@Baby2022 @V.N. Девојки Ви благодарам на поддршката човек со вакви личности не може и не смее да се разочара Секако нема разочарување, и да дојде овој месец наредниот со нови сили... а за тестови сите сме исти хахах и јас едвај дочекав до денес, претходните денови за малку не купив Ве гушкам ❤❤
Минатиот циклус бев на фоликулометрија - ми се фати петок последно одење кога ми рече дека фоликулот убаво напредува и има супер големина соодветно на ден од циклус. Ми беше препорачано да се боцнам со Овитрел за да го прснеме фоликулот, но од друга здравствена состојба јас не сакав да го примам. Е сега муабетот ми беше дали ако нареден циклус идам на ехо после овулација ќе може да се види дали фоликулите ми прскаат?
Јас имам еден фрух тест од претходен циклус и иако пред неколку часа реков ќе чекам да ми касни, ама еве ме се мислам утре да правам.
I jas vi se priklucuvam tuka samo da ne mi e rano mene ke mi bide 10ti dpo??? Sreda srekno na site ke cekame ubavi slikicki da bleskat vo crveni boi ve guskam siteeee
Последна М би беше на 13.11 Овулуација ми беше на 13 ден од циклус (25.11) Во среда ми е 13 дпо. Нека биде среќна 13 Ви се приклучувам за среда среќно да ни биде на сите! пс зегин ќе соберат пари за к15 од нас
Здраво девојки ве следам некое време, па си реков да пишам и јас. Последна М би беше на 11.11 Овулуација ми беше на 14 ден од циклус (24.11) Во среда ми е 14 дпо. Се придружувам во клубот СРЕДА Да даде Господ еден куп позитивни тестови да наредиме тука празнично
Машала среда е денот се надевам најсреќен ќе биде за сите Апдејт на моите симптоми - денес градите ме болат повеќе од вчера, помалку имам болки како за добивање, расположението ми е одлично иии денес ми е 28ма ден од последна менструација. Ве гушкам ситеее
машала среќна среда ќе ни биди утре, со господ напред! многу ми е мило што се насобравме повеќе дами за поддршка, ама уште помило ќе ми биде кога ќе пишуваме во другите поубави теми. имам некое многу убаво чувство за утре, чекам позитивни тестови да знаете, договорено?
И јас истово го мислев и го напишав во темава. Дека ќе правам во среда тест. Среда среќно. И навистина беше среќен за мене. Се надевам и за вас исто ќе биде. Поздрав и побрзо до две црти