Здраво девојки. Некое време ве читам, па решив да се придружам Минатиов месец прв пат пробавме. И телово малку си 'поигра' со мене. Ми даде многу чудни симптоми (или се ми беше од главата...), едвај дочекав да направам тест, на денот пред да добијам (сфатив дека сум била многу понестрплива од што мислев). Тестот беше негативен. Се разочаравме и 2цата ама рековме тоа е тоа, ќе биде следен пат. Амааа циклусот го немаше... два дена доцни, три дена доцни. Јас се радував внатрешно, пошто имам редовен циклус. Зедов пак тест, пак негативен... На 7ми ден од доцнење направив уште еден негативен. И веќе наредното утро си ги добив нормалните ПМС симптоми и знаев дека ќе добијам. Сега се спремам психички за ново броење. Ќе се трудам овојпат да сум поопуштена и колку можам да не мислам (само) на датумот кога треба да дојде. И ќе намалам малку со тестовите, ветувам Со среќа на сите, да се фалиме со убави вести!
Добредојде! Следи си плодни денови и опуштете се не си го оптеретувај мозокот да толкуваш секаков симптон. We've all been there! Без тест дур не задоцни! Ти пуштам среќичка, тука сме да броиме заедно. Ајде девојки да жари од две цртки Ноемри!
Добро утро девојчиња Да пријавам дека успеав да се воздржам од правење тест ама исто така настинав за сите пари, па изгледа недопиеното кафе од некни ми беше симптом дека ќе настинам а не друго. Симптоми нула (0), дури ме боли стомакот како за добивање ама ајде до среда има надеж сеуште. @Eho добредојде! Првиот месец е за загревање, така да нема разочарување, ако не овој месец ќе биде некој нареден. Имајте убав ден драги!
Јас чекам уште. Ми касни еден ден, но може и да е од кринонот. Реков денес да се боцнам, 17-ти ден од инсеминацијата, но ајде ќе почекам до среда, некако среќен ден ми е , но се осеќам дека ќе ми дојде, никакви симптоми немам. Како и да е, ако не сега следната
@Rozevata рековме ако не овој циклус некој следен, ќе дојде нашето време нема откажување. @Elen4e89 Јас стискам палци ти да ни донесеш радост овој месец, и секоја чест за трпеливоста. @Ане. Како си, имаш некои симптоми? Ќе си одбројуваме тука сите заедно, полесно поминува времето. Јас како и што ви кажав немам никаков симптом, ја нема ни вештерката ама пијам дабростон ваљда ќе ми доцни од нив, ќе чекам до среда за тест ма да мислам дека нема да биде ништо овој месец.
Привремена болка кај јаниците друго ништо, обично градите пред добивање ужасно ме болат и ми се тврди овојпат нема ништо
@Ani93 Ајде издржи уште многу малце имаш! Мене докторкатам и рече само 10 дена да го пијам добростонот и го престанав во средата, мислејки дека поради него ке ми доцни ама не бре, ни еден ден не закасни, дури подрани. Да ви кажам дека прво мислев дека е имплантациско затоа што вчера имав многу малце, на бришење само, и прв пат во мојот живот добиено без болка... имам доста болни менструации и ми беше баш чудно, мааалце дури се понадевав дека нешто можеби е.. Ама денес еве.. си продожи без срам вештеркава. Од кога почнавме да пробуваме, циклусов и телово секакви промени претрпи. Јас не разбирам.. @Ане. известувај не дополнително. @Elen4e89 ти ја пуштам сета среќа! Девојкиии ајде! Нов месец нова надеж, не застануваме!
@Ani93 @Rozevata Ви благодарам девојки, ми треба среќа Сите што сме тука да се израдуваме што е можно побрзо
@Rozevata и јас имав препорака 10 дена да го пијам дабростонот, го почнав од 16ти ден од циклус ама нели месецов имав ептен доцна овулација (ова не ми е проверено ни со лекар ни со тест, јас така си мислам ради сигналите од телово), па откако минатава недела си 'поигра' умов со мене го продолжив, затоа што мојата ситуација е малце покомплицирана.. ќе го пијам до утре, сакам да ти кажам дека генерално се пие 10 дена па се прекинува.. Жал ми е што ете не ни се исполнува желбата кога сакаме и се крши надежта ко ќе видиме дека дошла вештерката, ама убедена сум дека за сите нас има вистинско време а ние сме упорни женЦки и ќе го почекаме.
И јас се пријавувам со негативен тест и пмс симптоми, денес/утре ја чекам вештерката Баш како што викате уште поголем инат ме фати, следниот месец да не ја видиме @Elen4e89 мила ако не ти е проблем да споделиш кај правеше инсеминација и како оди постапката.. Се' си викам уште овој месец да се обидеме па ќе закажеме за инсем. Ама изгледа само си го губиме времето и веројатно е време да пробаме со инсеминација.
Поддршка и од мене девојки да ја избркаме вештерката. Јас денеска имам главоболка, мислам дека кај и да е ќе ми дојди, тест немам направено.
Јас сум кај Митко Ивановски во Систина. Задоволна сум многу од докторот, од пристапот комплет се. Процедурата ништо посебно, преку сестрата закажуваш термин околу 9ти ден од циклусот за фоликометрија и спрема тоа ти закажува инсеминација. Инаку претходно имам правено хсг, па правев една инсеминација, излезе неуспешна, па следуваше хистеро-лапаро, па пауза неколку месеци па повторно инсеминација. Ја првите две без стимулација на природен циклус, но следната ми рече ќе биде стимулирана. Сега здравје за два месеца ќе биде доколку успеат не успееме природно Надеж нема губење, само напред одиме