и колку што успеав да видам на себе и сеуште сум во овулација Значи он сврши во мене два дена пред овулацијата и два дена додека е овулација 4 дена, ако сперматозоидиите остануваат до 6 дена имам големи шанси така или грешка сум?
Не може два дена да си во овулација, може да си во плодни денови. Овулација настанува кога ќе пукне фоликулот и од него ќе излезе јајце клетка. Е таа јајце клетка има можност 24 часа да се оплоди, после тоа гине.
А кога пука фоликулот? Во овулацијата или? И дали тие 24 часа оплодување важат ако пред два дена ми свршил?
Овулација се вика баш пукањето на фоликулот. А неколку дена пред овулација се 'плодни денови' затоа што спермата останува жива до 5 дена и може да настане бременост иако немало секс точно да денот кога пукнал фоликулот. Ти имаш шанси за бременост во случајов.
Здраво,еве сум јас денес,30ти ден од последна менструација,освен што на 22ри ден имав на бришење цели две капки крв и тоа многу премногу бледа и мислев дека ќе добијам денес имам само зголемена слуз,болката во градите сеуште не се смирува,болка во стомак немам но во кичма имам не се неподносливи но како и вообичаено за добивање,уште ја нема но со овие болки во кичмата веќе сум разочарана и мислам дека овој месец само така без врска ми доцни и ќе си дојде
Направи тест, и јас мислев ќе добијам со сите симптоми за добивање бев, и еве сум 20та недела. Направи тест.
Страв ми е веќе од премногу негативни тестови и цела оваа борба за бебе,желба,моменти кога само ми се плаче ништо друго,баш сега сум во таа фаза кога би седнала и би се изнаплакала зошто баш јас сега се борам за бебенце,а најтешко е кога некој ќе праша што чекате,ете баш тебе те чекав да прашаш што чекам
Луѓето се без осет, знаеш многу добро си го осетила тоа. Нема страв, ајде направи тест. Ќе се изненадиш, се што е твое ќе дојде, само верувај.