Лелеееее Аниии! Честиткиииииии. Имав чувство дека ќе биде, те чекаввв! Многу ме израдува. Ти посакувам да си имаш лесна и школска бременост. Ајде нека не фати мајава сите до една.
Како една трудница која наскоро треба да се породи и воедно беше дел од темава некое време, ви посакувам сите да се израдувате со најубавите 2 цртки предновогодишно, или па да си ја почнете Новата година со најубавите 2 жар цртички и дедо Мраз да ви ја исполни најубавата желба. Навивам за вас цело време и ве читам секогаш!! Господ да ви дади сила и трпение, знам колку ви е потребно. Сите ќе сте мајки, само ствар на време е!
Фала ви многу девојки, сила сте ми. Искрено не си дозолувам сеуште да се радувам, ама се молам да е се во ред и господ да не чува овој пат. Да бидам искрена исплашена сум како пукан зајак Пуштам baby dust на сите што сте во исчекување, да не ве тагнувам поединечно
@Luna12345 кај тебе како е ситуација? Едвај ве чекам со @Rozevata да залепите тестчиња овде @QweenSM фалаа ти мила за подршката и убавите зборови, знаеш колку ни се потребни на оваа тема. И дај боже само убави работи да ни се случуваат на сите.
Искрено не знам, не ми се верува. Бледа е цртката за да сум трудна повеќе од 2 недели.. последен циклус ми беше 08.11, ако беше од бременост овулацискиот тест мислам дека сега ќе беше ептен жар црвена линија. Се си мислам дека имав доцна овулација. Како и да е, само да биде се во ред.
@Ani93 честитки! Ти пуштаме сите среќа се да биде во ред. Само позитивно и со лесно. Имав некое претчувство, те чекав со убави вести, и ако веруваш сабајлево баш те помислив.
Фала ти Што побрзо да те фати "мајата" и тебе Искрено немам појма дали и колку ми доцни, ми се изремети циклусот после биохемиските и се различно ми идеше, еднаш на 30 дена следниот месец на 32.. знам дека на 01.12 имав позитивен тест за овулација, а последен однос на 30.11, па според тоа си бројам. @Ambitious фалаа, дај боже да си се дружиме во труднички муабети заедно
Девојки после оваа позитива од Ани, мислам дека ни влеа многу надеж на сите нас останати. (фаќајте baby dust затоа што пушти доволно за сите) Јас вака Понеделнички, да ве прашам како сте, како се чувствувате, дали имате некои мисли, дали сте спремни за одбројување и дали одбројувате? Јас Понеделников го стартав рано, позитивно, како што ме дал Господ. Кај мене уште ситно се брои. Не ви кажувам кој ден сум. Сакам и самата да се изненадам кога ќе направам тест. Нормално верник до крај па не очекувам друг освен позитивен исход!! Дајте малце да ја живнеме темава и да си се поддржиме една со друга. Ве чекам сите до една со одговор. Ајде да зажариме со || пред новогодишно. Ве гушкам.
Јас ве поддржувам ептен сите што чекате предновогодишно бидете позитивни, ви испраќам едно поздравче од мене, mama to be после едно изгубено бебе во 5ти месец во февруари. сега веќе терам 4ти сосема позитивна и уверена дека во 2025та сите ние што сме биле активни во оваа тема или моментално сте, ќе донесеме еден куп најубави бебиња на овој убав свет! Поддршка најголема
Уф, јас месецов сум каша попара Малку (повеќе) раздразлива (да сум искрена, почнуваат негативни мисли да ми се вртат низ глава, плус поодамна ми беа дадени некои 'добронамерни коментари' кои сега во ситуацијава многу ме допираат, ме прават осетлива и прават да се преиспитувам, дека може требаше да се проба порано, иако знам не вреди сега да се оптоварувам со такви работи, ради тоа што претходно осеќав (ради оправдани причини) дека не е погодно време за бебе... Али мислам никој не ме разбира, или може и не бев во право, не знам веќе ни што да мислам... битно периодов сум ептен слаба на психа, си плачам скришно од време на време кога ќе ме преплават емоции и тежини ). Пратам овулација со тестови, уште ми е рано. Останува да чекаме... Убаво ми е што ја читам темава затоа што има убава енергија и ми дава верба. Се надевам само убави пораки ќе читаме периодов што следи
@Eho, правото време е сега затоа што дошло. Пред ова, не сме одлучиле дека е право време затоа што не сме биле истите луѓе. Коментарите ги имало и ќе ги има, пробај да ги отргнеш, пробај да не ги зимаш при срце, луѓето некогаш ги кажуваат а не мислат кој стои од другата страна и како ќе ја прими таа информација, па затоа и не им давај значење. Не ги толкувај, не си тоа ти. Ти имаш планови кој допрва се кројат и ќе се остварат. Ова е период на емоционален рингишпил, жонглираj со позитивните чуства, нека ги има повеќе. Исплачи се ама врати се пак назад кон тоа што е целта, ќе станеш мајка, кога-тогаш. Не си сама.