Здраво! Не се обесхрабрувај тек смо почели! + ако си несигурна отиди на уште еден преглед кај друг доктор, чисто за потврда. Инаку, ќе биде кога треба да биде.
Ќе се дружиме и ке одбројуваме заедно За крварењето немам искуство, но од искуството на многу членки тука тоа е навистина честа појава и не претставува никаков проблем. И плус доктор ти има кажано. Така да, јас не би се оптеретувала со ова да сум на твое место. А ако ти е полесно, побарај и второ мислење.
Мило ми е што повторно е активирана темава, пред тоа многу пишувавме со членките тука и стварно ми беше една од омилените Дај Боже што побрзо да си ги видете 2 жар цртки и да нѐ дружете во труднички
После прочитана цела тема, ти и уште неколку членки сте ми омилени и читајки ве ви се восхитував на истрајноста, упорноста, позитивноста… со вас тагував и се радував иако сето тоа се случувало пред година, две.. а јас ги читав неделава буквално како книга да читам, книга со која се соживувам. Вашето дружење тука ме поттикна да пишам и да пробаме да ја оживееме групава, заедно да се радуваме и да споделуваме убави и понекогаш неубави моменти (за жал).
Фала ти многу на убавите зборови, ми значат Ќе биде сѐ, само опуштено. Еве скоро сите од групата се мајки или моментално сме бремени, значи вредело чекањето, без разлика колку долго ни се чинеше Верувај кога ќе го добиеш тој позитивен тест на сите маки забораваш, да не зборуваме па кога ќе си го гушнеш чедото, сѐ ќе ти биде назад во минато
Кај мене минаа три месеци без успех. Првите два некако барав и јас симптоми во се, мислејќи дека веднаш ќе биде. Третиот месец веќе се опушрив малку. Овој месец сум малку подалеку од вас, во текот на оваа недела би требало да ми биде овулација, според календар на 23. Не следам овулација со тестови сеуште, ќе почекам уште месец-два, па можеби тогаш.
Штом не следиш овулација, најдобро да се има односи на 2 дена од крај на менструација до евентуален почеток на нова. Ова дефинитивно ке го практикувам и јас, доколку не биде успешно и овој месец. Така ке бидеме поопуштени. Сега бидете активни и дај Боже да биде овој пат. Те чекаме со нови вести
Исто.. ништо посебно и поразлично до сега. Само нетрпението, желбата, надежта за позитивен исход растат Но одбројуваме полека Тука полесно и побрзо ми минува времето, знаејки дека повеќе сме во иста ситуација моментално
Јас сум болна многу лошо спиев, ме боли и грб и врат и кашлам многу мислам дека ќе одам на лекар до после .. инаку за чекањето од две недели не знам стварно, потсвесно се оптеретувам а вака као не мислам и не се замарам оставам да поминат две недели па што биде, биде..
јас бев вака билна до пред некој ден, за пред некој ден скроз и гласот да ми се фати. Заспав со клима и тоа е ама ќе помине, само е досадно
и јас да се пријавам во чекањето треба да НЕ ми дојде на 28.08, со редовен циклус кој трае обично 4-5 дена според двете апликации во моб денеска сум ( 8дпо/9дпо) сакав да правам тест clear self но мислам дека најдобро да почекам до петок бар.Иначе втор месец се обидуваме првиот месец ми беше многу стресен и плус бев опседната дека тоа е тоа ама ништо... се разочарав сега сум порелаксирана и гледам да не се опседувам и да проверувам на нет како првиот пат .Од симптоми имам грчеви во долниот дел и тоа чат-пат, и болка во градите, главоболки до пред неколку дена
и јас мислам дека петок е рано, барем ден два пред добивање да почекаш, ако веќе како мене не можеш да издржиш до денот за добивање. Ти посакувам 2 цртки Јас закажувам тест 2 дена пред денот за добивање, ке правам на 28ми
Здраво на сите,еве и јас сум ден или два пред циклус,не знам точно бидејќи не ми доаѓа секогаш исто.Од вчера наваму имам симптоми како да ми е веќе периодот почнал но сеуште не е.Тест правив вчера и беше негативен така да ништо и овој месец.Држам среќа за сите вас
Искуството на членките тука вели дека има надеж се додека не добиеш. Иако звучи клише и можеби делува како влевање “лажна надеж”, сепак треба да се земе во предвид и ова, со доза на резерва. Велиш не ти е редовна менструацијата, така да може е и покасна овулација. Пуштам среќа за позитивен исход