Јас малце сум збунета, само што направив овулациски, прикачувам и слика за тие што сте искусни со тестовиве Од горе према надоле 9ти ден 22.9 10ти ден 23.9 11тиден / 24.9 https://ibb.co/X4PP2jG Ви изгледа позитивен нели?
Знаев дека порано ми е овулацијава и грешка правам со калкулаториве од апликации, 11ти ден денес ај да се надеваме дека овој месец ќе ја погодиме работава маж ми па денес најде да се задржи до покасно на работа
Ова ме потсети на мене и маж ми хаха, требаше гости да ни дојдат од 5 а ние до 4ри на работа, стигнав ја пред него он заглавил, уште од врата го грабнав хахахах, само да не промашиме
Пресмешно беше, му пишувам сега ајде до кај си позитивен е тестов … ми вика ок читав и денес и утре можеме не се успаничувај
Знаеш како се осеќам… само да успеам на свет да донесам здраво и живо бебе и после продолжувам со животов без правила… од се она што ми се случуваше зимоска само стрепам за секоја најмала ситница си ветив дека нема да бидам таква мајка…само да успеам
Сабајлево со прва утринска најдоле… мене ми изгледа како да бледее веќе, пред него тој е вчерашниот околу 16:00 https://ibb.co/HHBCqXf
Да дефинитивно било вчера пикот! Па не е дека е нај романтчно ама кога ке размислиш на позадината.. "in the mood" сме за кратко. мм вика идеме маратонска недела. Не е секогаш темпирано ама да.. со умисла. Уште очекуваме позитивен тест ајдееее која ќе го скрши мразот..
Само што ми стигна потсетник од My calendar дека доаѓа за 2 дена и знам дека стварно ке дојде. И јас мислам дека еден позитивен тест тука ке влее надеж кај сите! Има ли некоја што ке прави тест деновиве?
Јас направив на денот кога требаше да ми дојде и линијата воопшто не се гледаше, а еве денес, 2 дена покасно се гледа убаво. Така да почекај немој да првиш пред, не поминува време знам али подобро да не брзаш.