Одлично сум! И јас имав преубав викенд, брзо летнаа деновите. И јас имам уште ден-два, се мислам сеуште дали да правам тест. Повтори го тестот повторно денес, или па најдобро бета. Држиме среќичка за позитивен.
Убав празник, убави денови, убаво си поминавме Како си ти? Како оди броењето? Јас денес сум 14дпо и имам стандард симптоми како пред добивање (грчеви, жештини и морници, болка во долниот дел од стомак, градите..), се зезнав ајде реков неделата убав ден, убав празник па станав направив тест, тоа беше на 12дпо и секако дека излезе негативен... ии сега си чекаме да стигне дотична
Исто и јас сега сум со такви симптоми грчеви, болки како пред добивање што со првото дете ги немав. Сега и јас ке си чекам..
Aххх таа дотична проблеми прави само... ќе ја избркаш нареден месец! Инаку добра сум одлична. Броењево се правам демек не бројам. Медитирам. Утре ми е 14 дпо. Не сум спремна за тест некако. Имам грчеви некои и таква нелагодност ама не ги зимам во обзир, не верувам на симптоми. Чудно се осеќам, топло ми е премногу. Ако се натерам утре ќе направам, ако не ќе си почекам. Другите до кај сте, не се изјаснивте?
Леле и јас имам така некој жештинии.. Градите не ме болат многу и немам грчеви.. Немам некој симптоми изразении за менструација! Ии едвај се воздржвам тест да не напрам.
Јас направив пак тест прееска-лабоквик и излезе негативен.. Денес/утре треба по правило да добијам имам болки и си чекам..
Не секогаш се точни тестовите. Мислам дека не станува збор за биохемиска, па и бетата веднаш не паѓа. Ќе си имала барем бледа линија.
Јас минатиот месец имав биохемиска го рачунат како спонтан абортус ии исто така ми покажа позитивен и наредниот ден негативен. Напрајв бета беше окулу 8000 па прокрварев, па напрајв пак беше окулу 2000 и по два дена 0,5.
Еве чекам да добијам требаше денес ама уште нема ништо.. Бета немам испитувано немав време денеска ама ни утре не планирам џабе стресови ке си почекам уште некој ден ако не добијам тогаш ке испитам.
Јас имав бледа розе линија во недела дури денес требаше да добијам, рана бременост. Ама ме чуди зарем со години наназад користам лабоквик ми се нема случено ни евапорациска да видам камо ли чиста бледа розе линија...
Не знам дали е до тестот или брзо пред тоа се случила имплантацијата и хцг-то е било ниско и брзо паднало..
Женски ќе полудам 15-16 дпо, сеуште немам добиено.. чувствувам секој момент како да ќе добијам и пак нема ништо.. не знам што да правам.. на 12 дпо тестот беше негативен, па ми е страв сега пак да се тестирам
Па подобро напрај еден да не го мислиш и да не си прајш дополнителен стрес. И јас напрајв еден сабајлево негативен беше. 12 дпо ми беше вчера така да мислам дека ако имаше нешто ќе покажеше тестот.. Имам фора за добивање или недобивање до петок јас!
Бременоста се смета од прв ден на циклус, ама на пример бетата како ќе оди од денот на овулација ли, кога си знаел кога ти е овулација? На пример со покасна овулација нормално и бетата ќе биде пониска, како ќе му дојде ова На пример 5 та недела бременост а бетата пониска за една недела, ако си имал покасна овулација? Јас и мојта логика каша попара
Со првото кога бев трудна мислам дека ми рачунаа од можна овулација. Ама ако се дуплира на 2 дена немаш гајле може имплантација подоцна да се има случено до 10дпо.
Девојки денеска сум 15дпо уште повеќе ми се гади, немам веќе болки како пред добивање а требаше уште вчера да добијам. Не сакам да се тестирам ке си почекам до крајот на неделата ако не добијам ке проверам бета.