Може може... Мојот прв симптом на бременост недела дена пред да треба да добијам беше поспаност... Ајде пуштам среќичка
Ајде некоја нека не размрда со две цртки Кај мене изгледа ништо и месецов, денес сум 12 дпо и од вчера вечерта имам малку розевко на бришење што ми е многу чудно зошто секогаш сум добивала 14 дена после овулација и не сум имала ништо претходно туку само ќе добијам дента и тоа е тоа, ама очигледно телово си поигрува со мене или па не израчунав добро овулација ама ја следев со базална така да прилично сум сигурна дека тогаш беше.. Не знам како и да е веќе ако доаѓа нека доаѓа и побрзо нека си оди.
Јас уште не добив. Денска 30ти ден. Чекам кај и да е да дојде бидејќи тестот од пред два дена беше негативен. Вчера си ја шинав кичмата и имам огромни болки што веќе незнам дали ги осеќам пмс симптомите. Градите наеднаш ми станаа подуени и осетливи а останатото се ме боли неможам да мрдам.
А да направиш пак тест? Јас пред да планирам бременост и овулација осеќав и точно знаев кога ќе добијам, ова сега порано покасно крајот не можам да му го најдам а следам плус Страшно, мора да се опуштам. И не знам што е ова со исцедоков толку рано да не имам па и некое хормонско пореметување веќе сегде ми оди паметот, на крај главата ќе ми се поремети
Исто и кај мене. Циклусот секогаш точен на 28-29 дена . Сега се ми се изремети. Тест имам но сега не ми паѓа на памет да го правам , евентуално утре ако не добијам.
Јас добивам на 31 ден , бледа црта добив на 30ти ден. Симтомите ми беа како тебе , да си направиш пак тест
Животот да ти се сведе на живот со темпо кое се мења на 2 недели. Тие 2 недели ми се најтешки, секогаш паѓам во искушенија за тест. Ова беше најчудниот месец. ПМС никакво - гради обавезно ме болат, имам и спотинг - сега ништо такво, ми доцнеше 2 дена и одма циклус без спотинг, обично ми најавува со спотинг ден претходно. Утре имам преглед, ќе прашам, ма да знам дека ништо нема да ми кажат, но пречудно месецов. Убаво ќе беше да се заврши со убаво, но тоа е.
Епа ајде здраво здраво од мене . До кај сме, што сме, броимее? Вчера бев на доктор, фоликул пред пукање(малце порано овој месец), па се фативме со сопругот за работа веднаш уште вчера . Единствено и само вчера можевме да бидеме активни, од денес па натаму тој е веќе на пат. Дали сме фатиле нешто, дали не сме фатиле ќе кажат наредни макотрпни 2 недели, макар што и немам многу надеж Испраќам среќа на сите што си броиме овој месец. ПС - преку стикерчињава проценете какво ми е расположението
Здраво и од мене девојчињаааа! Примена синоќа стоп инекција ииии одиме утре на инсеминација. Ајде со Господ напред само. И за мене ќе бидат овие 2 недели нетрпеливи, ама кога ќе ми текне дека Велигден доаѓа, па некако ќе поминат брзо. Иде убав период мене така ми мириса. @Gaia_25 , @Rosass, @*Ива стискам палци!
Ти ја пуштам цела среќа на светов... И да се израдуваме за две недели. Јас денес ќе идам на консултации во мон бебе па ќе видиме што ќе ни кажат. Дали ќе правиме уште инсеминации или ќе пробаме со мислење за лош спермограм.
Јас месецот кога забременив само 2 пати имавме односи со маж ми, дури не ни сакав некако од што веќе преку глава ми дојде тој притисок, нит овулација ништо не измерив, и оп бремена. Кога најмалку очекуваш ќе биде.
Никогаш не замислував дека толку макотрпен е патот за бебче.. инаку не ни мерам овулација, се базирав на My Tracker, одприлика на 11 ден после завршување на циклусот ми пишуваше дека е овлуација. Случајно вчера на преглед видов дека имам порана овулација. Инаку навистина некогаш доаѓа преку глава, и самиот притисок што си го чувствуваме си ја брка работата.. не за џабе ми кажа вчера докторката, ослободиси го умот, ама ослободиго де да те видам
Борба за живот во малце поинаква смисла на зборот ти е ова. Ама кога ќе дојдат тие две црткиии.. се ќе се исплати. Ситно броиме до целта!
Женски ќе ве замолам за совет. Дали е можно да ми доцни од болкиве што ги имам заради повреда на кичмата или нема врска со циклусот тоа? Тестот негативен од пред еден ден, гради подуени и болни на допир, стомакот паралелно боли со кичмата, исцедок воденикаст. Да не имам циста некоја?
Следи си овулација со тестови за овулација и со гинеколог затоа што апликациите не покажуваат точно.Кај мене според календат на 14 ден од циклус а според тестовите и цервикалнат слуз на 17 ден.
Може ли некој да прати или каже целосно упатство за користење тестови за овулација, хаос ми е во глава од читање не можам ред да фатам