Кај мене нема ни вештерка (2 ден.) а ни позитивен тест. Сабајлево правев бета хцг и тоа е негативно, значи немам надеж. Сега да се молам за циклус да не ми се поремети... здравје нареден месец!
Исто и кај мене месецов траеше три дена, и тоа слабо онака по линија или ич.. докторката ме посоветува за тест да не станува збор за бременост ама не (нег беше), ссфативме дека од дабростонот ми е.. Така да ако ти е сомнеж направи си, да си раат.
Ајдеее, со нови сили Лунче! Сите сме заедно во ова. Ти пуштам сила и среќичка. Мора да се случи наскоро...
Истото и мене ми се случи минатиот месец, само два дена имав. Сега овие денови треба да (не) ми дојде. Во среда ми е 28ми ден од циклус но некогаш знае да ми дојде и на 30ти ден од циклус. Симптоми за добивање немам никакви
Даа, еве веќе ја избркав доста и е сеа да се фатиме за "работа" Полесно оди броењето со вас, ама дај боже овој месец сите да се преместиме во поубави теми *
Во упатството на тестовите за овулација што ги бев купила пишуваше да не се прават со првата урина, најдобро 10:00-20:00. Јас ги правев после работа 7-8 часот. Јас сум ептен напната и во исчекување. Петок ми е денот за (не)добивање. Уште минатата недела почнаа одвреме навреме некои болки во стомак. Вчера исто бев со болки, изедов се што најдов и си се изнаплакав. Тие ми се најкарактеристични симптоми пред добивање и бев убедена дека денес ќе добијам, а може и ќе биде, има време. Од една страна сум во исчекување во секој момент, а од друга страна за надевам да нема ништо.
Имаш апликација која можеш да си ја симнеш - фло, со која што можеш да следиш овулација и исто така да го скенираш тестот и да ти каже до кај е овулацијата. Во секој случај, ти посакувам да си ги видиш цртките во петок.
Девојки како сте? Во исчекување сум една од нас да има позитивен тест периодов. Јас еден чекор поназад за жал, добив повторно поради дабростонот, се надевам ќе се изрегулира сега се, во меѓувреме направивме и спермограм, не беше лош меѓутоа имаше спори, па решивме да одиме на инсеминација, да не губиме дополнително време. Сепак имало нешто ама среќа не е страшно. Останатите до каде сте?
Здраво, еве јас да се придружам, имав овулација на 13/14ти според тестовите, иако на апликацијата ми пишува на 17ти, се надевам дека погодивме овој месец. Имам приметено дека еден месец ми порано овулацијата друг покасно и така најизменично. Датум за добивање ми е 1ви декември. Ви посакувам на сите среќа и позитивни тестови
Мене денес ми е 6ти ден од циклус. Минатиот месец имавме инсеминација, овој месец природен циклус и спонтано ќе пробаме. Со среќа на сите месецов.
Поздрав и од мене. Според тестовите, очекувам да (не) добијам на 29/30. Се надевам брзо ќе поминат овие 2 недели Држам среќа, што побрзо, на сите да ни се исполни желбата
Мене ми доцни неколку дена, но и друг пат се случува да ми доцни бидејќи самата се оптеретувам психички и си го одложувам циклусот. Овој пат немам воопшто ПМС симптоми како болни гради, акни или мрсна кожа, овој пат имам постојани тапи болки во половината и пред неколку дена на влошката забележав една кафеава капка и на бришење имав како некоја проѕирна слуз. Денес собрав храброст и ќе направам тест
Да не си имала подоцна овалуација? Не си стварај дополнителен стрес. @Luna12345 Дали ти се излегулира цисклусот? Знам исто имавме кратко добиено.. Кај мене сега дојде добиеново повторно ама на долго, конкретно апчето дабростон ме направи решето, или па ме среди, еве не знам.
Имав подоцна овалуација но и од тогаш поминаа 14 дена. Денес зкажав преглед за во петок па ќе видиме што ќе каже докторот
Мене ми доцнеше 2 дена а после немав нешто посебно, како кафеаво и малку црвено.. вообичаено ми е така. Плус јас не пиев добрастон туку имав гел криноне.
Девојки да ве поздравам Одмарав малце од користење социјални мрежи периодов, имавме убави убави моменти за прославување, па еве сега седнав да си исчитам на раат тука. Од денес почнувам да одбројувам 2 weeks, одлучивме да почекаме уште некое време пред да закажеме инсеминација па наше е да уживаме во љубовта и да почекаме да дојде нашето време. Вие како сте ми? Едвај чекам да видам позитивен тест на темава одамна не сме ја зацрвениле, редно е!