Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денови после овулација = two weeks wait

Дискусија во 'Бременост' започната од *Лаванда*, 26 октомври 2021.

  1. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Знам дека не треба но заради болките одма мислата ми отиде натаму.
    И денеска сум исто со боцкање и тегнење низ стомакот, ќе морам да пијам нешто за болки за да можам да спијам.
     
  2. Anodce

    Anodce Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2018
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Јас добив денеска
     
  3. Kukuruz3

    Kukuruz3 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2024
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Zenski bev na doktor zosto me fatija golemi bolki na rabota i eve seuste me drzi. Doktorkata me vide na eho mi kaza deka matkata mi e zadebelena kako za bremenost i bolkite se od toa, pa zatoa da pocekam uste nekoj den i da pravam bthcg. Ovaa bolka ne e kako za mens zosto mene koga mi doaga me boli stomak i kicma nekolku saati pred toa.
     
  4. Eho

    Eho Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    И јас добив денес. Осеќав дека ќе добијам последниве 2-3 дена... ПМС ме удира јако, плус и самата мисла дека ќе добијам делуваше разочарувачки, плачев по 5 пати на ден, раздразлива бев. Ај белким од утре ќе сум поокеј, па одиме со нови сили месецов...
     
    На Rozevata, Ani93, srce-9 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Ani93

    Ani93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2021
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    1.392
    Пол:
    Женски
    Јас денес имав позитивен тест за овулација.. збунка сум до небото и назад :?: 24ти ден од циклус ми е, никад не ми се десило до сега олку доцна овулација.. а по симптомите мислев пред 10тина дена дека овулирам.. како и да е, мм отиде на службен пат денес така да изгледа ќе чекам 2025 за одбројување.. освен ако вчерашното "мазење" не' испадне погодок во целта :D

    Другите како сте ми? Убедена сум дека овој месец мора барем една од нас да се "исчисти" од темава. :inlove::inlove::inlove:
     
    На Rozevata и Ambitious им се допаѓа ова.
  6. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    594
    Пол:
    Женски
    Ехо гледам пред некое време пиша мозеж месец два ако не се лажам, направи некои испитувања? Или само овулација следиш?
     
  7. Eho

    Eho Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Бев на 'обичен' преглед пред да пробаме, кажав дека се спремаме за бебе. На ехото беше се во ред. Ми зеде брис за ПАП - исто беше во ред. Направив и крвна слика (со плус проверка на пролатин и тироидни хормони) - и тоа беше во ред. И ми кажа да земам таблети фолна киселина - еве веќе 3 месеци како ги пијам.
    И двајцата сме доста смирени, опуштени периодов, без некој особен стрес да кажам...
     
    На Rozevata му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    594
    Пол:
    Женски
    Ние пробувавме 7 месеци од сестрами поучена испитав и мутации генетски за тромбоза, да знам ако останам бремена да може од старт да се заштитам со клексани или аспирин за да нема некој абортус. И после 7 месеци неуспешно со следење овулација на доктор и пиење све витамини и спермограм добар направив хсг ( докторката на приватно што одам одма ми спомна вториот месец ама ај викам ќе нема потреба) , имало запушување на лев јанник а све од таму овулирав и истиот месец со хсг и антибиотик после него што даваат останав бремена. Несакав да помине ни година искрено не ми се чекаше јас 31 сопругот 34. Види ако сакаш почекај ако не направи си испитувања и може и побрзо ќе биде ❤️
     
    На Rozevata, Eho, Iva.T и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Eho

    Eho Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу :l:
    Ако не бидне ништо месецов, дефинитивно од јануари ќе правам и јас плус испитувања.
    Ќе пишам :hug:
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.048
    Допаѓања:
    21.686
    Пол:
    Женски
    Јас вчера имав ужасна болка во јајник, скоро недела дена пред добивање...
    6ти ми е ден за недобивање
     
  11. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    Болката во јајник е најчесто знак за овулација, може покасно од 6ти ќе добиеш, зависи колку ти трае лутеалната фаза. Мене ми е 14 дена секогаш.
     
  12. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.048
    Допаѓања:
    21.686
    Пол:
    Женски
    Поминаа овулациските болки...
    Беа околу 13 ден од циклус.
    Имам редовни циклуси на 27-28 дена.
     
  13. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш може и да е знак за нешто друго, се надевам позитивно (fingers)
     
  14. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.048
    Допаѓања:
    21.686
    Пол:
    Женски
    Ќе видиме...искрено не се надевам ич.
    Чекам рез од хсг, па инсеминација.
     
  15. Bulka12

    Bulka12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2017
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    272
    Пол:
    Женски
    Testot za ovulacija moze da e pozitiven dokolku ima bremenost isto taka :)
    Dokolku i utre imash pozitiven test za ovulacija, a ti e 24ti den,bi te posovetuvala da napravish test za bremenost :)
     
    На Ani93 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    662
    Пол:
    Женски
    Јас малце не бев активна периодов, ама ве читам!

    До каде сте, кои од вас бројат, кои сте при крај? :inlove:

    Која ќе ја испратиме прва од темава ? :$
     
    На Iva.T му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    662
    Пол:
    Женски
    Чекааај, its not over until its over!! (fingers)
     
  18. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    662
    Пол:
    Женски
    Па и не е дека сте утнале многу! :inlove::sun:

    Месецов и јас доцна овалуација.. се изненадив, сеуште не е пукнат фоликулот а убедена бев дека пред 1 недела дека беше "the day". Баш чудно. Ајде да видиме што ќе биде. :wasntme:
     
    На Ani93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ani93

    Ani93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2021
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    1.392
    Пол:
    Женски
    Е ова ми е нов податок, не знаев дека и при бременост дава позитивен рез. тест за овулација :| немам денес за да тестирам ама ќе се стрпам до тест за бременост уште некое време.

    Баш ми се две темни линии, дури тест линијата е потемна од контролната, затоа мислам дека сум имала доцна овулација..

    @Rozevata некако баш ни се слични циклусите периодов мила, дај боже да се израдуваме наскоро па да шетаме летни мешковци заедно :inlove::inlove::inlove:
     
    На Rozevata му/ѝ се допаѓа ова.
  20. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Денес 12ти ден од ризичен однос, 20ти ден од последен циклус негативен тест .
    Го правев предмалку, знам дека е рано а и одвечер го правам но ете...
    Циклусот е редовен и точен на 28 дена.
     

    Прикачени фајлови: