Леле колку се израдував кога видов твој пост во темава Малку време се обидувате мила, премалку за да се оптеретуваш со тоа. Рачунај дека доктори и до година обиди велат да не се крева паника. Ќе биде, ќе видеш. Само гледај цело време да не ти биде таму умот. Нормално знам дека ќе ти биде дека на сите ни е и мене ми беше ама ете кога реков нема шанса да бидне тој месец, баш тогаш бидна Следи си овулација, бидете си редовни преку еден ден или па секој ден ако сакате, и нема да пропуштиш плодни денови. Дај Боже што побрзо да се израдувате сите што сте во очекување и да нѐ дружите во труднички
Да, секако дека знам дека е прерано, ама некако самата психа ме тера да мислам. А секако имаме во Септември свадба, па не е дека ни се брза толку за некаде. Решивме сепак да пробаме, знаеме може да потрае и повеќе, а ако биде биде. Мене и докторката ме советува исто, ја прашав дали треба да правиме испитувања пред да почнеме со обиди, ми рече дека нема потреба, до една година било сосема нормално. Во секој случај се надевам на две ветки во скоро време, па може и ќе се дружиме во труднички.
Јас овој месец не добив... А редовна ми беше до предходниот месец, бремена не сум а за 1 недела треба да добијам но денес вечерва загледав средно густ бел слуз што се тегне у конци што се вика веројатно денес е денот за работење мм?
Прв месец правам тестови за овулација, па немам баш искуство. Добивам редовно на 28дена, а денес треба да ми е ден на овулација, но црткава е иста последниве 4,5 дена.. Ни побледа, ни потемна.. што значи тоа? Има овулација, нема... ?
Пошо обично пишува од кој ден да почнеш, тестирај се навечер и сабајле. Така нема да промашиш. Уште ти е рано, избегнувај и пиење многу течности пред да се тестираш. Најверојатно покасно ќе имаш овилација месецов.
Епа тоа смета, дури и пишува да се избегнува и на упатството. Ама секако ќе беше потемна, рано е за овулација, тестирај се два пати дневно, така најсигурно нема да утнеш.
Здраво.Во средата и вчера ми покажа дека имам овулација а ние имавме односи во недела и среда.Дали има некакви шанси?Дали тестот за овулација ви дава два дена по ред позитивно?
Овулацијата кај жените трае 24часа, а сперматозоидите остануваат живи во женскиот организам 3-5 дена, така да мислам дека имате шанси месецов
Здраво девојки. Темава ја прочитав од прва до последна страна до пред некое време била баш активна, но во последно време не е да ја освежиме малку? Втор месец обиди, денес 2дпо. За било какви симптоми верувам дека е рано, можам само да си ги измислувам Бидејки деновиве навистина споро ке поминуваат, а оваа тема е тема што не би сакала да ја зборувам со никој, се надевам дека ве има тука повеќе што одбројувате до тест па да си муабетиме..?!
Мислам дека темава ме натера да направам профил на Фемина. Трет месец (втор со пратење овалуација) во обиди. Деновиве ми беше овалуација па ќе ти се приклучам за 2 недели за не добивање. Тука сум ако нешто треба.
Супер ако бевте вредни, се надевам дека ке вроди со плод. Јас сум денес 3дпо, треба да недобијам на 30.08, веројатно првиот тест ке го направам ден- два порано Деновиве споро поминуваат и не сакам да разговарам со партнерот за ова, бидејки јас имам надеж и не сакам да му дадам на него “лажна надеж” ако не биде работава. Така да тука сме и ке се дружиме и поддржуваме една со друга
31.08 ми е за недобивање. Synced сме значи. Ако можеш да издржиш да ти задоцни барем еден ден пред тест да направиш, пробај. Не е лесно ама подобро е по препорака на многу членки тука. Инаку јас предходниот месец така малце повеќе се опседнав и гледав симптоми во се и сешто. Овој месец си реков малце по опуштено и да оставам на верба. За мм не ни правам муабет он има верба колку двајцата па и дупло, хаха. Топла препорака и за тебе.. тргај ги мислите. Ќе биде!
Епа здраво на сите! Ги следам сите теми веќе три месеци, од кога и почнавме да работиме на случајот бебе Искрено бев убедена дека ќе останам трудна од прва но ете веќе 3 ти месец неуспешно.. знам дека е рано но сепак ме вознемирува ова :/ Инаку и јас сум за НЕдобивање на 30.08 редовно следам овулација и искрено мислам дека сите 3 пати погодивме но ете, да се надеваме овој месец на успех!.. Ме мачи само тоа што секој месец крварам на овулациски денови, иако редовно одам на гениколог и докторот ме убедува дека е нормално, некако сега и тоа ме мачи ..
Иста бев и јас. Од речиси 0 познавање на темава, магистрирав за месец дена Ке се потрудам да не се опседнам овие 10тина дена Нека поминат брзо и нека ни донесат 2 линии