Не се предаваме ние лесно, нов месец нова надеж. Знам дека еден ден сите од темава ќе ги видиме двете црти од тестот.
Здрав на сите, јас прв пат пишувам на темава, од неодамна почнавме со обиди за бебенце Плоден ден - 20.10, мислам дека овој пат најточно погодивме, а треба да добијам на 8ми и секако дека не издржав уште два дена или да ми доцни, утрово направив тест со надеж дека и да има нешто ќе покаже ама беше негативен и многу се разочарав Земав два за секој случај, не знам ни дали за два дена да го правам вториот, веќе сум речиси сигурна дека ќе добијам, а симптоми сеуште никакви
Warm welcome имаш од сите нас! Иако рано си направила тест, been there, нема разочарување. Доколку те копка, почекај барем 1-2 дена да ти доцни па повтори го за да ти е мирна душичката. Инаку секогаш полчекај дур да задоцни.. само за да го избегнеш овој момент. Целта е јасна како ден, ќе си ги добиеме тие две цртки кога-тогаш и една по една ќе се префрлиме во труднички. Тука сме си активни така да, ќе си броиме заедно. Не знам кој имаше спомнато од членките, од прва само кај ретки случаеви и во турските серии.. couldn't agree more.
Благодарам премногу, баш ми требаше да прочитам вакво нешто Тие две цртки се сон на секоја тука и се надевам дека за брзо ќе ја споделуваме таа радост заедно Гушки назад и благодарам уште еднаш
Во врска со последниот дел што си го додала, ми поминало времето за редактирање, далеку од тоа дека беше прв пат Од Мај почнавме со обиди ама ајде, грешно броев плодни денови па не ги рачунаме првите месеци ама сепак, Ноември е сега. Размислувам да почнам дополнителни проверки, што правевте тие што имате искуство и после колку време?
Блиску сме. Ние почнавме јуни, ама од јули почнав да следам плодни денови со тестови. Септември појдов на гинеколог за обичен преглед и брис, пап. Се беше уредно. Сега бев да ми види фоликукули како се движат па и установивме дека имам тенок ендометриум. И сопругот месецов ќе направи спермокултура, па да видиме како сме. Сеуште не сме ептен свртени да испитаме се, нејќеме стрес да си правиме, ама да се почне од нешто.. Треба и да се ужива во меѓувреме мислам. Јас сум убедена дека ќе ни се случи.
И ние сме блиски од Април почнавме со обиди. И јас до сега од испитувања само фоликулометрија имам направено, овој месец ќе испитам хормони на 3ти и 21ви ден па да видиме ако има и време и проодност на канали ќе испитам.
Еве сме сите тука некаде, и кај сите ќе дојдат двете црти дека и да е. И ние сме почетници од Јуни, месец претходно бев само на обичен преглед, пап, брисеви, да проверам дали се е како што треба. И се беше океј. На почетокот не следев овулација со тест, почнав овој месец, па беше еден ден подоцна од тоа според апп, така да не сме промашувале баш. Неколку месеци ќе почекам да поминат со следење па ако нема ништо позитивно, почеток на следната година ќе испитуваме и дополнително. Овој месец имам уште една недела да одбројувам.
И кај мене вчера, ама овој пат баш болен циклус, веројатно од дабростонот. Одиме овој месец со нови обиди уште посилни
Кога почнувам да тестирам еднаш во денот, сабајле со прва утринска. Кога почнува да се затемнува линијата, тестирам два пати, сабајле со прва утринска и навечер после минимум 2 саати не идена во вц.