@ANAMARIO @specificone @Baby warrior и сите други кои сте во исчекување.. каква е ситуацијата? Мене официјално денес ми почнуваат 14 дена чекање. Јас искрено овој месец немам надеж голема, ама ајде.. ќе чекаме сепак
Ох. Можеби клише е.. ама следен месец - следна шанса Еден ден ке ни се оствари. И навистина не мислев дека е вака напорно.. бев убедена дека е “плукни залепи”.
Е да де не ни останува друго… јас првиот пат фати од трета ама имав лоша среќа и многу тешка бременост го изгубив во 5ти месец па сега по 6/7 месеци се осудувам да тргнам одново во борбава … целата со стравови и аксиозност ама не ми останува друго освен напред да гледам… сакав назад ама не може! Да сме јаки сите и да истраеме!
Уште пет дена имам, колку бавно ми минуваат деновите… Од симптоми имам некој грчеви во стомак што до сега не сум имала пред да добијам, еднинствен симптом ми е главоболка два дена пред добивање па ова го сметам како некој знак! Дали некој правел тест Clear Blue тест и колку најрано може да го направам?(пишува 6 дена порано ама нели е некако многу рано тоа?) *Не сум во Мк затоа прашувам за овој тест?
Една мисла за тестовиве за овулација… овој месец сакам да ги пробам да не утнувам нешто во пресметкиве. Од кој ден почнувате да тестирате најчесто?
Мене ми е 27/28дена ама минатиот пат останав бремена порано од 14ти ден изгледа лутеалната фаза ми е подолга па вероватно ќе треба порано да почнам, кои тестови ги користите како најповолни?
Девојки како сте, до каде сте? Има ли некоја радосна вест? Јас имам уште 4 дена пред добивање, но како што пишав и погоре за овој пат не очекувам воопшто. Не бевме ни многу вредни.
Ја сум на пола, 16ти ден денес, имаме уште многу за чекање. Месецов не се смарам ама воопшто. Желудникот го разболев од нервози. Ако не биде следен циклус одам на асистирана репродукција па како ќе биде така. Ви пуштам среќа на сите што очекувате
Мене од утре според апликацијава ми почињаат плодни денови па се фрламе на работа. Тестирам со овулациски тестови прв пат, почнав од вчера за секој случај ама светли се рано е … вероватно неделава ќе потемни среда/четврток Сега баш си размислувам како уствари ми се руши целото уживање во односи од ова нервозиве за дали ќе биде или нема да биде Имам зборувано и со другарки што се помачија и баш генерално сите така се осеќаат после некое време … додека мислам ќе успееме или не … ми поминува меракот за уживање и само мислам на исходот Ваљда не ми е чувствово само мене вака а?
Не е само кај тебе и кај нас е исто.Сите ни викаат опуштете се, не го гледајте како да мора да биде, а ние ко за инат се напнуваме и некако како механички не ни уживаш, туку буквално само да завршиш работа. Овој пат си рековме што сака нека биде, па ако не сака природно има и други начини.