Дечки, и јас бројам од денес, мада немам надеж Вторникот бев на хсг, па здравје чекам за инсеминација. И така .. Мачно ми е, ама си ќутам.. Си викам кој знае уште колку ќе се изначекаме... Инсеминации па ваучер .... Па дали ќе бидне... Малава и она веќе гледам не и е сеедно. Ја седнав и објаснив, не е веќе така мала... И кажав, ќе имаме бебе мама ти ветува, ама не можам да ти кажам кога ќе биде.
Само позитивни мисли, мора да биде. Сите ние ќе си ги дочекаме тие 2 цртки. Во меѓувреме, грижите не ни прават услуга него не успоруваат само. Бркај ги! Ќе биде кога треба да биде, тоа е единствениот одговор.
Денес бев на преглед. На ехо се беше уредно, во ред матка и јајници. Направивме бета-хцг, негативен беше тестот па затоа докторот ми препиша Primolut- Nor-5 на 12 часа по една таблета. Точна причина зошто ми доцни не ми кажа. Дали некој имал слично искуство?
Пред околу 5 години ми доцнеше 10тина дена, на преглед исто беше се во ред. Ги пиев истите таблети, ако се сеќавам добро, после околу 1 недела откако престанав да ги пијам - добив. И после циклусот ми продолжи нормално. Се надевам и кај тебе ќе се среди
Мене тсх ми правеше таков проблем. Апсолутно се друго беше уредно, само тоа покачено. Откако пијам еутирокс, а тсх е во нормала, не ми доцни веќе.
Мене тсх последно ми беше 3,5 докторот ми кажа за да останам бремена треба да го намалам тсх и да биде под 2,2. Отидов кај доктор по нуклеарна медицина и ми даде еутирокс од 75мг, секој ден по половина таблета. Нив ги пијам од претходниот месец. Минатиот циклус крварев само два дена а овој циклус не добив. Јас се сомневав на еутироксот да не ми прави тој проблем.
Не, не може еутироксот, баш спротивно треба да го регулира Мене па едвај ми дадоа 25мг и тоа со 5.87 тсх.
Докторот како да не сакаше да ми даде терапија за тсх 3,5 мислејќи дека може да се остане бремена и со таа вредност а гинекологот инсистираше дека тсх мора да дојде под 2.2. Искрено многу стрес и нервоза ми прави ова, секој месец ново разочарување. Сега прочитав за МАКА дека давала добри резултати за зголемување на плодноста, дали некој има користено МАКА? https://naturalife.mk/product/superior-maka/
Претходно си имала проблем со тироидната? Си испитувала како ти била? Таа реагира на стрес, нервоза се лачи кортизол во телото се зголемува и нејзината секреција. Може треба скроз да се опуштиш, онака да не броиш ништо да дадеш барем 3-4 месеци на телото да одмори. Ако било све претходно океј.
И кај мене тсх додека беше покачено ми доцнеше секогаш дури на 47 дена добивав.Откако ми зголемија терапија и тсх се спушти не ми доцни ама ми доаѓа секој месец ралично.Ја пореметува менструацијата и ако терапијата не е доволна,од искуство кај мене 3 месеци сум со покачена терапија што претходно не е била како што треба.Поздрав
Исто, ми викаа што си дошла, немаш ти проблем, овде ми доаѓаат со 100ка тсх.. Ако па видат дека е во нормала мене ми е сега 3,нешо не ни даваат терапија. Сум немала атпо не знам таму што... Иначе остав со првото бремена со покачено тсх.. така да не знам шо да кажам
Здраво женски Дали ви се случило после однос (со свршување внатре)да имате болки во јајниците и кичмата? Денеска е 10ти ден од циклусот, вчера имавме односи. Сакаме второ бебе па вчера беше првиот чекор но незнам зошто вакво чувство цел ден како да ќе добијам циклус
Можеби денес ти е најплодниот ден и мене така ми се случува најчесто во десниот јајник имам тапа болка. Денес треба да сте активни и утре
Не ти е премногу високо ТСХ, инаку се останува бремена со многу повисоко ТСХ само ако е многу високо може до спонтан да дојде. ТСХ не е пречка за забременување. Имат со над 10 останувано бремени. За твоето ТСХ смени исхрана.
Направив промена во исхраната, исфрлив шеќери и поголем дел јагленихидрати. Повеќе јадам овошје, зеленчук и месо. Меѓутоа можеби треба да консултирам стручно лице за поправилна исхрана.
Тоа и баш денеска пишав во другата група, гиниколозиве форсираат да се намали и одма терапија. Незнаат што значи за здрава тироидна да клукаш терапија се пореметува.... и јас останав бремена со повисоко тсх, под стрес ти е телото ние пробувавме подолго све ми се покачило и кортизол затоа се пореметува после и циклус па клукаат одма со терапија и све се комплицира. Јас оставив така само хсг направив и баш тој месец кога не очекував останав бремена. Да напоменам пред таа проверка на хормоните 6-7 месеци пред тоа правев за косата ми паѓаше и свд беа супер хомоните.
@Black-Beauty јас користам мака веќе подолго време исто и маж ми, јас црвена, тој црна и многу сме задоволни. И тој и јас имаме подобрување, ама сепак за да осетиш треба да ја конзумираш барем три месеци. Јас ја пијам во смути секое утро има малку непријатен мирис и вкус, а имам другарка не можеше да ја поднесе и пиеше како таблети од NOW ги земаше таа, два пати по едно на ден и по неколку месеци остана бремена природно.
Матичниот кога ми ги виде хормоните вика ќе ти дадам жанине некои контрацептивни, па и малку ми вика антидепресиви... Му викам не јас идам со мака, инозитол и физ активност, диета малку храната па ќе видиме. И ми вика ќе дојдеш пак од тоа јас не верувам ништо да смени. Упорна бев и имаше резултат.
Баш ми е мило што имавте резултат Ние пробуваме една година и четири месеци, можеби не е голем период но мене ми изгледа како цела вечност. Некако се осеќам како да сум целосно изгубена, и тоа што беше во ред како да си го расипувам и сето тоа од премногу размислување и затоа утеха барам тука од споделени искуства и ваши совети. Ако не е премногу лично прашањето дали ќе можиш да ни споделиш колку време се обидувавте и која беше причината. Мојот сопруг секогаш вели: " На овој или оној начин, ние ќе имаме дете." Јас мислам дека Господ најтешките борби им ги дава на најхрабрите