Добра вечер мили дами Како сте ми? Некоја да се спрема за тест? Баш би сакала да ја размрдаме темава со неколку позитивни тестови. Јас од понеделник со настинка, растрчан нос, грло и малку кашлица. Најтешко ми падна нискиот притисок, па бев цела замајана со главоболка. Па еве денес трет ден дома, од досада ги исчитав сите рани симптоми на бременост како да не сум ги прочитала милион пати до сега. Не ме карајте пак, знам дека треба малку повеќе да се опуштам ама тоа е, посилно е од мене. Денес ми е 9ДПО, уште 6 за (не)добивање. Речиси сум убедена дека ќе добијам, стандардно како секој месец пред циклус имам осетливи гради. Сепак ќе излажам ако кажам дека не се надевам барем 1%. Ви посакувам на сите среќичка месецов. hug:
Јас сум 12 ДПО, срце јуначко не додржа вчера направив селф клир и се зафркнав, ми покажа прееебледа линија и тоа било евапорациска бидејќи денес со лабоквик е негативен. Сега чекам да добијам и да закажам за проодност на канали. Инаку немам никакви симптоми
Во петок треба да добијам, нема ништо не верувам, и друг пат давал селф клир евапорациски не знам зашто воопшто правев а особено и тој тест. Тоа е што е, ќе собираме сили за следен месец
не губи надеж нека ти касни макар и 1 ден или 2 дена и направи тест Be safe. Добредојде @Radana Јас Ви препорачувам на сите што чекате да се опуштите бидејќи стресот е еден клучните фактори и не си барајте симптоми на нет за бременост зошто дополнително си стварате еден куп нервози и стресови опуштете се и со убава мисла се ќе биде. Ви посакувам на сите што поскоро да си видите II
Добредојде @Radana овде сите броиме на куп и се поддржуваме. Моментално сме во исчекување било која да се појави со позитивен тест и да ја испратиме во по убавите теми на форумов. Од наше искуство само ќе ти кажеме да не си го мачиш мозочето поготово после таков поминат период. Уживајте во периодот правење бебе и не толкувај никакви симптоми. Баш сега треба телото да ни е смирено и опуштено. Ти пуштам многу среќичка да си се израдуваш месецов! @*Ива нареден пат почекај до ден за недобивање, стварно немаш потреба да брзаш и да си правиш турбуленции. Ќе биде кога треба да биде. Дај боже да не добиеш во петок. @Ambitious како знаеш да не размрдаш значи БРА-ВО! Девојко па јас и ти исто броиме. Јас се правам дека не бројам демек, ама така се присетувам кога е D day. Не правам тест дур не задоцни, па, со Господ напред само. Ќе излеземе сите од тука наскоро со позитивни тестови, ќе видите! Ве поздравувам, имајте си убав ден!
Мене ми падна денес базалната така што ќе добијам денес или утре. Кога ќе ми заврши ќе закажам преглед и ќе направам некои испитувања. Морам психички да се оправам, иако знам дека 4 месеци не се многу буквално се оптеретив и се што правев ми беше во функција на тоа. Ќе следам, ќе испитувам ама морам и да живеам нормално.
Сметај го како најнормален дел од животот. Сите го поминале. Нека не ти одзима толку енергија, живеј во меѓувреме и уживај го периодов. Прегледите исто.. тоа е нешто што го правиш за да стигнеш до целта. Ти пуштам мнгоу среќа Ивке!
Прво да ти кажам дека сеуште ништо не е "изгубено" додека не добиеш. На тестот стварно не се приметува линија, ама во живо каква беше, розевка или сивкаста? Селф клир се доста посензитивни од лабоквик, јас на 14 бета имав пребледа линија на селф а на лабо ништо, дури после 2 дена имав бледа на лабоквик. Е сега друга работа, сите ние викаме и знаеме дека треба да се опуштиме и психата не ни прави услуга, АМА во пракса не е така лесно, нормално имаш желба и цел и сакале или не сите се "оптеретуваме". Во секој случај, треба да се најде друга активност за колку толку да "олабавиме". И да не бидне овој месец ќе биде некој нареден, како и сама што знаеш 4 месеци стварно не се многу. Мене многу ми помогна една мисла од @Hygge-girl, за 5 години од сега ќе се смееме на овој париод покрај слатки дечиња со нас Девојки да знаете дека ве читам и навивам за сите вас и едвај чекам да ставите најубави тестчиња.
Беше прееебледа розе, ептен тешко се гледаше под агол да го наместиш тестот ( нормално го исповртев) ама имаше 100% и тоа се појави во првите 2 3 мин. Ама сигирно била евапорациска зошто ми падна температурата денес. Тешко е да де опуштиш кога нешто многу сакаш, колку и да си викаш потсвесно е тука ама морам да најдам начин да се дефокусирам со друго инаку ако седам дома само ништо нема да направам. Секако ќе почнам со испитувања па ќе видиме, фала ептен за поддршката позитивните искуства од групава даваат многу надеж и за нас
Иако кратко време знам дека секој нов циклус носи и разочарување. Не се обезхрабрувај, праќам среќа за следниот месец. @Rozevata следиш присуство на некакви симптоми? Јас денес патувам, се враќам точно на денот за добивање. Нема да имам сега толку слободно време да се оптеретувам. Се надевам ќе дочекам позитивни вести. Ти праќам огромна среќа и тебе
Само преболни гради, уште неколку дена по инсеминацијата. Aма, затоа што телово си има подиграно со мене неколку пати не давам на значење. Буквално оставам да се изненадам. Се надевам дека двете ќе се изненадиме. @*Ива ќе биде!
Здраво милички Само да се пријавам дека ништо и месецов кај мене. Само што добив, три дена порано. Не ми беше изненадување со оглед на тоа што од четвртокот вечерта почнав да чувствувам симптоми. Еден куп среќа на сите кои броите и чекате.
Девојчиња и кај мене овој месец ништо за жал.. одиме со нови сили. Пуштам среќа на сите што броите... размрдајте ја малце групава со еден позитивен тест.
Жени, колку е сега папот? Со оглед дека е на 3 години, да знам шо ме чека и колку пари треба да дадам. Лани ми беше бесплатен, ама оваа година не ми следи а ќе ми треба за ваучер.
Не знам колку е, мене матичната ми вели ќе ме ставала како со приоритет, затоа што ниту таа ниту јас не се согласуваме на 3 г да се прави. Рече што може ќе прави за да избегнуваме плаќање ние пациентите. Колку ќе успее не знам. Можеби еднаш, два пати ќе успее. Како и да е ќе биде над 1000 денари помалку не верувам.
Најголема глупост, треба да се прави барем еднаш годишно, а го ставиле на 3. Јас првиот пат пред многу многу години кога правев проватно беше околу 1500... Што значи сега може и над 2000 да тера. Еден куп пари се тоа, брисеви, папови, хив, спермограми, хсг, инсеминации.... И се на 6 месеци... Ужас