Сепак негативен е тестот. Нов месец и нова надеж, се надевам ќе се радуваме со убави вести за родендените со ќерка ми во април
Се фаќам многу често како си читам искуства на членки од пред 1-2-3 години. Без разлика зошто таму ме однело пребарувањето јас ги читам исуствата и се заборавам листам по неколку страни. И така, ќе ја отворам членката и нејзиниот профил и гледам дека веќе е во темите Труднички муабети или Мајчински муабети - таква топлина ми доаѓа на душата. Наскоро се селиме сите ние во тие теми. Еве го пишувам ова со цел еден ден да се навратам на моментов. Ве поздравувам сите.
И јас истото го правам, некако полесно ми поминуваат тие TWO WEEKS WAIT со читање на патот на успешните приказни! Некако се полнам со позитивна енергија и си манифестирам. За брзо ситее да одиме во тие темии!
Pa mislam deka na site nas ni fali vo zivotot po edna rozeva Jas takov pozitiven chovek poln so ubava energiha nemam sretnatno. Ne sum vo 2 nedeli chekanje, ama ja proveruvam grupata za tebe i navivam za tebe (i za site ostanayu chlenki) i da ti dade Gospod dupla srekja za celata pozitiva shto ja vnesuvash i za site iskreni chestitki shto gi isprakjash. Kazi mu na mazot ti deka e mnogu srekjen chovek da te ima Xx
Булке не си свесна колку ми значат твоите зборови. Ме разнежни бре женче. Што би бил животот без енергија и емоција, нели ? Дај боже сите да се израдуваме, што поскоро, ова го посакувам повеќе од се на светов.
Позитива ми си! Од се срце ти посакувам што поскоро две цртки на тестот. И сите од групава ве чекам што поскоро во труднички да се дружиме.
Розевке, Јас за тебе си влагам во темава. Другите да не ми се налутите, со душа чекам сите да ве пречекаме во Труднички , па кај Мајките и бебињата. Ама тебе Розево како те чекааааам Јас силно верувам дека тоа што си посакувате, ќе се оствари Ви кажува бивш чекач на 2те недели и веројатно иден оти од прва кај нас не бива ама до тогаш да ве избркам сите за да дојдам на ред да чекам
Лелееее. Гушки до тебе! Пуштај ни baby dust!!! Лунке. Ти благодарам на убавите зборови. Доаѓаме натаму цел воз - следна станица, Труднички. Ама прво ајде фати тука испобркај не сите. Е баш сте ме наполниле со позитива. Зборовите и поддршката значат. Ве гушкам сите.
Многу сакам да ја имам твојата позитива. Но, секако не се откажувам. Јас па само замислувам кога ќе дојде моментот како ќе и соопштам на малата да ја изненадам. Се надевам брзо ќе ми се исполни. У принцип, јас сум нетрпелив човек и ова чекање ме убива... Она кога знаеш дека идеш кон нешто во нашиот случај ивф ама мораш да поминеш низ процедурите и чекаш. И така .. Уште недела ипол ќе се шлакнам. Иначе, кога ми ја правеа инсеминацијаата, додека лежев, две гулапчиња слетаа на прозор. Си викам можда е знак.... Мада јас не верувам во такви работи. Ама си се тешам.
Цветче зборовите се вибрации. Пуштај ги нека лебдат. Ти кажав, патов е трнлив ама на крај ќе се насмевнеме. Замислувај си како и кажуваш на кере - затоа што кога тогаш ќе и соопштиш. Не сум некој positivity guru, и мене животот ми ги покажал сите бои.. и сите ги сакам. Немам друго гледиште. Ќе ни се случи затоа што треба. Крај!
Да ви посакам на сите да се читаме во труднички Јас бев на преглед во 6та недела, засега е све во ред, видовме и срцева реакција. Се надевам дека и така ке си остане. Мене во оваа бременост многу рано ми почнаа симптомите и затоа и направив тест 5 дена пред добивање, најпрво имав менструални болки па изгубив надеж но два дена подоцна почна некој метален вкус во уста и затоа направив тест, после тестот почнаа мачнините во 5та недела не беа толку страшни но еве сега во 6та ми е баш мачно едвај функционирам насабаје и многу спијам. Слатки маки , се ќе помине, само да се бебињата живи здрави. Убав ден на сите
Сите лепотички тивки сме некако, безвезе период. Јас ја чекам госпоѓата црвена да дојде, нешто доцни со оглед дека имав и доцна овалуација месецов. Во меѓувреме, чекам со нетрпение да израдува некоја девојка со позитивен тест.
Јас сум во тие две недели по овулација, според календарот денес сум 11 DPO, ама симптомите ми почнаа некако прерано овој циклус, особено болката во градите, па не знам дали овулацијата ми била баш на денот што го покажува календарот или можеби порано. Инаку, баш се почувствува тишината периодов, веројатно и ситуацијата со Кочани си го прави своето... Се надевам дека наскоро ќе има некоја убава вест овде.
Еве ме. Само што го направив тестот искочи позитивен. Едвај чекам да се врати маж од работа да му соопштам
Лелееее честитки големи @MorskaSirena !! Да си имаш лесна и школска бременост. Ни го развесели Петоков, ма и неделава. Сега одмарај, гали меше, и фрлај ни baby dust.
Фала За одмарање тешко кога дома имам 4год џамбаз ама ќе се трудам колку можам. Иии ајде дај боже сите што сакате и планирате што побрзо да видите две цртки па да се дружиме во труднички муабети