Дополнително имај на ум дека подобро е пред да се случи овулацијата да имате односи за да остане материјал во матката … отколку да ја промашите….секако си опстојуваат според некои истражувања и до 4-5дена и имаат капацитет за оплодување на јајце клетката
Девојки, нова недела нови одбројувања. Јас почнав да бројам. Како сте ми и колку сме што сеуште броиме? Дали има некоја што чека за тест? @Ambitious @Elen4e89 @specificone ве чекам, со било какви вести. Инаку бев во четвртокот и до кај матичната чисто да ме види, а и да ми каже фоликулчињата до каде се. Имам тенок ендометриум и ми даде да пијам 3 дена естрофем а од вчера недела 10 дена ќе пијам дабростон. За поголем стимул, исто така ме советуваше да јадам повеќе мрсно (затоа што не козумирам многу мрсна храна) и овошје, зеленчук (цвекло) во зголемени дози. Некоја во слична ситуација со тенок ендометриум? Гледам дека не е реткост. Ве очекувам да ја живнеме темава уште повеќе.
Одбројувам и јас . Направена инсеминација во петокот, добро поминавме, после тоа работевме и ние малку цел викенд по препорака на докторот, сега останува да поминат тие две недели Инаку за ендометриумот ми имаа кажано дека сок од калинка и самата калинка помагал многу како и цвеклото. Сега е сезона на калинките таман. Јас си цедам дома, а имаш и природни без шеќери во маркетите. Исто и бразилските оревчиња доста помагале. Јас по три јадам на ден.
Јас бев на гинеколог ќе пратиме овој месец фоликули, доколку ништо не биди и овој месец нареден ќе правам HSG.
Ти посакувам да се вроди со плод. Ќе одбројуваме заедно! Бразилско оревче check и јас зимам по три Ама за калинката не знаев, ќе купам после баш. Ти пуштам среќичка! Мора да биде.
Аххх таа вештерка. Идеме со нови сили месецов што следи! Не си сама! Колку време се обидувате? Нас овој ни е 5ти - сеуште сум убедена дека ќе ни се деси, не се вознемирувам, ама и не оствам на случајност, ќе следиме со матичната месецов, па ќе почнеме со некои испитувања од нареден. Ќе биде затоа што мора да биде кај сите нас, да си знаете!
Седмо одбројување ќе започнам. Гледам повеќето од вас имате правено некои испитувања и следите редовно овулација. Јас до сега ништо од тоа, земав сега тестови за овулација да видиме неколку месеци дали ќе смени нешто. Уште пред да почнеме со обиди гинекологот ми кажа дека нема потреба за испитувања од старт, да почекаме првата година. А една година ми се гледа како век, ќе треба да си ја фатам работава порано па да бидам мирна.
Neznam dali te imam pomesano so nekoja clenka ama ako zivees Germanija, zemi testovi za ovulacija od elektronskite online preku Dm najtocno mozes da utvrdis
Намали малку притисок врз сама себе. Ти збори некој кој 5 години, во сите клиники појде и на крај кога реши да си се собере роди дете. Во секој случај, ако некогаш недајбоже ти е потребно киндервунш клиника, ја знам најдобрата во Германија, пиши ми ќе те упатам. Секако хормони и циклус мониторинг кај матичен може да се направи, ехо преглед, не штети ништо. Ако имаш некои прашања за нешто исто можеш да ми пишаш, знам колкава е желбата и посакувам на сите да се исполни. Храна со омега, вит Д и вежби за циркулација секој ден се многу профитабилни.
Искрено не сум толку под притисок колку што изгледа, или и самата не сум свесна за тоа. Ама да, дефинитивно треба да се опуштам малку. За испитивања секако мислев на основните што се прават кај матичен. За друго сеуште не сум размислувала, се надевам да немам потреба. Фала ти.
Девојчиња како сте? Некако ептен тивки на темава, имам чувство дека е затишје пред бура од позитивни тестови Јас од денес одбројувам 2 weeks, ама немам никакви очекувања, после подолг период си ја опуштив душата и реално уживав во односот без да правиме бебе После биохемиските ми се испоремети циклусов и се сум со доцна овулација, дури и болка осетив вчера во лев јајник а претходно не ми се случувало. Стискам палци да црвенее од тестови крајов на месецов
Ние со сопругот пробувавме 6 месеци и во тие испитав хормони, генетски мутации, брисеви, пап, спермограм сопругот... А докторката ми рече да направам хсг уште и да пробуваме после. И јас така два месеци одложував не ми се даваа пари некако одма и месецот идам правам хсг на 10 ден од циклус ради продолжен викенд фати, на 15 овулација имав и на 27 направив тест позитивен. Да не направев хсг (ми кажаа сум имала запушување на лев јајник а све таму овулирав) немаше уште да останам бремена и ќе си одеше време може залудно. Мислам убаво е да направиш некои испитувања па после пробувајте.
Леле да ептен ја стишивме темава, претпоствувам сите си броиме тивко. Јас па и заборавам дека бројам.. опуштено многу месецов. Тоа и ми беше целта, малку да намалам со толкување на се. Оставам на времето. Како сте ми вие, сите останати?
И јас исто заборавам дека бројам. Некако периодов ми е со многу обврски, де на работа, де свадби, слави, родендени, не сум застаната. Денес баш гледав на календар имам уште пет дена до тест. Симптоми ништо посебно. Оставаме на времето
Јас си бројам тивко во себе не премногу, ама еднаш во ден се потсетувам до кај сум хаха Симптоми немам баш никакви, ваљда и престанав да ги барам, ама не ни мора да имаме кој знае какви симптоми доволно е две жар црвени линии
Здраво, сакам да ви се придружам. Полесно ми е кога ќе споделам тука и подоцна ако сум заборавила нешто само ќе се подсетам а секако е битна и подршката. Вака последна менструација на 28.09. Овулација на 16.10 ( правев тестови за овулација па знам со сигурност + имав исцедок како белка од јајце) Имавме односи на 14ти и 16ти , мислам тие се клучни за бременост.. Требаше да добијам вчера според мене 28.10 ама не добив, на апликација пишува за денес, но сеуште неммам ништо, сама сум дома цел ден па сто пати бев да проверам…правев тест во неделата беше негативен.. денеска немам тест а и ми е страв да правам некако.. Од симптоми имам болки во долниот дел на стомакот веќе 5 дена и болни гради од денеска некако ме жежат. И синоке на бришење имав како две три мали лентички крв, баш минимално. Или ке пробие или е имплантациско. Во глабала ми се како симптоми за добивање, но истите ги имав и со првата бременост, баш знам дека пиев апче за болка затоа што мислев дека секој момент ке добијам и се разочарав, мегутоа на крај добив позитивен тест, фала му на господ. За првото дете пробувавме скоро цела година, на крај се фати од еден пат пат во месецот и тоа не гледајки кога е овулација.. сега за второ си рековме како не се пазиме па кога биде тогаш, ама некако помина пак една година и овој месец купив тестови за овулација за да знам со сигурност кога ми е. И некако како го видов тестот многу се разочаравме и јас и маж ми, затоа што некако баш ни се јави желбата за бебе.. и мислевме дека овој пат ќе оди полесно, затоа што реално е измачување ова пратење овулации, темпирани однооси, чекање за добивање.. Малку подолг пост напишав, извинете
Добредојде. Направи си уште еден тест за да си сигурна, барем ќе знаеш на што си. Инаку појди до матичната на консултација, чисто да видиш што ќе те посоветува можеби ќе предложи да почнеш со некое испитување. Зошто да губите време ако сте решени за второ? Извести не и среќно.