Во еурофарм има повеќе избор. И кај мене изгледа без успех, почнаа стандардните менструални болки како секој месец...
Ќе видиме ајде, сега ќе идам по упат. Искрено надеж немам, ама од кај знам.. Болки чат пат имам јас, те имам, те ништо не осеќам.. И така у круг класика.
@Цвет88 стискам палци за тебе! Се надевам и другите кои чекате деновиве ќе се израдувате! Да го затвориме месецот со убави вести!!!
Ништо и овој месец, само што добив и тоа 3 дена порано.. А баш со сопругот имавме толку надеж, дури и вчера тест купив и вечерта кога си дојдов ме пречека црвенава Тоа е тоа женски, одиме со нови сили во нов месец
Здраво девојки До каде сте другите што броите, како сте ? Ајде да го почнеме убаво месецов. Јас имам уште неколу дена до недобивање, денес 25ти ден од циклус. И овој месец почнувам да си ги осеќам пмс симптомите, несоница, болки во јајниците, воденикаст исцедок...
Добро утро. И јас сум на неколку денови од добивање, симптоми сеуште никакви, или ќе бидат ден пред циклус или месецов ќе помине без симптоми. Од друга страна немам некои симптоми кои би ги поврзала и со бременост, така да очекувам секако да добијам викендов.
Кај мене денеска-утре треба да си замине теткава со црвеново фустанче и почнуваме повторно.. Од овој циклус почнав и со пиење на фолна киселина, си ја земав на своја рака ама планирам и да посетам доктор за брзо да видам што е како е. Женски посакувам овој месец сите да си добиеме II цртки
Здраво девојчиња убави! Јас завршив со кломифен и почнувам со фоликулометрија од денес па да видиме како ќе се движат работите.
Навистина се надевам дека овој месец ќе ни донесе убави вести! Заедно сме во ова мила, со многу надеж!
Не сум се пријавила подолго време 8 ДПО сум, не осеќам некои особени промени, денес имав пад на базалната температура, се надеваам дека нема порано да добијам
Јас само да се пријавам дека утрово правев тест и негативен е. Знам дека не требаше предвреме да правам но пуста желба да се радуваме за мојот и роденденот на ќерка ми заедно но ништо. Денеска 28ми ден. Така да очекувам да добијам деновиве... Држам среќа на останатите
Кај мене денес 25 ден од циклус. Според календар требаше да добијам денес, ама бидејќи и овулацијата ми беше неколку дена покасно од тоа според календар очекувам недела-понеделник. Сеуште немам никакви ПМС симптоми. Забележав деновиве дека доста почесто ми се оди во вц, дури и станувам од сон, нешто што никогаш не ми се случувало. Исто се чувствувам изморена и без енергија. Појма немам дали може да се појават вакви симптоми толку рано, или сепак се должат на нешто друго, ама во секој случај месецов се чувствувам некако поразлично. Ќе го видиме резултатот за неколку дена.