Здраво, ми доцне може веќе 8-9 дена, инаку ми беше редовна секогаш, направив неколку тестови за бременост, негативни ми испаднаа... Не знам дали е рано да се појаве нешто, дали да почекам уште некој ден или треба да се јавам кај гинеколог.. Дали некој имал вакво искуство до сега?
Леле не знам каде да пишам страв ми е да се радувам прерано, но сега правев тест искочи позитивен со бледа линија а треба да добијам во петок. А веќе два дена ме боли стомакот и половината како за пред добивање и си викам нема шанси, ја отворив групата тука и видов позитивен тест и си викам ај да направам и оп бледа линија, не е со прва мокрача плус испив едно литро вода пред тоа. Ќе проверам утре сабајле пак и бета овие денови. Едино ме загрижува болката Не знам дали да му кажам на маж ми
На сликата изгледа сива но во живо е светло плава, и се појави одма во првите 10тина секунди. Инаку на тестот пишува дека детекитра до 6 дена пред циклус
Направи сабајле со прва урина, и ако е појака закажи преглед, може ќе треба малку прогестеронот поддршка. Со Среќа
Jas pravev 5 dena pred dobivanje i toa vecerta, beshe pobleda linija od ova. Teram 15ta nedela, pa daj boze da bide se vo red da si se radivame na kjerkicka
Немам искуство со прогестерон , треба од одма? Затоа што сум во странство и тука првиот преглед е после 8ма недела, направив уште еден тест и тој е позитивен, ке правам деновиве да видам за линијата
Па најчесто, даваат а немора да значи незнам колкава ти е болката. Земи си магнезиум барем овие денови да се опушти матката.
Нема потреба од прогестерон без причина. Кај нас даваат како бомбончиња, ама реално без причина ништо не се зема, па ни витамини. Нормални се слаби менструални болки овие денови. Ептен ако е нешто неиздржливо ќе се јавиш на итна. Јави се уште утре на гинеколог може и веднаш да те викнат за да потврдат бременост, земаат крв и урина веднаш. Мене веднаш во 6та недела ме викнаа па пак добив термин во 8ма за да чуеме срценце. И да одиш во 8ма директно не е страшно. Со лесно нека ти е.
Здраво девојки, денес сум 10ДПО. Чувствувам симптоми слични на оние пред добивање (болка во стомакот, чувствителни гради, поспаност, болки во половината, нагли бранови на топлина). Дали некоја од вас имала искуство со вакви симптоми и сепак била бремена? Дали да направам тест денес или сепак да си почекам до задоцнување на циклус?
Јас мислам најубаво да си почекаш за да не си правиш непотребни стресови. Се тоа што кажуваш е и симптом и за добивање и за бременост. Кога очекуваме позитивен тест го анализираме секој симптом што можеби порано и не сме го забележувале
Еве јас имам болки во половината и менструални болки, а добив позитивен тест, утрово правев тест на кој пишува после еден ден доцнење исто покажа бледа линија, на 11 и 13 фебруари имавме ризичен однос не знам кога точно е зачнато, според апликацијата на 15ти феб ми беше ден за овулација
девојко честитки!!! да си имаш најубава бременост. ајдееее нека тргне работава кај сите останатииииии
Девојки здраво, јас повторно и овој месец со одбројување. Денес сум 9 ДПО. Од симптоми ништо освен болка во гради при допир. Немам друго ништо, а ден за недобивање ми е 4 Март така што знам дека имам доста уште за чекање. Дали и некој друг одбројува заедно со мене?? Да си бидеме поддршка
Здраво, еве ме и мене 12ДПО, главоболка, болни гради, секој момент чувствувам како да ќе добијам губам надеж некако за овој месец..
Здраво Вчера ми беше ден за добивање направив тест и испадна позитивен Денес бета преку крв 104. Што мислите дали е добра вредноста на 15 ден од овулација или е ниска? Инаку од симптоми менструални болки претходниве 4 дена, уште траат и денес гадење.
Ти благодарам, да си дочекаат сите што се во исчекување ❤️ Знам дека треба да се дуплира, со првото дете ми беше 600 бета, сега некако ми е ниска вредноста во споредба со таа. Затоа сакав да прашам некои со слично искуство