Јас сум моментално на гак, чекам за следење фоликули... Ќе видиме што направил кломифенот. Иначе се осеќам ок.
Девојкииииии ДОБИВ ДВЕ ЦРТКИ!!! Spoiler Срце јуначко едвај додржа до денес, денес ми беше ден за (не)добивање. Немав некои големи очекувања, дури можам да кажам дека се надевав помалку од другите месеци, пошто изминатиот месец ми беше доста психички напорен, пореметен биоритам, лошо спиење, стрес на работа... Плус почнав да осеќам ПМС симптоми пред неколку дена (испадна симптомите се баш исти како за добивање, иако јас си мислев ќе осетам разлика). Го направив тестот ко 'ради реда' и кога почнав да гледам линија како сенка најпрво се чудев дали ми се причинува или вистина има линија (после направив уште 2, чисто да се осигурам, да не се радувам напразно). Огромна возбуда, радост и некој чуден страв... се надевам и се молам да биде сè во ред Уште не ми се верува дека навистина се случува ова Држам среќа за сите вас, од срце ви посакувам што побрзо да си ги видите вашите две цртки и да се радуваме заедно!!!
Ехоооооооо честиткиииииии!! Леле браво значи. Ти посакувам лесна бременост. Гали меше и повлечи за сите нас.
Утре ми закажаа имсеминација. Нема време за стоп инекција. Ендометриум 9мм. Десен фоликул 25 Лев 20. Шо ако пукне во меѓу време? Кој дудук сум човече.
Нели се препорачуваат односи и покрај инсеминација за да ги зголемат шансите? Работете вие и дома на случајот. Ајде Цвет, те следам некое време и навивам за тебе!
Да баш рече бидете активни, ама за денес кажа апдтиненција. Ние секако си работевме синоќа ахахаха... Дај боже да успее. Се трудам да не се опседнувам многу. Да не мислам. Ам ете неспремна ме фаќаат.
Здраво, веќе некој месец се обидуваме за бебе но безуспешно. Ретко и маж да се погоди тука кога сум во плодни денови, Моментално имам бел густ исцедок но за 6 дена треба да добијам. Дали има шанси да сум сега во овулација, бидејќи предходниот месец ми доцнеше 15 дена и последниве неколку месеци добивам после 30 дена
Честитки @Eho Дали ви се случило циклусот да ви трае многу кратко при обидите за бебе ? На 25тиот ден ми покажа само на бришење кафеаво розевкаст исцедок и утредента цел ден. Дури на 8ми март покажа крв ноќта и утредента до пладне и толку но и тоа не е во голема количина, една влошка се на се да е била полна. Од тогаш само кафеаво цело време и еве веќе четврт ден скоро и да нема, само на бришење ?
Направи и денес за секој случај. Ако нема бременост, можеби од време, стрес, ако скоро си била болна или хормоните малце,,збеснале".
Кај мене се случува ова, бев убедена дека е имплатациско затоа што исто како тебе ми траеше и тоа два месеца по ред така, а обично имам преобилно 7-8 дена. Језда јас и го одбив малиот од доење и чекањето две цртки може се тоа ми испореметило..
@anggell јас мислам дека сепак е до настинката, цел месец со кашлање, растечен нос и болки во мускулите. Сега сум со фатен глас два дена, збор неможам да изустам. Имам тест дома, незнам дали да правам. @Larea јас доев 3 години а циклус добив одма третиот месец по породувањето и нормален и точен како саат секој месец на 28-30 дена со траење 4 до 5 дена максимум.