Еве правев тест и е негативен, сега ќе си чекам да стигне, па следен месец со нови сили, инаку бев на редовен преглед вака се беше во ред и пап и баш ми кажа дека имам добри фоликули. Исто со првото све испитавме и све беше во ред и кај мене и маж ми.. Ништо тоа е, кај некој побрзо кај некој поспоро, битно да бидне некогаш
Еден мал upadete од мене, да ве мотивирам малку да пишувате Од денес некако чудни сипмтоми ми дава телово чувствово за мирис ми е ептен изострено, парфемите на сите по улица им ги почувствував, и плус кафето не ми е убаво.. не се дешава баш често да оставам кафе недопиено.. Рано ми е за тест и реков не правам пред време, ама веројатно подолго од недела сабајле нема да издржам бај д веј 10 Дпо сум. Кај вас како е ситуација, @Elen4e89 @Rozevata ?
@Ani93 не одржувааашшш. Ајде да видиме, кога ти е дата за не добивање? Почекај барем до тогаш. Еве заедно ќе чекаме памтам во слично време бевме и со вештерките и со овалуациите. Јас немам симптоми освен главоболка и поспаност ама од се може да е тоа. Ќе си почекам до денот (4ти). Ќе бидете известени. Останатите како сте?
Ох ох мераци сите сме тука некаде, и со надежни симптоми дај боже да дојде дедо мраз малку порано оваа година кај нас @Rozevata 6ти ми е ден за вештерката, ама си се познавам себе си тешко ќе издржам до тогаш ќе се обидам, ама не ветувам ништо.
Еве сум и јас чекам уште. Теткицата треба да (не) дојде во недела, а утре треба да правам тест од инсеминацијата. Се мислам да почекам до недела, воопшто да не правам тест што најверојатно така и ќе направам. Чекањето убива ама посигурно ми е да не се нервирам Симптоми никакви скоро освен зголем исцедок што најверојатно ми е од кринон гелот што го ставам. Некако не се надевам многу дека ќе биде нешто, немам ни чувство дека и ќе добијам. Ама што е тоа е, ако не идеме на следна Ви пуштам среќа девојки на сите барем Ноември да го започнеме со убави вести
Овој месец ми е прв месец како следам овулација со тестови па очекувам утре да биде. 3-4 дена беше линијата со ист интензитет, еве денес е потемна. Утре-задутре ќе почнам пак одбројување како што изгледа. Ви праќам среќа на сите. Да го започнеме месецот со убави вести
Здраво на сите, минатиот петок конечно направив ИУИ (инсеминација). Овие денови имав секакви симптоми, болка во гради, подуен стомак, констипација, зголемен апетит, замор, и некакви болки во долниот дел од стомакот/јајниците. Неекогаш ми се чини дека измислувам симптоми бидејќи скоро секој месец иста песна (нормален циклус) Едвај издржувам без тест, се плашам да се тестирам и да излезе негативно... Со среќа на сите.
Рано ти е за тест, почекај не се разочарувај. Обично после 2 недели од инсеминација се препорачува тест.
Мила, прерано си направила тест. Јас позитивен тест имав 15дена после инсеминација. И да си бремена сега тоа моментално се вгнездува, ниту бета, ниту па тест ќе ти покажи точно. Ајде издржи уште малку, многу ти е рано. Ти ја посакувам целата среќа на свет да се израдуваш!!
Девојчиња, дојдов само да ви дадам поддршка и да ви кажам дека ве читам и следам цело време до каде сте, исто како многуте од вас што правеа за мене додека бев во темава. Навивам за вас и дај Боже што побрзо да ми се израдуватеее!!
Те разбирам, и јас до сега три пати сакав да правам тест но одлучив да чекам денот кога треба да ми дојде, денес ми е 14 ден од инсеминација, тест не ни правам ќе одам здравје во понеделник преку крв доколку викендов не добијам. Не се разочарувај, прави нешто во меѓувреме што ќе ти го тргна вниманието, ако ти е од помош јас си читам книги Ти пуштам среќа за една недела да имаш убави вести