Почни да се тестираш од 9 ден од циклус, доколку не си сигурна сабајле и навечер дур фатиш кој ден ти е. Упатството вика дека според тоа колку дена ти е циклусот треба да израчунаш кога би настанала овалуацијата, ама не е секогаш така. Имаме рани, доцни овалуации многу од нас. Затоа најдобро е од 9 или 10ти ден да се тестираш секој ден за да го фатиш пикот.
Јас да се пријавам дека утрово сепак добив на 34ти ден. Почнува розевкаст исцедок на бришење. Минатиот циклус беше чуден и краток ќе видиме сега што ќе се случува. Одиме одново овој месец.
Женскии живи сте?? Еве мојата една недела чекање завршува денес.. Симптоми? Не знам дали се имплантација или имагинација Расположение меѓу "секако сум бремена" и "ама сигурно не сум". Чистам по дома како улава, ја чистам куќата, ја чистам нервозата и се обидувам на останам смирена колку што можам.. Јас инаку 7ДПО, одбројуваа некоја со мене?
Живи живиии.. Пиши бриши правам од прееска. Истото расположение го делиме. Инаку тука некаде сме, 5ДПО сум. Се надевам по брзо ќе ни летнат деновите.
Еве и јас да се пријавам од сите плодни денови што ми ги пишуваше на апликацијатаа, сите бевме активни!! 22ри април ден за недобивање. Ќе медитирам до тогаш!
Јас бев убедена дека сум трудна и почнав со тестови од 8 дпо , беа негативни и се напињав , зашто негативни кога сум трудна Ајде ситно броиш и ти посакувам успех
Хахаха, ама сте биле активни! Ние само еднаш имавме и тоа случајно бев на гинеколог па ми кажа дека имам фоликул пред пукање. Нешто многу шанса немам ама ајде никад се не зна. Сега само чекам да видиме што ќе се случи! Ти посакувам многу среќа! Знам какво е тоа – иако не правам тестови, цело време се напињам со сите симптоми и ги гледам сите знаци. Сега само чекам и се надевам на најдобро. Ти посакувам многу среќа!
Знам какво е тоа – иако не правам тестови, цело време се напињам со сите симптоми и ги гледам сите знаци. Сега само чекам и се надевам на најдобро. Ти посакувам многу среќа![/QUOTE] Фала ти , јас после 12 години денес го слушнав срцето на моето јуначе Кога ќе биде едноставно осеќаш и знаеш дека е тоа тоа
Ај пак јас.. Тивки ми сте некако - да ве размрдам, ни следи убав, празничен период. 9ДПО денес, и секој ден нова драма! Од вчера сум со чудни грчеви од левата страна (каде што ми беше фоликулот) - како во овулација, ама знам дека одамна помина таа фаза. Денес цел ден ме тегне таму и имам грчеви интензивни и гласни , па не знам дали да се надевам на имплантација или ми се шегува организмот. Секрет речиси и да немам веќе, градите тивки, душата гладна и нервозна! Овие денови ни се полни со емоции, чекање, надеж, следи Велигден - еден од најубавите празници што ги носи светлината, обновата и мирот во душата. Си посакувам и себе и на сите вас овој Велигден да ни донесе радост, убави вести и моменти кои си ги чекаме
Ама стварно сме тивки еј.. упрпани некако со измешани емоции. Јас за симптоми не ни коментирам, си подиграле со мене неколку пати и ич не ти вртам сега! 8дпо сум, и како што кажа @Radana има да медитирам до 14дпо. Со нетрпение го чекам Велигден, нашиот најубав празник! Верувам дека вакви денови освен позитивна енергија ништо друго нема, па и сонцево што ѕирка, абееееее мераци! Девојки или го фаќаме последниов воз 2025 или зимаме еден ЈАК залет за 2026, нема друго. Пуштам среќичка и посакувам сите да закачиме по еден позитивен тест наредна недела (и таа после неа)
Јас сум пак евентуално. Чекам уште некои резултати за да поднесам за ваучер па ќе видиме. Измешани чувства, од друга страна едвај чекам да видам исход. Е арно ама, ми најдоа кандида во вагина, друго ништо нема.. па се мислам сега за ваучерот. Крвната ми е супер јухууу здрава сум, добро де малце памето. Може не е... Докторката вика лош е спермограмот ама па и не е така лош, има доволно за ивф . И така...
Ааа инат сум јас невиден... Само прашувам, барам, вртам по броеви кај ми текне.. Докторкава за ивф вика што сакам вака кога пациентите си знаат се... Јас како се борам и носам со се да не кажувам, во моментов водам две борби, и во двете ќе успеам. Можам и морам!!!
Баш така! Ние жените сме неверојатно силни – и кога најмалку чувствуваме дека сме, токму тогаш најмногу блескаме. Борбени, истрајни и со срце полно љубов. Секоја од нас си носи свој товар, но и своја сила. Ќе успееме – затоа што можеме, затоа што мораме, и затоа што сме ЖЕНИ!
Што направивте девојки, има новости? Јас денес бев 12 дпо (утре треба да НЕ добијам) вчера правев тест лабоквик позитивен, денес правев self clear негативен. Измешани чувства имам не знам што да очекувам веќе.
ХеллоОуу девојкии!! Јас уштее два дена имам за чекање иии нормално еве си чекам! Одлиично поминат празничен викенд со фамилијатааа, како си ти?? Јас ти предлагам утре сабајле да си напрајш бетаа и да си се закажиш на гинеколог! И секако да не известишш после тоа!! Среќно!
Оф колку би сакала да можам да испитам ама за жал прееекнап сум со времето! Редовно одам кај гинеколог секогаш е фул и се закажува 4 недели однапред Со мене и мм е се во ред испитано е а пак како да кочи нешто Со првото се фати на прва без проблем а сега.. ке си почекаме хаха а баш се израдувавме вчера со позитивен тест и денес негативниот ме дотепа ( не му кажав се надевам дека е лажно негативен).