Лелееее бравооо, рековме септември ќе биде барем една!!! Ти честитам! Да си имаш лесна и школска бременост! Исто и јас да си прашам ко @Iva.T после колку месеци? Do share. Ајде девојки, која е следна?
Инаку мене дури нареден Петок ми е ден за не добивање. Не сум нешто оптеретена, бевме доста опуштени и растрчани со обврски, бевме активни па ќе видиме. Stay tuned.. Дај придружете ми се останатите.
Благодарам, на секоја ви посакувам што побрзо да биде и кај вас. Инаку за среќа овој пат се фати од прва, мене ова ми е втора бременост па мислев ќе се помачам малку како за првата али еве, сега имав среќа и ви посакувам ваква на сите. Дај Боже да биде се во ред до крај!
Честитки ,ти посакувам лесна бременост да си имашМожеби е глупо ама ме интересира какви се овие тестови што даваат такви линии,дали се смета хоризонталната или оваа другата.
Другарки Не знам дали ке видите во другата тема, па морам да постирам и тука. Ова е буквално кога најмалку се надевав! Пишував и тука, чекав секој момент да пробие, почнав да одам на испитувања, чекав да добијам за да закажам проодност на канали. Тестовите се направени на ден на добивање, доцна навечер. Немав ни план да правам, ама имав дома еден па си реков ајде ке го искористам. И шок. Па трчав во дежурна аптека за втор. Бев сабајле да проверам бета, чекам резултати. Ако се е како што треба и тестовиве испаднат стварно точни … Ке ви пишам после
Бетата е 327 Ви благодарам девојки Од се срце посакувам сите што поскоро да објавите позитивни тестови Вие сте први што дознавте!
Хаај ние сакаме бебенце но ми е ептен тешко да форсирам секс и тоа со свршување баш кога се плодни денови или свршил завчера денес не може и така месец по месец поминува времето Пишува најдобро е секс на секои два дена па не може да свршува на секои два дена не знам што да направам да може и сака често да свршува
Не го гледајте тоа као дека морате, тоа ви ствара притисок и стрес. Пробајте да уживате во тоа. Некогаш и нема потреба од секој втор ден, доволно е да погодите овулација. Пробај да уживате во сексот, правете да ви биде интересно. Зашто колку повеќе мислите и форсирате, се оптоварува психата и се дешаваат вакви работи. И јас се напнував и мерев и овулации и се за на крај да си речам неможам веќе што сака нека биде и дали 3 пати имавме со сопругот и тоа баш беше најнормално не ајде ајде мора секс. И еве сум 32ра недела терам. Се ќе биде, психата е најлоша работа.
Здраво девојки, 3 месеци пробуваме за бебче, плодни денови ми беа од 15 септември до 21ви. Сега сум на една недела до (не) добивање, засега не осеќам никакви симптоми, се надевам дека така и ќе остане.
Мечка страв мене НЕстрав Девојки еве ме во темава, 12 ДПО сум, и освен што ме боли стомакот како во секој момент дека ќе добијам друг ќорав симптом немам а и после се што пројдов периодов овај пат трошка надеж немам, така да веројатно ќе почекам да ми дојде па ќе одиме на инсеминација. Кај вас како е ситуација? @Iva.T честиткии, со лесно да си го поминуваш најубавиот период
Еве ме и јас, за шест дена треба да (не)добијам, стомакот ме боли уште од вчера, некако некои благи болки и ми се појача апетитот други симптоми немам засега. Не се надевам ама баш ич, не бевме нешто многу активни месецов, а и од тоа што беше некако тешко да се има фатено. Чекам да видам што ќе излезе и закажувам преглед да се договориме за инсеминација. Втора ќе ни биде, првата беше неуспешна, па правев хистеро-лапаро и еве ме после пет месеци се уште ништо. Не губиме надеж
Да ти честитам и тука. Имај си нај лесна и школска бременост! Пре драго ми е за тебе !!! значи ете уште еднаш се докажа тоа кога најмалце очекуваш! Септември е прекрасен, како што рековме!