Денес 5дпо. Нетрпеливоста расте Имам повремени болки во стомак и болки во половина, 10 дена пред менструација никогаш не ме болеле. Градите ми се ок и не ме болат. Стомак подуен, но секогаш ми е во овие денови. Два дена имам течна зеленикава столица (а во последно време сум само на сува храна, скари..) и гасови. Толку. Не знам дали некој од овие "симптоми" има логика, ама ајде барем надеж и позитивни мисли ми идат од нив 7 дена до тест, и секако нема разочарување доколку не биде Вие како сте? Како ги поминувате деновиве? Какви симптоми и промени си осеќате?
Јас најискрено сум фокусирана на одморот - одиме викендов и баш сум возбудена. Мислам само колку ќе се релаксирам. А треба да не добијам на 31ви па ако дојде до тоа, таму еден тест ќе направам. Освен мала тапа болка во јајници немам некој симптоми. Со лесно нека ни е одбројувањето - don't look too much into it!
Баш убаво! Минатиот месец и јас исто бев на одмор баш во овие денови и воопшто не ги ни осетив како поминаа.. Ти посакувам убав одмор
јас денеска 9ДПО (или 10ДПО) -главоболка мала -тапи болки во долниот дел од стомакот и од лева страна -сува уста ( нз колку вода испив од сабајле) -болки во половина -запек и гасови
Веќе 4ти ден со симптоми за менструација но ја нема,еве на работа едвај издржувам и чекам да дојдеКако си ти како е кај тебе?
Кај мене ништо посебно. Чекам ден два пред датум за добивање за да правам тест. Ти дали го повтори тестот? Колку дена ти доцни?
Уште колку имаш до добивање? Денес ми е 14ти ден од овулација,немам редовна менс.па затоа не знам дали ми доцни.
Јас имам уште 8 дена до добивање, т.е недобивање тест ке правам ден два претходно. Кога ке правиш ти тест? Да не известиш тука
Колку и да ми беше тешка темава, вака кога ја гледам активна колку само ми будете убави спомени кога ние вака чекавме и броевме денови заедно. Ви посакувам од сѐ срце да се израдувате што побрзо и да дојдете во поубавите теми, навивам за секоја од вас! Дојдов само да ви дадам поддршка, дека убаво знам колку значи.
10-11дпо -тапа болка на лев јајник -болка на допир на гради -болка во половина -промени во расположение ( сабајле станав позитивна сега сум депресивна) -често одење во wc ( што и природа сум така) денеска бев во план да се тестирам но некако ме фаќа страв да не се разочарам може утре или викендов се тешам сите симптоми дека ми се исти како пмс за да не си давам лажна надеж
Ако можеш да издржиш до сабота/недела за тест Како за себе, така и за вас имам нетрпение и неизвесност и секако, желба за позитивен тест. Јас денес 6дпо, од симптоми ништо посебно. Само краткотрајни и ретки болки во стомакот и половината. Траат по 5мин. И од денес бел секрет, за кој не сум сигурна и не можам да се сетам дали до сега пред менструација сум го имала. До пред месец два не сум обрнувала внимание на ништо. Не сум сигурна за белиот секрет дали е симптом за нешто, ако знаете ве молам просветлете ме. Ако гуглам, ке испадне симптом за се
богами што викаш ќе испадне нешто,на апликација Femometar има да сликаш за секрет јас колку што приметував околу овулацијата и после 2-3 дена секретот беша растеглив и боја како egg white после. бтв сега приметувам дека на двете апликации како предвиден ден за НЕ добивање ми е 26.08, каде можам да ги најдам лабоквик ги има ли во зегин,еурофарм?