Честитки!!! Да си имаш лесна бременост! И јас чекам да не ми дојдии 32 ден ми е од менс, ама мене до 34 дена ми иди така да ќе си почекам уште некој ден… А ПМС симптомите на најјако ми се пуштении.
И јас го правам истото, читам постари искуства и кога ке видам дека преминале во група нега за бебиња ми дава многу голема надеж и сила. Со среќа на сите нека биде ова наша година, јас собирам документи за ивф ♡
Мене градите почнаа да ме болат мн порано месецот кога останав бремена и општо сите симптоми на 11дпо попладнето имав позитивен тест
Женски, како сте? Јас: болка во јајник, често мокрење.. Сосем малце осетливост на гради(околу брадавиците, за ова не знам може и умишљам). Често мочам(ама мочла сум по природа) Малце повише ми се спие од вообичаено, ама и периодов рано станувам така да...
Супер сме и јас сум во таа ситуација втор ден “ми доцни”, не прам тест од причина шо неќам да се разочарам пак. Периодот ми беше стресен и мислам од тоа ми е, мочам често ама мислам дека сум преладена, градите страшно ме болат, јајниците, половината ии мислам во секој момент ќе ми пробие!
Мене ми е среда ден за недобивање, вторник две недели од втора инсеминација. Јас ќе чекам дали ќе доцни па ќе правам тест.
Една недела до денот за недобивање.. те ме болат премногу градите, те не ме болат.. буквално сум останата во вц и некои грчеви чувствувам во долниот дел од стомакот.. Иначе исто, планирам тест да правам ако ми доцни..
Драги феминки моето срце јуначко не издржа до утре сабајлее напрајв тест и по прв пат во мојот живот се појави бледа втора линија којашто на слика не се ни познава! Утре сабајле со прва утринска ќе пробам пак. Со сопругот гледавме и тој ја забележа ама ептен бледа, а се напрај по една минута…
Еве пак јас, со прва утринска напрајв два теста, двата по негативни неможеа да бидат.. Не знам.. Ќе одам да проверам преку крв и ќе се закажам на преглед.
Јас ако добро го гледам има бременост, над референтна 5, 3 ти е, може многу е рано. Ај консултирај се со матичен звони на тел. Не се стресирај.
Вака е позитивен е над 5 според референтните вредности.Почекај и повторија за 2 дена.Моментално е ниска,ама не значи дека нема да порасне
Докторката вели да одам на 02.04 ќе слушниме и срцева акција! Ви посакувам на сите да го доживеете ова чувство!