Втор месец. Првиот имав на 18/19 ден (тие дена ми беше тестот позитивен). Сега вториов на 26/27/28 ден од циклус. (Првиот месец обиди не следев овулација со тестови)
Нее, тоа ми е најчудно. Си имав регуларен циклус, секогаш од 26 до 28 ден имав добиено... Овој мажов не знам што прави, сè ми поремети Шала на страна, овој месец ќе одам на доктор и ќе барам да проверам хормони на 3 ден од циклус (ваљда следна недела некој ден), да видиме што се случува.
А што тестчиња користиш? Да не покажуваат некои чудни денови нешо друго? Јас со тестовиве овула од зегин пластично следев и останав бремена
Јас имав easy@Home тестови (во другата ги пофалија дека биле сензитивни). Само, пишав и таму, јас цело време имав јасна втора линија, сега сум малце уплашена да не нешто не е океј со мене (да не имам полицистични јајници). Многу работи почнаа да ми се вртат низ глава, затоа сакам да одам уште еднаш на доктор.
Ај земи овула месецов… во меѓувреме направи ехо обично кај матичен да види како изгледа матката и јајниците технички. Нема ништо за плашење само оди степ бај степ
Ајдеее ќе биде нареден! Блиску сме до целта. Истото ми се случи и мене, ама буквално истото, претрпе многу промени и циклусот и телото.. После првите 3 месеци престанав да се анализирам, оставам на случувањата, нели треба да уживаме во меѓувреме?
Ох до негде убаво е да се слушне дека не е до толку 'ненормално' вакво пореметување. Јас почнав да се плашам да не нешто во мене не е океј. Знам дека не треба, велам дека не мислам многу, ама мислам лажам пошто дел од мене не е мирен и само нешто читам... Ајде се надевам следен месец посталожена и посмирена ќе сум. Ќе пишам баш што ќе направам на лекар. Држам среќа за останатите во меѓувреме!
Девојки да ве прашам денес ми е точно 4та недела од почеток на последна менструација. Правев бета ми излезе 87. На 23 декември имав водечки фоликул 20мм но не знам кога точно се случила овулацијата. Дали е добро или е ниско?
Eheee uste 3 dena ima vreme ...ne gubime nadez...inace ja sum cel den do 37 tt neznam dali od vremistevo ili ....
Јас да се пријавам. Правев предмалку тест и е негативен . 29ти ден од циклус. Кај и да е очекувам да добијам. И овој месец ништо...
@srce-9 Ќе биде нареден месец. Нема откажување. Останатите девојки како сте? Броите ли со мене? 7...6.. Јас вака како и скоро секој Понеделник, еден check со сите вас да си направам. Се осеќам како podcast. @specificone @Ambitious @Elen4e89 @Цвет88 @Kukuruz3 @❤️ петра @Anodce @Eho @Catfish @Konstrakta @Luna12345 @flower11 @Amelia. @Ане. @ANAMARIO (се извинувам доколку некоја испуштив) Ве тагнав сите од последните 20 страни. Не има на број! Се надевам некоја во меѓувреме се израдувала со позитивен. Нека пушти овде за среќичка. @princessgirl47 Нема нешто повеќе што посакуваме овој долг Јануари, нели? Ви праќам топол поздрав на овој снежен ден.
@Rozevata баш убаво што не размрдуваш вака Јас не ни бројам веќе, некако се опуштив, што сака нека биде додека го чекаме ваучерот, доколку ни го одобрат. Пуштам среќа за сите што очекувате и што броите. Се надевам дека ќе се израдува некоја овој долг Јануари Топол поздрав од мене до сите
Јас два месеци не бројам, маж ми се е на пат кога сум во овулација синко веќе упорно збори сакам братче и сестричка. Ајде се надевам оваа година дека ќе бидне
Женски денес пак правев бета, ми излезе 480 а во четвртокот ми беше 87. Дали е добра? Некако требаше помала да биде