Дај Боже и кај мене да биде исто. Таман од следниот викенд сум на одмор. Ќе гледам да се опуштам и да не мислам многу.
Не мисли воопшто,одете излегувајте на прошетки до доцна вечерта,облекувај се најубаво што можеш уште на искачање да се возбудите двајцата и едвај да чекате да уживате во водење љубов пред се,се додека одиме на опција правење деца ништо од децата
работете на случајот без многу размислување што ако , што ако не итн. опуштете и уживајте белки некоја ќе го разбие малеров во темава за да тргне работава конечно
Се пријавивам и јас , треба да не добијам за две недели од денес. Прв месец за обиди после 5 години, ќе видиме овој пат за колку време ќе се фати.
Како сте девојки? Кај мене теткава си замина па идеме со нови сили! Месецов само ќе си следам плодни денови и ќе се фокусирам да се опуштиме, нема да анализирам ништо по детално освен какво вино ќе одбереме. Со нетрпение чекам една да го скрши мразот!
Jas cekam da dobijam ...ke vidime sto ke bide do 13 14 resiv da ne pravam testovi..mada so moi racunici 90% nema nisto vekje GOSPOD E GOLEM NEKA BIDE VOLJATA NEGOVA♡♡♡♡
И со моите рачуници чекав да добијам и баш тој месец не ги барав симптомите за бременост туку за добивање па еве сум веќе ја терам повеќе од пола 9та недела
Пред се ти благодарам. Бевме на одмор скоро месец дена со мм,бев потполно опуштена и гледав да се забавуваме не мислев на тоа иако ни беше договор дека кога ќе се вратиме од одмор ќе одиме двајцата на доктор за една чиста контрола да видиме да не имаме некаков проблем,кога се вративме точно беше месец од добиеното кога го имав предходниот пат бев незаинтересирана да правам тестови бидејќи и предходниот месец ми задоцни малку и мислев сега уште сум била на патување и не бевме во една држава климата ме пореметила и ќе добијам,всушност и ги имав сите симптоми дека ќе добијам но ете после 3 дена од доцнење направив тест и искочи позитивен но поради болките што ги имав како да ќе добијам веднаш отидов на гинеколог убаво ме прегледа ми потврди бременост и ми даде апчиња со кои сум еве и ден денес и фала му на Бога растеме
Еј девојки еве да се пријавам и јас дека бројам и овој месец…сабота ми е термин за добивање, од завчера почнаа гради да ме болат и баш ми се цврсти… лице исфрлано со по неколку бубулички… симптоми како за пред циклус. Претходниот пат кога забременив бев само подуена отечена и гради ме болеа од пред термин за циклус можда до 8-9та недела од бременост. И уште еден симптом кој не е баш чест кај сите жени… цело време ми играше окото… оваа недела исто осетив неколку пати. Се изначитав што придонесува до оваа појава и најдов инфо за недостаток на магнезиум и нагло скокање на хормони/уствари прогестерон… па ќе видиме што ќе биде Овие последниве денови од чекање ми се најмачни
Јас сум во плодни денови, дата за недобивање ми е 27.09. Искрено спремаме свадба, имаме и 2 блиски свадби месецов па фокусот ми е некако таму Сега отворив апликација па видов дека се плодни Инаку си работиме, како што се договоривме на 2-3 дена, опуштено скроз Симптоми овој пат нема да си барам ниту јас. Среќно на сите.
@Iva.T сега сме тука некаде со датите за добивање. Мене ми е 29.09, точно на ден после свадба. Тоа е причина плус да сакам да изостане месецов. Гледам и на тоа поле сме слични, па ајде да се надеваме на свадбен поклон овој месец.
Амин И времево не затвора дома, имаме повеќе време за работа Чуствувам дека ке биде убав месец и полна тема со позитивни тестови
Јас во таков хаос спремајќи се за свадба кај најдобра другарка (помагавме многу околу китење, китенки, средување, цел ден турбо и се во 5 до 12 на 2 дена пред свадбата) па заборавив да направам тест за овулација и мислев дека за неколку дена ќе ми биде овулацијата, ама за 2 недели ме изненади каснење на циклус к позитивен тест Препушти се на журкање, само ќе си дојде.