Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денови после овулација = two weeks wait

Дискусија во 'Бременост' започната од *Лаванда*, 26 октомври 2021.

  1. Eho

    Eho Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Фала ти премногу! :hug:
     
    На Rozevata му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Elen4e89

    Elen4e89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Јас ве читам редовно, иако не сум активна и имате голема поддршка сите и од мене, месецов да биде радосен:f::l:Ние моментално собираме документи за ваучер, трета инсеминација нема да правиме, по препорака на докторот ради намален број на антралните фолекули и ради возраста да не се маткаме па се надевам дека ќе успееме (fingers)
    Циклусот ми беше катастрофа, ми излегоа цисти, пијам терапија ама тоа што е.
    Ви посакувам на сите да ви се исполни најголемата желба за новата година :inlove::inlove::inlove:
     
    На Ani93, Luna12345, Eho и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Luna12345

    Luna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    И јас сум во процес за втората инсеминација и почнав да соберам документи за ваучер. Good luck to all :l:
     
    На Ani93, Elen4e89, Eho и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    661
    Пол:
    Женски
    Ви ја пуштам целата среќа!:l::hug:
     
    На Luna12345 и Elen4e89 им се допаѓа ова.
  5. Ani93

    Ani93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2021
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    1.392
    Пол:
    Женски
    Девојки ептен тивки сте ми :hai: дојдов да ве размрдам малце :inlove::inlove::inlove:

    @Luna12345 @Elen4e89 ви ја пуштам целата среќа во процесот и 2025 да ви почне со две жар црвени линии (fingers):hug::hug:

    @Rozevata тебе те очекувам деновиве со тестче, и се уклучувам 2-3 пати во ден за да видам дали си изненадила. :l:
     
    На Luna12345 и Elen4e89 им се допаѓа ова.
  6. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.048
    Допаѓања:
    21.686
    Пол:
    Женски
    Јас почнувам да одбројувам, некои болки ко сечење имам доле ниско во стомак
     
    На Ani93 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    661
    Пол:
    Женски
    Ани фала што ме мислиш. Саботата ми дојде вештерката. :devil: Сепак 2025 ќе биде мојата година кога ќе ги видам || цртки!

    Празниците се ближат и воедно најубавиот период од годината, каде што малце ќе успориме и ќе поминеме време со најблиските. Време за одмор и опуштање.

    Девојки ви посакувам мнооогу среќичка, сите што по скоро да се израдуваме, 2025 е наша. :l::l::l::l:
     
    Последна измена: 23 декември 2024
    На Eho, Ani93, princessgirl47 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Eho

    Eho Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Јас само да се пријавам и да си кажам дека телово ми минува низ ептен чудни промени последниве месеци (откако се обидуваме за бебе). Имав редовен циклус, а последниве 2 месеци добивав на 34/36 ден. Пратам овулација со тестови и ми беше чудно пошто овој месец не добивав позитивен тест, а многу денови поминаа. Мислев дека сум го пропуштила, затоа што овој месец зедов нови тестови и пред некој ден сфатив дека сум ги правела малку погрешно (стапчето го држев потопено подолго од што требаше). Си реков тоа е, нешто имам утнато. Во средата почнав да осеќам пмс симптоми (градите ми беа поосетливи од обично). Вчера уште повеќе. И ми се појави мозолче на лицето, а тоа ми се случува пред добивање, плус осеќав болки во стомакот како за пред добивање. Си викам тоа е тоа, деновиве добивам. Повеќе ради реда направив тест. ТЕСТОТ ПОЗИТИВЕН. На 26ти ден од циклус :drunk: Денес тестирав пак, линијата ми е уште потемна. Изгледа од денес ќе бројам 2 недели, ако не добијам во меѓувреме и ова да испадне ептен пореметен циклус :?:
    Се надевам во Новата година темава среќно ќе ја напуштиме сите, што побрзо! :sun:
     
    На GlamG, Iva.T, Rozevata и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    544
    Пол:
    Женски
    Тест за овулација правеше? А да пробаш за бременост да направиш?
     
  10. Eho

    Eho Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Да, за овулација. Ќе направам утре од сабајле за бременост. И јас почнав да мислам малку натаму пошто ми е многу чудно (само не сакам многу да се надевам за да не се разочарам). А од друга страна па си викам друг плоден ден 'не фатив' со тест... Ќе пишам баш утре (fingers)
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    544
    Пол:
    Женски
    Ајдее уште еден позитивен тест за бременост овој пат ❤️
     
    На Eho му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Eho

    Eho Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    За жал тестот за бременост негативен. А тестот за овулација уште позитивен, со најтемна линија од сите денови. Тоа е, ќе бројам наново :muscle:
     
    На Rozevata, Ladyme и Ani93 им се допаѓа ова.
  13. Ani93

    Ani93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2021
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    1.392
    Пол:
    Женски
    Бидете активни денес, утре земјотрес :whew: и те чекаме за 2 недели со две жар црвени. :l:
    И јас се чудев како на 24ти ден имав поз. тест за овулација па сега едвај чекам на гинеколог да отидам, да не знае човек кои 2 недели се потешки за чекање :wasntme::D
     
    На Rozevata и Eho им се допаѓа ова.
  14. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    661
    Пол:
    Женски
    Среќна Нова Година лавици! Ви посакувам тон убавини и среќа и две црткиииии. :inlove::l:

    Оваа тема ми стана омилена од кога се придружив на Фемина, можеби и причината зошто се придружив.
    Едвај чекам една по една да се префрламе во уште по убавите теми тука.

    2025 ќе светка од позитивни тестови, осеќам! :sun:
     
    На Candle, Eho, Ladyme и 5 други им се допаѓа ова.