Не сме такви да не мислиме и така стрес уште повеќе си правиме.Јас сум 5 дпо и немам никакви симптоми за сега.6 месеци во обиди и сеуште ништо.
Јас на 22.06 имав Позитивен тест за овулација и не знаам сега кога да правам тест.... а по календарот ми доцни 4 дена дали е вистина не знаам Едит: и ние сме 6 месеци во обид
Јас на 29.06 имав позитивен тест за овулација и прв пат следев со тестови,не знам претходно дали сме ја погодиле.мислам дека ти е време за тест,а се надевам и ке си видиш две цртки.
Денес, утре можеш да направиш тест. Мислам две недели ти се поминати веќе, ако има нешто би требало да покаже.
Затоа и бременост водат од прв ден последно добиено, зашто ни ние ни докторите не можеме да сме сигурни без следење кога е настаната овулација. Јас мислам да направиш тест, веќе и ти касни 3 дена, не е малку. Ајде купувај тест.
Да се прејавам,вчера доцна направен негативен тест само шур чек имаше во аптеката,но еве сеуште не ми доаѓа,дали е можно да бил лажно негативен?
На 250 бета шурчек ми даде негативен, па сеа види. Срање тестови се, побарај Лабоквик, БиСејф, СелфКлиар.
Здраво женски, мене ми е 15ти ден, почнувам да бројам денови до недобивање. Месецов бев стимулирана и примив стоп инјекција пред 3 дена, но сега имам многу болки во градите и ме боли стомакот од време на време како да ќе добијам. Дали некоја од вас имала вакви симптоми за време на овулација? Дали е нормално или треба да одам на лекар?
Со лесно да ти минат деновите, уживај сее тоа нормално сигурно и претходни месеци ти било вака ама не си приметувала. Ти посакувам позитивен исход.
Болка во градите ми се појавува обично недела дена пред да добијам, ова се две недели. Многу рано е некако. Минатиот пат кога бев стимулирана ниту болки во гради, ниту симптоми за добивање, тогаш многу лесна менструација имав. Ама ајде ќе почекам и ќе видам што ќе биде.
Кои се најдобри тестови за овалуација ? Видов неколку имате пишано. Според календаров си вика едно но јас сакам да се осигурам. Инаку почнавме да пробуваме пред 2 месеци. Ќе ви се приклучам на 2 weeks wait за недела ипол...
Oview се некако најдостапни по аптекиве, плус се 5 во кутија за околу 300денари. Лабоквик се 2 во кутија и многу ретко ги има, а реално ти требаат повеќе.
Добра вечер девојки Во последно време постојано ја следам оваа категорија, па еве се решив да пишам и јас во темава. Не би сакала да зборувам искрено толку на темава надвор од форумот. Оваа ни е само втор месец како се обидуваме за бебче, ама искрена да бидам, не ни можев да замислам колку ќе сум нестрплива. Секогаш давав совет дека треба да се биде опуштен и да не се преоптеретува со тоа, а сега и јас сум иста. Тестови за овулација немам правено, но, досега секогаш имав редовна менструација, според календар денеска би требало да ми е 6 дпо, следниот викенд ми е викенд за (не)добивање. Симптоми исто не следам конкретно, ама бог да чува сум, се нешто што ќе ми се случи, го поврзувам со бременост. Ви(ни) посакувам на сите што побрзо да се оствари желбата.