Јас минатиот месец барав лабоквик во неколку аптеки и не најдов. Видов само на аптека 24 онлине. Во Зегин воопшто го нема, а во Еурофарм ми кажаа дека долго време не им го праќаат. Само Бисејф лентите ги имаат. Кога планираш да правиш тест? Јас ке земам бисејф и селф клиар, како што можев да видам тука на фемина тие најмногу ги фалат и имаат најголема сензитивност. Со среќа Чекаме убави вести.
направив јас излезе негативен со self clear .... сега ќе чекам да ми дојде ако ми касни ден два пак да си земам тест ... држам среќа за вас да си ги видите двете црти
јас очигледно немам ни потреба да правам тест по розеникавиот исцедок сфаќам дека денеска добив, точно на 28ми ден. Ви посакувам на останатите две цртки.
Јас посакувам сите тука што се да се израдуваат..треба да бидеме релаксирани да не сме напнати и да не висиме и да го проверуваме секој симптом да ни забранат интернет и мозокот на пасање оти психата е страшна работа.
@nice-girl како си? Има нешто ново? Јас денес 9дпо. Од симптоми (ако можам така да ги наречам ) имам подуен стомак , гасови, мала количина бел исцедок, повремени грчеви, болка во половина и веќе почнуваат болки во градите.. Телото ми е топло неколку дена па мерам телесна тепмература која движи од 36,8 до 37,1. И рано заспивам инаку сум ноќна птица Се чуствувам баш како за пред добивање, но ке видиме. Тест за неколку дена @Rozevata ужива на одмор
@Iva.T чекам да ми дојде, симптоми истите сега дури и малку грчеви од претходно, др работи се исто но ќе видиме што ќе испадне на крај ти кога ќе правиш тест? @Rozevata како што викаат двајца одите тројца да се вратите
Јас ке правам прв тест 2 дена пред ден за добивање среда. Среќна среда се надевам дека ке биде а и сега гледам тоа е 28ми, убав празник Ти кога? Утре ти е ден за недобивање?
да утре е денот ама ако не стаса ќе правам тест или преку крв ама познавајќи што среќа сум ќе стаса знам држам среќа за тебе
11 дпо Симптоми ништо посебно не би издвоила. После купувам тестови, сабајле со прва утринска правам Wish me luck
Ми заигра во желудник кога прочитав. Се присетив на тој момент. Тебе ти посакувам среќа, а себе храброст да се пуштам во нови обиди
Ти благодарам Се сеќавам на тебе и твоите постови во темава. Доколку си пред се психички спремна, треба да се обидеш