Незнам јас искрено несакав да останам бремена додека не испитав све од хормони, пап, брисеви, мутации дури и вит д 3, б12, фолна, минерали. Кога испитав све почнавме со пробување.. Последно беше хсг. Ама бев спремна знам дека треба клексани ради мутации, аспирин, метил фолат и б12... Све пиев кога останав бремена одма клексани све со цел да се заштитам. А веднаш прокрварев два дена после тест да немав испитано шансите за абортус ми беа 90%. До 6 та недела сигурно ќе имав абортус. Затоа би те советувала и така чекаш направи барем мутации на клиника и така де чека месец дена за резултати. Па после и друго ќе испиташ.
Јас секако се консултирав со гинекологот за други испитувања, покрај пап и брисеви пред да почнеме со обиди, на што добив зелено светло за да почнеме и одговор дека за почеток не треба ништо повеќе. Не сум во Македонија па и баш не знам како одат испитувањата. Фала ти на советот, сепак ќе почекам до термин па со консултација ќе видиме што понатаму.
Ми се дига коса кога ќе речат нема потреба од друго освен пап и брисеви. Не ти ја знам историјата читам дека пробувате неколку месеци ич не се согласувам со доктори што не даваат упати за тестови … мојата матична после предвремен пораѓај во 18та недела и претешка бременост ми рече… ајде што те гледам чудна, до три пати не ги рачунаме ние во медицината… се случува. Не знам јас вие што рачунате во медицината, ама знам дека мојата душа не може да поминува пак низ таква болка па направив се што можев за да превенирам. Сега сум во втора бременост, тотално различна од првата, од наредна недела веќе влегувам во 4ти месец и фала му на бога овојпат се е добро покриена со терапија како што треба
Знам дека ти се чини како вечност, ама верувај дека не е многу. За првата бременост после 8-9 месеци активни обиди се фати и имав школска бременост и уште полесен порајѓај (ти посакувам ова и тебе да ти се случи ), додека пак за вторава се од прва се фаќа ама радоста кратко ми трае.. нема врска, не би да те полнам со негатива него муабетот ми е дека за сите нас има некое право време за се' во животот и да знаеш дека ќе дојде! Немаш штета да си направиш испитувања и супер штом си закажала а до тогаш само уживајте си во љубовта а правењето бебе нека е во втор ред нема да е лошо и сопругот еден спермограм да си направи, најчесто се бара причината кај жената а уствари да станува збор за машки фактор. Во денешно време за се' има решение.
@Baby warrior па искрено јас се согласувам во повеќето случаи со докторите. Секако во твојот случај и јас не би била мирна и би сакала веднаш да се направат сите испитувања. Ама од друга страна се согласувам дека нема потреба да се брза со тоа уште на сам старт. Јас досега во животот сум немала посериозни болести, ниту проблеми со хормони. Во фамилија исто немаме историја. Секако дека не штетат испитувањата, ама и не сметам дека е грешка доколку не се направат уште пред обиди. @Ani93 секако. И тој ќе ги направи потребните испитувања
Јас никогаш сум немала проблем со хормони, никогаш сум немала уринарна инфекција, или било каква инфекција вагинално, како да ти кажам ни мајками ни баби ни прабаби од две страни немале еден абортус.. Раѓале деца како од шала значи тоа нема врска со тоа како ние сега живееме, од каде јас запушен јајцевод или ете мутации кои настанале од спојка на мајками и таткоми гени. Има жени кои имаат малку среќа па ќе забременат и проаѓаат лесно ама има жени кои имаат мутации па имаат абортуси е сега секој тоа како го разбира. Јас мојот мозок ми вика да се осигурам да немам такви такви стресови. Ако имаш мутација на фолна по правило треба една година пред да забремениш да пиеш метилирана фолна.. Телото да почне да ја апсорбира за да се створи здрав плод. Значи двајца имунолози истото ми го кажале и професорот од фарм. факултет, академик на ману исто ми го рече кога испитав во ковидот мутации јас пијам фолна метилирана година ипол пред да планирам дете. Сакам да кажам за некои работи да се регулираат треба време. Сега сите сакаме да нема ништо потреба и да родиме деца.. Ама друго време е и колку побрзо се прифати и искористи напредната медицина подобар живот ќе имаме.
Лелее ич нека не ти бидат товар испитувањата и да ти прават дополнителен стрес. Направи основно што ќе ти препорача др. и не влегувај во лавиринтот на лекари. Вие може и не ни имате кој знае каков проблем, веројатно е и се во ред само не се погодил моментот.. не се обидувате ни кој знае колку долго така да ќе биде се'. Еве уште ова ќе ти кажам за мене (да не се ставам прв пример секогаш, ама па најубаво ми е да зборам тоа што сум искусила) пред да ми се деси спонтаниот освен пап, брисеви и хормони ништо немавме испитувано ниту ни падна на памет (здравствено лице сум иначе), сега испадна ете имам мутации ама па реално и во првата бременост ги имав, не ми се од вчера тие.. не знаев,си пиев обична фолна и се помина во најдобар ред. Ние овде сите си споделуваме лични искуства и секако со добра намера, ама нема ниту еден ист организам ниту па иста терапија. Од се' досега што искусив сфатив дека психичката бариера ни е најголем непријател. Девојки јас денес како осетливи гради имам, и тој белиот исцедок го забележав и логично купив прееска 3 теста прво си викам ако стварно имав доцна овулација како што ми покажа тестот некни рано ми е за тест а од друга страна срце јуначко не издржува да не направам Ај веројатно ќе се стрпам до среда
Имам 34 години одам на гинеколог два пати годишно и матичната цел живот ми се смееше… во сите овие години немам ниеден брис со инфекција освен повремено на 2-3години ќе се јави кандида што не е воопшто страшна и е од пад на имунитет. Ултра здрав човек сум и јас и маж ми - дома во кутијата со лекарства чуваме парацетамол и риностоп колку за илистрација какви луѓе сме. Па ете на нас ни се случи да имам таква несреќа и низ испитувањата да ми најдат вродена тромбофилија со доста комбинации на мутации за кои никогаш не сум имала никаков симптом додека не останав бремена и почнав да крварам константно. Секако не викам да се прават којзнае какви испитувања али мутацииве на тромбофилија не болат да се направат зошто се фатални и битни а мн доктори ги анулираат зошто си се бафтаат со други работи што им се полесно да ти ги објаснуваат—затоа што ова е специјалност на трансфузиолози. Јас ти посакувам среќа и верувам дека наскоро ќе успееш во битката за детенце а до тогаш витамини ако ништо деуго метилирана почни или пренатални и мн позитивна мисла
@Ladyme @Baby warrior Секако дека може да се случи на секоја од нас, нормално и на мене. Мене само поентата ми беше дека не мора сите да се оптеретуваме веднаш со испитувања без индикации. На вас ви биле од полза, ама има многу личности кои останале бремени за многу кратко време и си износеле бебче до крај и без тоа. Ете јас едноставно не сакав да навлегувам во тој лавиринт на лекари и испитувања како што спомна @Ani93 зошто знам дека би ми создале дополнителен притисок. Секако сите сме различни и секој одбира пат на кој би се чувствувал подобро и посигурно.
И овој месец ништо ... Ете не сум ни пишала. Дојде и ми заврши. Него колку време се чека за отпусно за хсг? Готови се рез, нема отпусно и еве чекам. Бев на гак викаат ќе ти се јавиме.
I kaj mene nisto se razocarav tolku mnogu se ubiv od placenje, a doktorot mi rece deka denes trebase veke da go vidime na eho. Ne znam sto se sluci navistina, vo sabotata na rab imav tolku bolki nedelata isto i vcera...pekolot go vidov. Ama srekna sum sto imam soprug sto sekogas me poddrzuva i mi dava sila i nadez da prodolzam ponatamu. So novi sili bez otkazuvanje...
Здраво девојки нова сум па би сакала да прашам последна менстроација имав на 29 октоври имав касна овулација 21 ноеври пред добиванје ми ставија инексија за пукснје на фоликули 22 ноеври и ми даде докторот да пијам дабростон имам некои симтоми но тест негативен , но од апчињата нормално не ми иди дали е многу рано тест да покажи или да не се надевам на позитивен тест
Две недели од ризичниот однос веќе треба да имаш резултат односно позитивен тест. Доколку немаш мислам дека треба да го паузираш дабростонот за да ти дојде, од апчето уствари не добиваш. Кога правеше тест?
Мила не направив тест, станав сабајле спремна за тестирање и во последен момент се упрпав.. сфатив дека мене уствари и двете ситуации ме плашат, едвај чекам да си ги видам тие две цртки, ама и позитивен тест ме плаши хаос сум ептен знам, не ми замерувајте. Мислам дека има нешто, такви симптоми ми дава телово.. ама според тестот за овулација 11 дпо сум, и да покаже ќе е бледа црта или ниска бета а веќе имам лошо искуство со такви Си викам да почекам уште ден два. Како си ми ти? Фала ти што ме помисли
Почекај тогаш, уште подобро! И јас се надевам дека ќе се стрпам да не биде точно две недели, само за да се заштитам психички. Добра сум, имам уште за броење рано е. Сакам некоја да го скрши овде овој дебел мраз па да не фати мајата сите по неа.
Иначе еве да си пишам симптоми, тоа барем не ми прави паника Им ги осеќам парфемиве на колешкиве во канц, цел ден врата отварам ги имам тие рогови на брадата (брунки како во пубартет), секогаш ми се појавуваат кога има бременост, и слаби болки доле кај стомакот, тоа е се засега девојки. Дај боже оваа година да ни заврши успешно на сите нас
Кој дпо си? Знам дека и двете бевме со доцна овулација овој месец, дај боже да е тоа патот до успехот симптоми имаш нешто?
6ти дпо сум, мене ептен ми задоцни, 19ти ден дури ми беше, со следење фоликули. Симптоми ништо посебно, раничко е некако.
Кај мене 24ти ден, дури се чудев како е можно. Сосема случајно направив тест за овулација на 1ви декември и испадна позитивен, а циклус имав на 8.11. Ти викам овој циклус се ми е каша попара